Препораки за трудниците во справувањето со пандемијата од коронавирусот - Канал 5

Препораки за трудниците во справувањето со пандемијата од коронавирусот

 Интернационалното здружение на гинеколози и акушери (ISUOG) и протоколот објавен на 26 март 2020 година ги објави најчестите поставувани прашања за КОВИД-19 и ризиците во бременоста, соопшти денеска Министерството за здравство.

Препораки за трудниците во справувањето со пандемијата од коронавирусот

Во однос на прашањето за тоа како да се однесуваат трудниците и дали се препорачува редовно да се прават антенаталните контроли, се смета дека во овој период на активна пандемија се препорачува да се намали бројот на задолжителните антенатални прегледи во бременоста, но само при нормален тек на бременоста и кај трудници кои немаат лошо акушерско минато или други минати здравствени проблеми – односно немаат ризични фактори за евентуална појава на патолошка бременост.

Доколку жената има барем еден од симптомите на оваа инфекција, а е бремена, потребно е да се јави на преглед кај својот лекар.

-Секогаш поставете ја маската пред да излезете од дома, држете растојание најмалку два метри од останатите, особено откако ќе пристигнете во болницата или во амбулантата и најдобро телефонски најавете го вашето доаѓање. Во епидемиолошката анкета задолжително пријавете ги во целост вашите симптоми и контакти со можен ризик, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

На прашањето колкава е веројатноста за инфекција со коронавирус во бременоста, се наведува дека досега има малку публикации и недоволен број информации за бремени жени што се разболеле од КОВИД-19.

-Од досега објавените докази се чини дека помал е бројот на трудници што се позитивни или болни од КОВИД-19 во споредба со останатите жени на таа возраст. Жените со други здравствени проблеми, особено тие со хронични заболувања на респираторниот систем, висок крвен притисок, дијабетес, имаат поголем ризик од ова заболување и за нив постои поинаков протокол за следење на бременоста и породувањето, се вели во соопштението.

Повеќето здрави трудници кај кои тестот за Ковид-19 ќе биде позитивен, би требало, ккао што се наведува, доколку се без симптоми или со блага симптоматологија, да бидат згрижени дома, а да останат во комуникација со својот матичен гинеколог и лекар. Доколку кај нив симптомите почнат да се влошуваат, неопходна е хоспитализација.

– Колку актуелното вирусно заболување е поблиску до веројатниот термин за породување, толку се помали ризиците за плодот. Најголем ризик за плодот постои доколку трудницата рано во бременоста се стекне со вирусот, се разболи и е со ризик за предвремено породување, се вели во соопштението.

Според објавените достапни податоци, се претпоставува дека не постои пренесување од мајкaта на плодот за време на бременоста.

-Нема знаци дека КОВИД-19 ги зголемува ризиците од аномалии на плодот, иако знаеме само за неколку жени што го добиле вирусот во периодот на органогенеза, односно во првите три месеци по забременување. Некои студии со слични вируси сугерираат дека бебето може да не расте доволно, соодветно за гестациската недела, т.е. да се здобие со интраутерин застој во растот (IUGR) по инфекција слична на КОВИД-19. Заради навремено воочување на овие компликации, повеќето експерти препорачуваат најмалку еден ултразвук по 2 до 4 недели од завршување на инфекцијата за да бидете сигурни дека плодот добро се развива, стои во соопштението.

Едно од најчесто поставуваните прашања е и кои се ризиците во тек на породувањето.

– Ако имате КОВИД-19 и сте во активна фаза на породување, поради можна хипоксија (недостиг на кислород) или застој во породувањето, може да биде отежнато спонтаното вагинално породување и во тој случај препораките се породувањето да се заврши со царски рез. Во моментот нема друга причина да се избере царски рез наместо вагинално породување кога мајката има Ковид-19, освен ако не станува збор за предвремено породување или постои некоја друга акушерска индикација за царски рез од страна на мајката или на плодот, стои во соопштението.

Ако мајката е позитивна на КОВИД-19, честопати се препорачува да остане со своето бебе, ако се чувствува добро.

-Некои околности може да бараат да бидете одделени од вашето бебе. Потребно е да бидете многу претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на вашето бебе. Ова најдобро се прави со доволно долго и детално миење на рацете пред да го допрете бебето, да избегнувате допирање на лицето на бебето, да избегнувате кашлање или кивање во близина на бебето и да носите маска тип FFP3 или P100 кога се грижите за него, се вели во соопштението.

Министерството за здравство информира дека од досега споделените научни докази, неколку трудници заразени со коронавирус биле тестирани и во млекото не е пронајден знак за вирусот.

-Значи, се чини дека мајчиното млеко е безбедно за вашето бебе дури и ако имате КОВИД-19. Но, во исто време, треба да бидете претпазливи за да избегнете пренесување на вирусот на бебето. Друга одлична опција е да да носите маска тип FFP3 или P100, да го измолзете вашето млеко и да имате некој што не е болен да го нахрани бебето, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дијаспората се обедини: Голем собор на Македонците во Волонгонг

Голем собор на Македонците во Волонгонг: Дијаспората се обедини на Митровден.

Дијаспората се обедини:  Голем собор на Македонците во Волонгонг

СО ТОРЖЕСТВЕН СЕНАРОДЕН СОБОР ВО ВОЛОНГОНГ БЕШЕ ПРОСЛАВЕН ПРАЗНИКОТ МИТРОВДЕН И БЕШЕ ОДБЕЛЕЖАНА ХРАМОВАТА СЛАВА

Споменот на светиот великомаченик Димитриј Солунски, освен во татковината свечено со векови е прославуван од нашиот македонски народ во дијаспората. Традиционално и оваа година во далечна Австралија, во Волонгонг во присуство на многуброен народ од сите краишта на Австралија беше свечено прославен патрониот празник на храмот.

Чествувањето започна во предвечерието на празникот на ден 07. 11. 2026 година со Вечерна богослужба.

Утредента на 08. 11. 2026 година, во 23 недела по Педесетница, на самиот ден на празникот чествувањето на светиот Димитриј продолжи со Утрена богослужба и Света божествена литургија предводена од страна на отец Гаврил (Галев) од манастирот „Свети Климент Охридски“ во Мелбурн во сослужение на пречесните отци, старешината на храмот славеник, протојерејот Борислав Лазов и со пензионираниот свештеник, о. Климент Џепароски.

На Литургијата присуствуваше голем број верен народ од Волонгонг и околината на Илавара и Сиднеј, кои дојдоа да се помолат и да се поклонат на честицата од моштите на светиот Димитриј и да се причестат со Светите Христови Тајни.

Пред присутните на Литургијата со свое празнично слово посветено на светиот Димитриј се обрати отецот Гаврил. Во беседата тоу укажа на значањето секој православен верник да се преобразува и да го следи примерот на светителите, кои се наши застапници и молитвеници пред Бога на патот на спасението.

По Литургијата беа осветени славските колачи.

Од страна на црковната општина „Свети вмч. Димитриј Солунски“ известија дека на овој торжествен ден беа особено удостоени со присуството на Амбасадорот на Република Македонија, г-дин Стојанче Китаноски, како и на отец Гаврил од манастирот „Св. Климент Охридски“ од Кинг Лејк, Мелбурн.

А исто така дека на оваа значајна духовна и празнична радост ѝ се придружија и претставници од повеќе сестрински Македонски црковни општини од Мелбурн, Сиднеј и Њукастел. „Нивното присуство претставуваше посебна чест и радост за нашата црковна заедница, сведочејќи за единството, братската љубов и заедништвото што нè поврзуваат во верата и во нашата Македонска православна традиција“ – известија од страна на црковната општина.

По литургиската прослава следуваше празничен ручек и богата културно-уметничка програма. По благословот на трпезата, пригосни говори одржаа парохискиот свештеник, о. Борислав Лазов и Претседателот на црковната општина, г-дин Петар Лозенковски, кои како домаќини им посакаа топло добредојде на гостите. Потоа збор им беше даден на гостите.

Пред присутните се обрати и заменик претседателот на Австралиско-сиднејската епархија, г-дин Дејан Змејкоски, кој во својот поздравен говор ја истакна важноста од сплотеноста на македонскиот народ во Австралија и во практикувањето на верата, традициите и во чувањето на јазикот, културата и идентитетот далеку од својата татковина во земја која на демократски начин овозможува развој на мултикултурализмот. Змејкоски ги пренесе поздравите од членството на Управата на најстариот храм во македонската дијаспора „Свети вмч. Георгиј и Пресвета Богородица“, како и од верниот народ при оваа општина во Епинг укажувајќи дека сите црковни општини под Австралиско-сиднејската епархија се во значителен подем и развој и дека е од особена важност тој заенички епархиски успех и во иднина да се сочува и надградува.

Македонскиот амбасадор, Н.Е. Стојанче Китаноски исто така се обрати пред собраниот народ, искажувајќи дека тој како новоназначен амбасадор ќе се труди да биде блиску до сите наши луѓе, а исто така и Амбасадата која секогаш ќе биде отворена за секој еден наш иселеник. Амбасадорот Китановски им ја честиташе храмовата слава на Управата и верниците при црковната општина во Волонгонг и им се заблагодари за целокупниот труд кој го вложуваат за зачувувањето на врските со нашата заедничка земја и татковина Македонија.

Од страна на Управата во знак на благодарност на Амбасадорот му беше доделена плакета, која му ја додели Претседателот, г-дин Петар Лозенковски.

Во продолжение пред собранието, кратки поздравни говори имаа и претседателот на Црковната општина „Успение на Пресвета Богородица“ од Њукастел, г-дин Сашо Стојчевски, по што беа разменети пригодните подароци.

На настанот присуствуваа и секретарот на ЕУО, г-дин Александар Младеновски, како и преставници од црковните општини од Рокдејл и од Силванија.

Ваквата прослава беше прекрасна можност македонската заедница од Австралија да се собере на едно место за што Му благодариме најнапред на Бога за неговиот благослов и на светиот Димитриј, а на сите присутни гости, сослужители, верници и пријатели им упатуваме искрена благодарност за нивното присуство и споделената празнична радост, велат од црковната општина.

По молитвите на Светиот великомаченик Димитрија Солунски, Господ да ги чува, укрепува и благословува нашите семејства, нашата црква и целиот македонски православен народ, каде и да се наоѓа!

За многу години празникот!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Кошаркарите на Денвер Нагетс се во многу лоша ситуација бидејќи повеќето од нив мака мачат со повреди.

Повредена целата прва петорка на Денвер

Нагетси досега имаат остварено пет победи и три порази во сезоната 2026/27, а во ноќта меѓу понеделникот и вторникот, во 2 часот и 30 минути по полноќ (според наше време), ги очекува дуел со Хјустон Рокетс.

Како што пренесуваат американските медиуми, а потврди и самиот тим од Денвер, Нагетс се соочуваат со сериозен проблем, бидејќи постои можност натпреварот да се одигра без ниту еден од клучните играчи на тимот од Колорадо.

Вклучен е алармот – Никола Јокиќ се наоѓа на листата на повредени поради повреда на десниот лакт, поради што е можно воопшто да не настапи на натпреварот против Хјустон!

Извештајот за здравствената состојба во тимот на Нагетс ги загрижи сите навивачи на Денвер, бидејќи на него се наоѓаат речиси сите важни играчи. Единствено сигурно е дека Џулијан Стротер нема да настапи против Рокетс поради повреда на левото колено. Како што веќе беше споменато, Јокиќ има проблеми со десниот лакт, Кристијан Браун со листот на левата нога, а Арон Гордон, Кем Џонсон и Демар Дерозан исто така имаат проблеми со нозете, додека Џамал ​​Мареј има повреда на потколеницата на левата нога.

Настапот на секој од нив е неизвесен, а ситуацијата дополнително се усложни поради доцнењето на летот при враќањето од Мексико Сити, каде што Нагетс играа во саботата навечер. Поради тоа, целата стартна петорка се наоѓа на списокот на играчи чиј настап на следниот натпревар е неизвесен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На денешен ден пред 35 години падна Берлинскиот ѕид

На денешен ден, на 9 ноември во 1989 година, падна Берлинскиот ѕид.

На денешен ден  пред 35 години падна Берлинскиот ѕид

По капитулацијата на нацистичка Германија, Сојузниците ја поделија земјата и главниот град Берлин на четири окупациски зони – американска, британска, француска и советска. Германските региони кои тогаш беа под контрола на САД, Велика Британија и Франција се обединија во мај 1949 година, со што ја формираа Сојузна Република Германија, т.е. Западна Германија.

Тајна одлука за затворање на границата

Со поддршка на сојузничките земји, Западна Германија се разви во контекст на економија на слободен пазар и демократска структура во следниот период.

Од друга страна, од Источна Германија, чија економија и политичка структура се темелеа на советскиот социјалистички систем, десетици илјади луѓе избегаа во правец на многу попросперитетна Западна Германија.

Најповолното место за преселба во Западна Германија беше Берлин. Се проценува дека помеѓу 1949 и 1961 година, повеќе од три милиони луѓе избегаа од Источна Германија во Западна Германија, вклучувајќи значителен број образовани млади луѓе.

За да го спречи масовното бегство кон западниот дел од земјата, Источна Германија тајно одлучи на 12 август 1961 година да ја затвори границата во Берлин. Следниот ден, источногерманската армија ја затвори областа под советска контрола со бодликава жица, но тоа не ги спречи преминувањата.

Комунистичкиот режим одлучи да го спречи заминувањето на Источногерманците, а ноќта на 17 август 1961 година започна изградбата на Берлинскиот ѕид висок 3,6 метри.

Изградбата, одржувањето и следењето на ѕидот беа многу скапи и претставуваа значителен товар за источногерманската економија. 44 километри од ѕидот минуваа низ самиот Берлин.

Отворени се осум гранични премини помеѓу Источен и Западен Берлин. Контролниот пункт Чарли беше еден од најпознатите гранични премини помеѓу 1945 и 1990 година. Се наоѓаше на Фридрихштрасе, помеѓу американскиот и советскиот сектор, како и помеѓу градските области Центарум во Источен Берлин и Кројцберг во Западен Берлин.

За време на посетата на Западен Берлин во 1987 година, тогашниот американски претседател Роналд Реган го повика тогашниот руски лидер Михаил Горбачов: „Разурнете го овој ѕид!“

Во јануари 1989 година, долгогодишниот лидер на ГДР, Ерих Хонекер, јавно предвиде дека Берлинскиот ѕид ќе стои уште 50 до 100 години, но низата настани, која подоцна беше препознаена како мирна револуција во ГДР во 1989 година, го негираше ова.

Во септември 1989 година, низ Источна Германија избувнаа демонстрации. Првично, демонстрантите беа главно луѓе кои сакаа да емигрираат на Запад, но демонстрациите продолжија и стануваа сè помасовни. Нивниот врв беше на 4 ноември, кога околу половина милион демонстранти се собраа на Александарплац во Источен Берлин.

Уште на 9 ноември, луѓето почнаа да рушат делови од ѕидот по сопствена иницијатива, а на 13 ноември, источногерманската армија започна со организирано отстранување на некои делови. На граѓаните на ГДР веднаш им беше дозволено да преминат од Источен во Западен Берлин, меѓутоа, граничната служба го ограничи влезот на граѓаните на Западна Германија во Источен Берлин до 23 ноември. Официјалното обединување на Германија се случи на 3 октомври 1990 година.

Најмалку 138 лица загинаа обидувајќи се да избегаат преку ѕидот

Помеѓу 1961 и 1989 година, граничарите на Источна Германија убија најмалку 138 лица обидувајќи се да избегаат преку ѕидот. Имаше 5.075 успешни бегалци преку ѕидот, од кои 574 беа војници чија задача беше да го чуваат Берлинскиот ѕид. Првите двајца луѓе кои ги загубија животите обидувајќи се да го преминат Берлинскиот ѕид беа Ида Зикман и Гинтер Лифтин.

YouTube video

Ѕидот беше исто така олицетворение на Студената војна, па затоа самото негово рушење го означи почетокот на ослободувањето од комунистичката идеологија и нејзините структури.

Одлуката за падот на ѕидот беше објавена – случајна

Падот на Берлинскиот ѕид започна откако лидерот на Источна Германија, Гинтер Шабовски, погрешно објави дека патувањето до Западен Берлин е дозволено.

На тој ден, Шабовски ги информираше новинарите од целиот свет за најновите одлуки на режимот, но не откри веднаш информации за отворањето на границите. Одговарајќи на новинарско прашање, Шабовски гласно прочита документ во кој пишува дека визите за патување и емиграција од земјата ќе се издаваат без никакви услови.

„Од кога?“ го праша новинарот.

Шабовски се двоумеше за момент, а потоа почна да импровизира: „Колку што знам, веднаш, од овој момент.“ Неколку новинари веднаш ја напуштија салата, а информацијата стигна до новинските агенции: „Источногерманците можат да патуваат во странство од овој момент.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер