Прерано е да се даде оценка за успешноста на процесот на попишување на дијаспората, вели Османи

Прерано е, рече Османи, да се даде оценка за успешноста на процесот на попишување на дијаспората и нагласи дека проценки се прават врз основа на споредбите на одзивот во Европа и останатите континенети.

Постојат повеќе причини за степенот на заинтересираност на нашата дијаспора, меѓутоа се уште сме на почеток од процесот и имаме уште 35 дена можност граѓаните кои живеат надвор да се самопопишуваат, но и 30 дена да бидат попишани од попишувачите на терен, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на новинарски прашања за слабиот одзив на дијаспората за Пописот.

Прерано е, рече Османи, да се даде оценка за успешноста на процесот на попишување на дијаспората и нагласи дека проценки се прават врз основа на споредбите на одзивот во Европа и останатите континенети, како Австралија и Северна Америка, каде постои разлика.

– Веројатно и дистанциата и степенот на информирање го прави своето. Не можам да прејудицирам дали има одредени други причини што може да бидат во основа на таквиот помал одзив. Сега во овој период, мислам дека повеќе треба да бидеме проактивни како да стигне информацијата до нив, отколку во ретроактивни анализи, за кои е прерано да се прават, изјави Османи.

Во однос на тоа дали има бојкот на пописот од лицата во дијаспората, Османи рече дека нема информации ниту од дипломатско-конзуларните претставништва, ниту од негови лични контакти со дијаспората дека некој активно бојкотира или дава отпор за попишување.

– Меѓутоа, не можам тоа да го исклучам, бидејќи не можеме сите наши граѓани кои живеат во Австралија, Канада или САД да ги контактираме за да го знаеме нивното мислење. Сметам дека во оваа фаза е најважно да стигне информацијата до секој од нив. Очигледно не сите граѓани во светот ја знаат информацијата и ја знаат важноста на пописот, за нив пред се. За првпат ќе имаме точни бројки за дистрибуцијата на нашите граѓани во светот, нивната структура и врз основа на тоа ќе можеме да ги димензионираме нашите услиги и нашите ДКП-а, за да може граѓантие да ги добијат услугите таму каде што живеат, но и да направиме политики да го поттикнеме нивното враќање назад, изјави Османи.

За можноста луѓето од дијаспората да бидат попишани од резидентното население тука, Османи рече дека согласно формулацијата во законот било кој, кој најдобро го знае податоците за наш граѓанин кој што живее во странство, притоа го има матичниот број може да ги даде тие податоци.

Во прашалникот кој што треба да го одговорат граѓаните од дијаспората, појасни Османи, стојат и податоците за имотот кој го имаат и последната адреса од која заминале.

– Ова е важно прашање и важна информација што треба да ја знаат граѓаните од дијаспората. Дека тие информации треба да бидат дел од пописот, затоа што и нерезидентнотно население влегува во подготвување на вкупните и локални и национални политики во државата, рече Османи.

Во однос на забелешките дека апликацијата ги враќа назад граѓаните кога ќе стигнат до матичниот број, Османи рече дека откако граѓаните ќе го внесат својот матичен број, следното прашање е името на државата, каде тие го пишуваат името на државата каде престојуваат, што не се вклопува со матичниот број кој е е од Република Македонија.

– Во полето за држава се внесува Република Македонија. Само тогаш системот ќе го препознае како матичен број од Република Македонија. Досега, најголем проблем имавме во тоа недоразбирање, изјави Османи.

За растот на бројот на заразени од КОВИД-19 и дали тоа може да влијае на резултатите од пописот, Османи рече дека тој како МНР е надлежен да зборува за дијаспората, а за пописот овде е одговорен Државниот завод за статистика.

– Очигледно и процесот овде ќе ја опфати и дијаспората и ќе биде важно дали ќе имаме регуларен процес на попишување и овде во Република Македонија. ДЗС се води според препораките од државната Комисија за

спречување на заразни болести и мислам дека ги има преземено сите мерки и протоколи за заштита на здравјето и на попишувачите и на граѓаните, кои што ќе бидат попишани, изјави Османи.

Имавме избори, нагласи Османи, во ситуацијата на зголемена бројка на заразани и веќе имаме одредено стекнато искуство како институциите треба да се организираат и постапуваат, што сега ќе се искористи. /МИА

„Највалканиот човек на светот“ 60 години не користел вода и сапун (ВИДЕО)

Во октомври 2022 година, медиумите ја објавија смртта на Аму Хаџи, кој беше познат како „највалканиот човек на светот“, во Иран.

Оваа „титула“ ја заслужил затоа што не се капел шест децении, а за последен пат ги затворил очите на 96 години.

Аму секогаш бил покриен со прашина и пепел, живеел во колиба направена од чакал, но бил виден и како спие во дупки што ги ископал самиот.

Еден новинар опишува дека „изгледал како карпа“ и дека се вклопувал во околината поради тоа колку бил валкан и сив, пренесува LadBible.

Непосредно пред неговата смрт, мештаните успеале да го убедат конечно да се избања. Се разбира, двата настани не се причинско-последично поврзани, бидејќи Аму починал од старост.

Се поставуваат прашања зошто 60 години избегнувал вода и сапун. Се верува дека страдал од аблутофобија, односно „постојан неоправдан страв од капење или миење“.

