Пресреќна што по 17 години излегла од бракот со скржав маж! - Канал 5

Пресреќна што по 17 години излегла од бракот со скржав маж!

Жаклин Пелц по 17 години брак се развела од сопругот Стенли кој бил толку скржав што не дозволувал никакво украсување или подготовки за Божиќ. Мислел дека тоа е само непотребно фрлање на пари. Жаклин вели дека разводот и е најубав подарок за Божиќ!

Пресреќна што по 17 години излегла од бракот со скржав маж!
Овој Божиќ таа ќе го прослави со своите деца, Патрик (16) и Семјуел (14) , и за прв пат слободно може да си купи празнични сијалички!

Jacquie (right) with her sons Patrick (left) and Samuel (centre).The final straw came for her when her husband Stanley refused to join them for Christmas dinner

- Стенли беше вистински скржавец. И се уште е! Јас толку многу го сакам Божиќ а тој секогаш велеше дека да се украсува на овој ден е обично фрлање на пари. Не било само тоа проблем во нашиот брак, но разликите меѓу нас беа највидливи на овој празник. Кога годинава купував сијалички да ја украсам куќата заедно со моите синови, плачев од среќа - вели 52 годишната Жаклин.

- Ние за Божиќ ја украсувавме елката со украси залепени со селотејп, не дозволуваше да купиме мисирка - јадевме пиле, сијаличките според него беа„ трошок кој ќе ја вивне сметката за струја до небо“ а јас не смеев да направам домашна божиќна пита бидејќи состојките биле скапи, поефтини биле готовите пити.

Жаклин вели дека долги години нивниот брак не функционирал, но пред другите се однесувале како се да е во совршен ред.

- Мислам дека ми беше страв да признаам дека живеам во неуспешен брак. Кога го родив првото дете го продадов мојот бизнис и сметките паднаа на сопругот, и тогаш се виде колку е скржав. Не дозволуваше да им купам нешто поскапо ни на децата, „да не ги разгалам“. Дома не смееше да ни дојде никој. Одлуката падна на Божиќ 2012 - тој забрани гости, и наместо празникот да го поминеме како семејство лежеше на каучот со чаша кафе во раката. Не седна со нас ни на вечера. Тогаш децата се побунија - вели Жаклин.

Веќе во јануари се преселиле со децата кај нејзината сетстра и почнала постапката за развод. Божиќ 2013 го поминале со неа, а годинава за прв пат се сами во нивниот нов дом.

- За празникот си дозволивме и спа третман сите тројца, купивме се ново, пресреќни сме - вели Жаклин.

- Најголемиот подарок за мене е што си признав дека живеам во брак без љубов и излегов од тој брак - вели 52 годишната Британка.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Кошаркарите на Јута ги совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 109:97 во изминатата ноќ, а во преден план повторно изби Лука Дончиќ.

Видео: Дончиќ повторно во „судир“ со судиите

Но, не поради играта на теренот туку поради расправии со судиите. Сè започна на полувремето, кога словенечкиот ас дофрли нешто кон еден од судиите, кој се сврте и го праша: „Што рече?“. Сепак, Дончиќ не реагираше на тоа, туку едноставно продолжи кон соблекувалната.

Напнатоста меѓу Дончиќ и тројцата судии продолжи во третата четвртина, кога на клупата на Лејкерс ѝ беше досудена техничка грешка. Тогаш Дончиќ се сврте кон Даника Баруда и можеше да се слушне како вели: „Не се работи за тебе“, на што му беше одговорено дека не знае кога да застане.

Целата оваа ситуација лошо влијаеше на Дончиќ, поради што Лејкерси без вистинскиот Лука беа поразени од Јута. Езерџиите на тој начин ја прекинаа низата од девет победи, а Јута неочекувано го забележа само трет триумф во сезоната.

YouTube video

Гостите ги предводеа Кијонте Џорџ со 30 поени и Ејс Бејли со 19 поени. Лука Дончиќ го заврши натпреварот со 29 поени, но не успеа да пронајде ритам во шутот, погодувајќи само два од 12 обиди за три поени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI

Началникот на Генералштабот на Армијата на состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative)

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, утре во Тирана, Република Албанија, ќе учествува на редовниот годишен состанок на началниците на генералштабовите на земјите членки на Иницијативата за соработка во одбраната – DECI (Defence Cooperation Initiative).

На состанокот ќе присуствуваат и високи воени претставници на НАТО и ЕУ, меѓу кои заменик-командантот на Здружената команда на НАТО во Неапол, командантот на мултинационалните копнени сили, командантот на КФОР и командантот на ЕУФОР.

Во фокусот на дискусиите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици во регионот, воената соработка во рамките на DECI и НАТО, како и можностите за продлабочување на одбранбената соработка и заедничките обуки.

За време на работните сесии, генералот Лафчиски ќе има свои излагања во кои ќе ја потврди посветеноста на нашата држава кон колективната безбедност и улогата на Армијата во рамките на оваа иницијатива, како сигурен партнер во зачувувањето на мирот и стабилноста на Балканот.

На крајот од конференцијата ќе се утврди динамиката за следните заеднички проекти, а началниците на генералштабовите ќе потпишат заедничка изјава за соработка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града

 „Профундис“ од Скопје и „Камерата“ од Нови Сад вечерва за првпат заедно на сцената на Македонската филхармонија, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ

Вечерва на сцената на Македонската филхармонија два оркестра, два града

СКОПЈЕ, 19.11.2026: Вечерва, во 20:00 часот, во Големата сала на Македонската филхармонија, Камерниот оркестар „Профундис“ од Скопје и оркестарот „Камерата“ од Нови Сад ќе настапат како еден голем музички состав, под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ.

Музичарите од двата града ја споделуваат сцената во изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Наместо два ансамбли што настапуваат еден покрај друг, публиката ќе слушне една музичка целина, изградена од искуствата, изведувачките сензибилитети и уметничката енергија на двата оркестри.

„За мене, посебната вредност на овој концерт е во тоа што на сцената нема да имаме два оркестри кои само настапуваат еден покрај друг, туку два ансамбли кои преку заедничката работа создаваат една музичка целина. Соработката со Камерата ни овозможува да го прошириме музичкиот простор, да ја почувствуваме силата на поголемиот ансамбл и да создадеме изведба во која оркестарот е вистинскиот главен актер. Верувам дека публиката ќе ја препознае енергијата, посветеноста и музичката комуникација што стојат зад овој проект“, вели маестра Ѓурѓица Дашиќ, основач и диригент на „Профундис“.

Вечерната програма обединува четири дела од различни епохи и стилови. Публиката ќе ја доживее возвишената и полифонична звучност на „Фантазија на тема од Томас Талис“ од Ралф Вон Вилијамс, ритмичката динамика и современиот израз на „Последен круг“ од Освалдо Голијов и „Свита за гудачки оркестар“ од македонскиот композитор Стојан Стојков, а вечерта ќе ја заокружи темпераментната и виртуозна „Свита Кармен“ од Жорж Бизе, во оркестарска обработка на Родион Шчедрин.

Од суптилноста на музичките линии до ритмичката енергија и драматичните контрасти, секое дело носи поинаков предизвик и ја покажува ширината на изразните можности на заедничкиот ансамбл.

Со ваквите проекти, „Профундис“ продолжува да ја развива својата уметничка мисија, да воспоставува меѓународни соработки и да ја збогатува концертната сцена со внимателно осмислени музички продукции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер