Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
1Ќерката на Мајкл Џексон бара 600 милиони долари од оставината на нејзиниот татко, 17 год. чека за исплата
2Мегин Кели со критики кон Никол Кидман поради фотографиите во „Вог“: „Имаш 60 години; нема потреба да се облекуваш како мојата 15-годишна ќерка“
ЖивотПреспанското езеро и натаму драматично се повлекуваВодостојот на Преспанското Езеро се намалува. Причина се климатските промени, човекот со користење на водите од реките притоки на езерото за наводнување и хирдороцентрали. Нова закана е загадување на езерото од неправилно фрлање на отпад од овошатарниците и хемиски отпад. Под мотото "Преспа -Разбуди се за чиста животна средина " во организација на Институтот за комуникациски студии и „Еко герила Преспа“ поддржано од ЕУ почнува кампања за заштита на езерото и прескпанскиот регион. Климатските промени го сушат Преспанското Езеро. Водостојот на езерото се намалува, само калта како сведок потсетува на намалените ниските колични на дожд и снег. И човекот е на списокот фактори користењето на водата за системите за наводнување од страна на Грција, Македонија и Албанија, како и користењето на водите од реките кои се влеваат во езерото за хидроцентрали. Екологистите и земјоделците стравуваат дека со повлекувањето на езерото се заканува еколошка катастрофа на езерото. Но, најголем страв е дека треба итни мерки за заштита на намалениот водостој на езерото од загадување од отпадни води од септичките јами и фрлањето на отпад во реките кои се влеваат во езерото и го загадуваат. Марија Крлепуровска е адвокат, но традиционално го работи овоштарството. Таа е позитивен пример млад човек, сака да остане во родниот покрај адвокатурата таа останува верна на традицијата во ресенски крај и одгледува јаболка. „Колку побрзо сите земјоделци користат органски супстанци за прскање толку во иднина ќе оставиме здраво езеро и чиста животна средина“, раскажува Марија Крлепуровска. Градоначалникот на општина Ресен Јован Тозиевски објаснува дека нема потврда за зголемена количина на пестициди во езерото. Но, она што треба е итно регулирање на целиот отпад во општината. „Премногу се скапи пестицидите за да се фрлаат, но она што останува проблем е ниската свест на начинот на одлагање на отпадот од амбалажата од пестицидите“, изјави Јован Тозиевски градоначалник на општина Ресен Од хидробилошкиот завод Охрид објаснуваат дека потребна е едукација на земјоделците во делот на одложување на органски отпад и пестициди, фекалните води и чистење на мртвите трски. Она што е позитивно е што општината вложува во изградба на прочистителни станици што се најважни за чисто езеро. „Органското загадување, којшто во себе го вклучува и фекалното загадување од комуналните води од домаќинствата, како и нутриентите азотот и фосфорот кои се во езерскиот еко систем го збогатуваат езерто со нутриенти органски материи. Сето ова го искористува важниот елемент кислородот и доведува до безкислородни услови. А без кислород нема опстанок на живиот свет во еден еко систем“, објасни д-р Елизабета Велјановска Сарафилоска Од министерството за животна средина за Канал 5 потврдија дека моноторинг на квалитетот на водата во делот на загадување од пестициди не се врши континуирано и нема информација дали ваков тип на мониторинг во моментот спроведува некоја институција. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КултураВечерва се отвора 26. Скопје филм фестивал: Филмската елита пристигнува на црвениот тепих пред МНТВечерва, во Македонскиот народен театар (МНТ), официјално ќе биде отворено 26. издание на Скопје Филм Фестивал, кое годинава носи модернизиран концепт, збогатена програма и силно меѓународно присуство. Програмата започнува во 19:30 часот со дефилето на црвениот тепих, каде што ќе пристигнат голем број филмски автори, актери, гости од странство и истакнати културно-уметнички дејци. Почетокот на официјалната церемонија е закажан за 20:00 часот. Во рамките на отворањето, за првпат ќе биде доделена фестивалската награда „Златна Скополија“ за исклучителен придонес кон светската кинематографија. Оваа година признанието им припаѓа на полските автори: режисерката Малгоржата Шумовска (Małgorzata Szumowska) и снимателот и режисер Михал Енглерт (Michał Englert). По доделувањето на наградата, фестивалот ќе биде отворен со проекцијата на нивниот најнов филм „ИДИОТ(и)“ (The Idiot(s)), во кој главните улоги ги толкуваат Џони Флин и Ејми Лу Вуд. Годинашното издание на фестивалот привлече истакнати професионалци од европската и регионалната филмска индустрија. Во Скопје веќе престојуваат членовите на меѓународното жири и на Фестивалскиот совет: британскиот филмски критичар и селектор Филип Бергсон (Philip Bergson), британскиот продуцент Стив Абот (Steve Abbott), регионалниот продуцент Мирослав Могоровиќ (Miroslav Mogorović), српскиот режисер Павле Вучковиќ (Pavle Vučković), германската филмска селекторка Даниела Вебер (Daniela Weber), како и македонската актерка и продуцентка Лабина Митевска и режисерот Даријан Пејовски. Помеѓу специјалните гости на церемонијата, се очекува и присуството на познатиот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ. Заедно со нив, на фестивалот ќе присуствуваат и авторите кои лично ќе и ги претстават своите остварувања на скопската публика: Халкавт Мустафа (Halkawt Mustafa), режисер на филмот „No Paradise If You Are Killed by a Woman“; Лоренс Фахардо (Lawrence Fajardo), режисер на филмот „Silenced Nights“; Димитрис Накос (Dimitris Nakos), режисер на филмот „Life in a Beat“; Габор Холтаи (Gábor Holtai), режисер на филмот „Feels Like Home“; Сузане Хајнрих (Susanne Heinrich), режисер и сценарист, и Марчело Бусе (Marcelo Busse), кои го претставуваат филмот „The Miserable Mother“. Во деновите што следат, од денес до 9 ноември, Скопје Филм Фестивал ќе понуди исклучително богата и разновидна филмска програма исполнета со премиери на истакнати авторски остварувања, фестивалски фаворити, динамични филмски разговори и ексклузивни мастерклас сесии со предавачи-гости. Фестивалскиот Центар е лоциран во Младинскиот Културен Центар, додека проекциите ќе се одвиваат на две препознатливи културни локации во градот — Македонскиот народен театар (МНТ) и киното „Фросина“ во МКЦ. Билетите за сите проекции, вклучително и за свеченото отворање, се веќе достапни во продажба преку мрежата на MK TicketsТагови: Скопје филм фестивал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
СветПрва реакција на Москва на резултатите од изборите во САДСергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави.Насоката на надворешната политика на Русија – вклучително и нејзиниот став за решавањето на украинското прашање – не е диктирана од тековните политички околности, ниту пак зависи од политичките промени во други земји, изјави заменик-шефот на руското Министерство за надворешни работи. Сергеј Рјабков ги коментираше резултатите од среднорочните избори во Соединетите Држави. „Да ги почекаме конечните резултати. Ставовите на претставниците на Демократската партија кон Русија се изразито негативни. Во тоа нема ништо ново“, изјави Рјабков за „Спутник“. Тој го даде овој коментар како одговор на прашањето дали резултатите од среднорочните избори би можеле да ги искомплицираат односите со САД, особено во однос на решавањето на украинското прашање. „Нашиот принципиелен и доследен став за Украина, како и нашата надворешна политика во целина, не се диктирани од тековните политички околности и, природно, не зависат од политичките промени во други земји. Ќе постапуваме во согласност со насоките на претседателот на Русија“, заклучи Рјабков. Според прелиминарните резултати и проекциите, демократите излегоа како победници на среднорочните избори во САД, одржани на 3 ноември. Во јануари, тие ќе обезбедат мнозинство и во Претставничкиот дом и во Сенатот на американскиот Конгрес, со што ќе добијат контрола врз двата дома на законодавниот орган. Извор: Б92Тагови: москва Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее Фабриката на предизвикување страв и паника на СДС, под водство на Филипче нема да успее како што не успеа ни за мигрантите, ни за водата, ниту за пензиите.РЕАКЦИЈА НА ПРЕСКОНФЕРЕНЦИЈАТА НА ВЕНКО ФИЛИПЧЕ СДС и Венко Филипче никако да ја напуштат матрицата да ја користат која било тема и состојба во државата со кревање хистерија да предизвикаат страв и паника кај граѓаните. Така беше со темата мигранти во Македонија, со водата во Гостивар, следно ширеа паника дека водата за пиење во Скопје е небезбедна, потоа дека ПИОМ бил загрозен, а пензионерите нема да можат пензиите да си ги земат и што ли уште не. Сега најново се фатија и за состојбата со банкарскиот систем, како нов обид за да стигнат до медиумски простор и да спечалат некој беден политички поен, зошто со план, програма и понуда до граѓаните, очигледно не можат. Ниту банкарскиот систем во државата е доведен во прашање, ниту незадоволство има, ниту немир или паника. Единствено СДС и Венко Филипче сакаат вештачки да предизвикаат немир и паника кај граѓаните и нивна недоверба во банкарскиот сектор и државните институции. Нафрлените тези на Венко Филипче во завиена прашална форма не го спасуваат од одговорноста за обидот да креира страв, паника и несигурност кај граѓаните дека им се загрозени парите. Државата, вклучително и Народна банка ги преземаат сите мерки за заштита на интересите на државата, граѓаните, штедачите, инвеститорите. Фабриката за креирање страв и паника на СДС, под водството со Филипче нема да успее, како што не им успеа ни со мигрантите, ни со водата, ниту пак со пензиите. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаско на Трамп и републиканците, демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00