Наводно се плашел дека ќе се разболи ако се исчисти, односно дека водата и сапунот предизвикуваат болести.

Зборувајќи за фобијата која е поизразена кај децата, па кај жените, па дури потоа кај мажите, д-р Сива Лечор од клиниката „Толедо“ рече:

„Аблутофобијата е исклучително ретка. Во моментов почесто го гледаме кај постарите лица. Обично кај луѓе кои имале трауматски искуства во минатото“, објасни д-р Лечор.

Локалните новинари со години се обидувале да добијат информации за неговото минато и што го навело Аму да води ваков начин на живот. Вистината никогаш не била откриена.

Мајка си го фрлила болниот шестгодишен син во река полна со крокодили, таткото барал да го убие

Мајка го фрлила својот болен шестгодишен син во река полна со крокодили кои го растргнале, откако сопругот и татко на момчето ѝ рекле да се ослободи од него бидејќи малото момче било родено со физички маани.

Овој страшен настан се случил во Индија.

Како што пренесува „Дејлимејл“, Савитри Кумар (26) се скарала со сопругот Рави Кумар (27) кој ѝ наредил да се ослободи од малото дете кое тешко зборувало.

Таа го земала својот син додека спиел и го фрлила во блискиот канал полн со крокодили. Случајот, како што пренесува „The New Indian Express“, се случил во Утара Канад, област на западната индиска држава Карнатака.

Полицијата навела дека сопругот ѝ се пожалил на сопругата зошто таа родила дете со неизлечива мана. Сведоците кои ја виделе мајката како го фрла синот во каналот веднаш повикале полиција која почнала да трага по момчето. Потрагата набрзо била завршена поради темнината, а неговото осакатено тело било пронајдено во реката во неделата наутро.

Малото момче се здобило со страшни повреди и му била одгризана едната рака. Полицијата верува дека телото го растргнале неколку крокодили. Наредена е обдукција за да се утврдат точните причини за смртта.

Полицијата за локалните медиуми потврдила дека е покрената истрага за убиството и дека двајцата родители се уапсени.

Расте бројот на жртви во катастрофалните поплави во Бразил, спасените гладуваат (ВИДЕО)

Спасувачите се обиделе да ги евакуираат луѓето затрупани од разорните поплави низ јужната бразилска држава Рио Гранде до Сул, при што 90 лица се мртви, а очајните преживеани се обидуваат да дојдат до храна и основни потреби.

На периферијата на градот Елдорадо до Сул, 17 километри од главниот град на државата Порто Алегре, многу луѓе кои ги напуштиле своите домови спиеле покрај патот и изјавиле за Ројтерс дека се гладни. Цели семејства заминале пеш, носејќи работи во ранци и колички за пазарење.

„Немавме храна три дена и само што го добивме ова ќебе. Јас сум со луѓе кои воопшто не ги познавам, не знам каде е моето семејство“, рече млад човек кој се претставил како Рикардо Јуниор.

Поплавите ги отежнале спасувачките напори, при што десетици луѓе се уште чекаат да бидат евакуирани со чамец или хеликоптер од погодените домови. Мали чамци ги преполнија поплавените улици во потрага по преживеани.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека бројот на загинати се искачил на 90, додека уште четири смртни случаи се истражуваат, а 131 лице се водат како исчезнати, додека 155.000 луѓе останале без покрив над главата.

Обилните дождови кои почнаа минатата недела предизвикаа излевање на реките, потопувајќи цели градови и уништени се патишта и мостови.

Во Порто Алегре, град со 1,3 милиони жители на реката Гуаиба, улиците во центарот на градот се под вода.

Жителите на Порто Алегре се соочија со празни полици во супермаркетите и затворени бензински пумпи, додека продавниците ја ограничија продажбата на минерална вода. Градот користел камиони за доставување вода до болниците и засолништата.

Поплавите ги погодија и службите за водоснабдување и електрична енергија, со повеќе од 1,4 милиони погодени луѓе, според Цивилната заштита на Бразил.

Речиси половина милион луѓе останале без струја во Порто Алегре и околните градови бидејќи компаниите за електрична енергија го прекинале снабдувањето со поплавените населби од безбедносни причини. Националниот оператор ОНС соопшти дека поради обилните дождови се исклучени пет хидроцентрали и далноводи.

Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека степенот на штетата ќе се знае само кога водите ќе се повлечат. Тој вети федерална помош за државата за она што се смета за најлоша климатска катастрофа.

Економистите на JPMorgan предвидоа дека влијанието на поплавите врз бразилската економија ќе биде удар за растот на БДП и маргинален пораст на инфлацијата, главно поради повисоките цени на оризот, кој главно се произведува во Рио Гранде до Сул.

Покрај уништувањето на критичната инфраструктура, обилните дождови и поплавите ги потопија житните полиња и загина добиток, прекинувајќи ја жетвата на соја и стопирани се работите во неколку погони за месо.

Пристаништето Рио Гранде работи нормално. Главното пристаниште за извоз на жито не е погодено од порастот на нивото на Лагуна дос Патос, во која се влева надојдената река Гуаиба.

Сепак, главните пристапни патишта не се проодни, што ја отежнува испораката на жито до пристаништето бидејќи камионите мораа да направат голем заобиколување, велат извозниците.

притисни ентер