АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗабаваПреслатко куче не ѝ дозволува на сопственичката да седне покрај своето момче (видео)„Упорно ми го краде партнерот...“ Ова куче од расата златен дудл секогаш наоѓа начин својата сакана сопственичка Кет да ја раздели од нејзиното момче. Изразот „љубоморен како пес“ не настанал тукутака. Овие животни се бескрајно верни, но не дозволуваат некој друг да биде поважен во животот на нивните сопственици од нив самите. Во прилог на ова сведочи и ова куче од расата златен дудл, која е мешавина на златен ретривер и пудлица. Имено, ова куче е исклучително приврзано за својата сопственичка Кет, но уште повеќе за нејзиниот партнер, па се обидува да ја придобие неговата љубов. Неговото име е Оливер и тоа е голема ѕвезда на социјалната мрежа Тикток, каде неговата сопственичка Кет редовно објавува видеа во кои тоа многу често се однесува како човек. Оливер стана популарен на Tикток по неговите реакции секој пат кога ќе им се придружи момчето на неговата газдарица. Ова преслатко куче не ја крие љубомората, па не ѝ дозволува на Кет да седне до нејзиното момче. Оливер секогаш доаѓа помеѓу нив двајца, ја турка Кет или воопшто не ѝ дозволува да биде во близина на партнерот. На видеото што го сподели Кет, се гледа како кучето влегува во автомобилот и решава да седне на совозачкото седиште, додека Кет нема друг избор освен да седне одзади. Возачот, нејзиниот партнер, сакал или не сакал, мора да му го посвети целосно внимание на Оливер. Девојката се откажува од обидот да го смести Оливер на задното седиште, па тројцата продолжуваат да се возат со гордиот Оливер на предното седиште кој го допира нејзиниот партнер со шепата додека тој вози. Ништо подобро не е ни во домот каде што живее Кет со своето милениче. Во моментот кога нејзиниот партнер доаѓа на гости и седнува на каучот, Оливер се прилепува за него не дозволувајќи ѝ на Кет да седне до своето момче. Девојката овој пат решава да биде поупорна, па нежно се обидува да го тргне Оливер, но нејзиниот миленик не покажува никаков знак дека ќе ја послуша. На крајот, Кет се откажува и го остава кучето да седи до нејзиното момче. За кратко време видеото собра повеќе од 11 милиони прегледи, а коментарите само се нижеа. - Оливер веројатно си мисли: „Ова е толку непријатна ситуација... Кој ли ќе ѝ каже на Кет дека таа всушност е „послена дупка на свиралото“? - Оливер е непобедлив. Секој треба да знае каде припаѓа! - Кет нема многу избор, се знае кој е главен – се шегуваат корисниците на Tикток кои го гледале ова видео. @agirlandadoodle I can’t compete #dogs #dogtok #foryou #dogsoftiktok #funnydog ♬ Monkeys Spinning Monkeys - Kevin MacLeod & Kevin The Monkey Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter