Пресконференцијата на градоначалникот на општина Прилеп за проекти - Канал 5

Пресконференцијата на градоначалникот на општина Прилеп за проекти

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека Општина Прилеп во следниов период започнува нова, значајна развојна фаза!

Пресконференцијата на градоначалникот на општина Прилеп за проекти

Драги сограѓани,

Со особено задоволство сакам да ве информирам дека Општина Прилеп во следниов период започнува нова, значајна развојна фаза!

Во Владата на Република Македонија минатата недела официјално ги потпишавме договорите за реализација на проектите што ги поднесовме преку јавниот повик на Министерството за локална самоуправа за 2025 година. Со ова, Прилеп обезбедува нови инвестиции во вредност од приближно 8 милиони евра, насочени кон капитални проекти со директна корист за граѓаните.

Во наредниот период следуваат:

Реконструкција на дел од плоштадот „Методија Андонов – Ченто“,

Изградба на нов мост на ул. „Победа“,

Реконструкција на влезот на градот од правецот на Македонски Брод – ул. „Орде Чопела“,

Целосна реконструкција на ул. „Трајко Николоски“ со нови електроинсталации,

Нови детски игралишта во центарот – зад Участакот – и во населбата Типски,

Изградба на водоснабдителен систем за село Лениште,

Реконструкција на цевководот кон Индустриската зона и манастирот во Селце,

Поставување на фотонапонска централа на Пречистителната станица,

Интеграција на SCADA системот со ГИС платформа,

Замена на дотраената водоводна мрежа во центарот (делови од бул. „Гоце Делчев“, ул. „Кузман Јосифоски“ и ул. „Ленин“),

Поставување полуподземни контејнери на 21 локација низ градот,

Реконструкција на фасадата на ООУ „Рампо Левката“.

Сите овие проекти се од витално значење и претставуваат директен одговор на реалните потреби на нашите сограѓани. Ова е доказ дека кога работиме посветено, визионерски и чесно – резултатите не изостануваат.

Потсетување:

Во 2024 година, преку првиот јавен повик, Општина Прилеп веќе обезбеди 3 милиони евра за:

Кружниот тек кај мостот „Табана“,

Изградба на дел од ул. „Победа“,

Реконструкција на водоводот во Карабдалица.

Водоводната мрежа е веќе завршена, а останатите проекти влегуваат во градежна фаза уште следната недела.

Ако го погледнеме вкупниот период од последните две години, можеме со гордост да кажеме дека, благодарение на поддршката од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Општина Прилеп обезбеди историска поддршка од 11 милиони евра директни инвестиции!

Но тука не застануваме!

Општина Прилеп обезбеди средства за реализација на уште два нови проекти за подобрување на животната средина и јавната инфраструктура, одобрени од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој, во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој за 2025 година.

„Подобро одржување на зелените површини во Општина Прилеп“

Финансиска поддршка: 2.500.000 денари

Цел: Набавка на мини багер за поефикасно и континуирано одржување на зеленилото низ градот.

И „Пошумување на споменикот на природата Маркови кули“

Финансиска поддршка: 2.000.000 денари

Цел: Набавка на трактор со приколка и опрема за успешно пошумување и заштита на природниот локалитет.

Договорите за двата проекта се веќе потпишани и веднаш пристапуваме кон нивна реализација. По набавката, механизацијата ќе биде предадена на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп, со кое заедно ќе ги спроведеме активностите на терен.

Почитувани граѓани,

Ова не се само бројки – ова се конкретни дела. Ова се улици, мостови, водоводи, игралишта, решенија за животната средина. Ова е инвестиција во квалитетот на живот и во иднината на Прилеп.

Ќе продолжиме да работиме уште поодлучно, затоа што Прилеп заслужува многу – и тоа не само во зборови, туку и во дела!

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

Четири лица се осомничени за пукањето на семејната прослава во Добри Дол гостиварско, што се случи на 31 јули.

Четворица под истрага, пукале со три пиштоли и пушка на семејна прослава

За време на прославата, осомничените со три пиштоли и една пушка пукале во воздух, со што, ги довеле во опасност животите на поголем број присутни. Постапката е поведена по поднесена кривична пријава од страна на МВР. Од ОЈО Гостивар наведуваат дека поради опасност од бегство на осомничените, меѓу кои еден кој има македонско и словенечко државјанство, доставиле предлог за определување притвор.

Од МВР претходно сопоштија дека привеле шест лица , а едно било повикано на службен разговор во врска со пукањето. За време на претресите на повеќе локации во Добри Дол, полицијата пронашла и одзела оружје и муниција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко. 

Се уште трае борбата со огнената стихија во кавадаречко

Пожарот е активен и гори ниско стеблеста шума , а голем дел е изгаснат ова утринава за Канал 5 го изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов кој информираше дека активен пожар има и во Прилепско.

Се вложуваат максимални напори за локализирање и отсекување на огнената линија, со цел да се заштити секој објект и да се спречи понатамошно ширење на пожарот. Се интервенира во два правци кон селото Дреново кон Ќесендре и кон селото Раец.

Во Кавадарци на терен се ангажирани сирте ресурси од општината , а помага и дел од месното население.

Поставено е и амбулантно возило со доктор, стационирано во селото Дреново, како превентивна мерка за здравствена заштита на жителите, информира градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и многу топло

Времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. 

Денес сончево и многу топло

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 20, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која во некои места ќе надмине 40°C. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер