Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
1Песков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “
2Јанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза
МакедонијаПреспанските овоштари задоволни од цената на јаболкатаЦената на конзумното јаболко е добра. Владата денеска на седница треба да одлучува за интервентна мерка од три денари за килограм индустриско јаболко, информира за МИА претседателот на Здружението на овоштари во Преспа, Љубе Пампулевски. Според него, цената за прва класа јаболка се движи од 12 до 15 денари и бележи благ пад од почетокот на бербата кога била меѓу 16 и 18 денари по килограм. - Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски. Земјоделската задруга „Крани“, каде е потпретседател, Пампулевски информира дека имала договор со откупно-дистрибутивниот центар „Ејпл ленд“ за 1.000 тони јаболка од сортата ајдарет по цена од 15 денари. - Во бербата јаболката имаат максимална тежина. Истиот ден се ставаат во гајби и се носат во ладилникот, при што не се губи на килажа, ниту на квалитет, а цената е одлична, вели Пампулевски. Досега, појасни, биле доставени околу 850 тони и за два до три дена ќе ја испорачаат договорената количина. Во Преспа годинава се очекува над 130.000 тони јаболка, од кои речиси половината се оштетени од град, кој неколкупати го зафати регионот. Досега, Владата субвенционираше индустриско јаболко предадено во македонски капацитети, но поради големите количини и малите преработувачки капацитети во државата, кои може да откупат 15 до 20 тони, овоштарите бараа субвенционирање и на остатокот што ќе оди за извоз, најчесто во соседните земи. /МИА.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПесков : „Сè уште не сме разговарале за за можната номинација на Орбан за генерален секретар на ОН. “ Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека за време на последниот телефонски разговор, рускиот лидер Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп не разговарале за можната номинација на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан за генерален секретар на ОН. Вака портпаролот на Кремљ одговорил на прашањата во врска со медиумските извештаи дека американската администрација го промовира Орбан за оваа функција. Песков исто така напомена дека „доколку се појави таква кандидатура, таа ќе биде разгледана“. „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на извори од три земји, објави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп го предложила Орбан за генерален секретар на Обединетите нации. САД го повика поранешниот премиер на Унгарија, Виктор Орбан да се кандидира и го охрабрија да го стори тоа. Планот во моментов чека конечна одлука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалJан Облак стана татко, неговата свршеница тенисерката Олга Даниловиќ роди синСрпската тенисерка Олга Даниловиќ се породи и доби син. Таа и нејзиниот свршеник,ѕвездата на Атлетико Мадрид, словенечкиот голман Јан Облак, уште претходно го избраа името Максим. Олга направи долга пауза во кариерата поради бременоста, а последниот натпревар го одигра на 4 февруари на еден турнир во Романија. Србинката падна на 390-тото место на ВТА-листата, но, се разбира, тоа сега не е важно. Олга Даниловиќ и Јан Облак се во врска од 2023 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фазаАктивностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед.„Реконструкцијата на спортската сала во СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ влегува во завршна фаза! Активностите за реконструкција на спортската сала се одвиваат согласно предвидената динамика, а просторот добива нов, современ и функционален изглед. Со поставување нов спортски под, уредување на ѕидните површини, модернизација на осветлувањето и подобрување на системите за греење, вентилација и противпожарна заштита, се создаваат услови за поквалитетно, побезбедно и поудобно одвивање на наставата по физичко образование и спортските активности. ✔️ Со инвестиција од 4.200.000 денари, Општина Кавадарци продолжува да вложува во подобрување на училишната и спортската инфраструктура, ставајќи ги потребите на учениците во преден план. 🏫 Уште еден значаен чекор кон создавање современи услови за младите, нови можности за спорт и подобра училишна средина. Продолжуваме со посветена работа и конкретни резултати за подобра иднина на нашите ученици!“- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook