Препораки за користење на услугите на ЕВН за заштита на корисниците и вработените од коронавирус

ЕВН е компанија која има голема одговорност при вонредни состојби во земјата и специфични услови за работа, соопштуваат од компанијата.

Функционирањето на ЕВН е од национален интерес, а тоа е да се овозможи непреченото снабдување со електрична енергија како и одржувањето на потребната инфраструктура и сервисирање на неопходните услуги на корисниците. Токму затоа приоритет во овој момент е заштитата на корисниците и вработените од ширење на вирусот корона.

За да се придонесе кон заштита на јавното здравје и да се делува на спречување на ширењето на вирусот ги молиме корисниците посетите на приемните канцеларии во Корисничките енерго центри и во Инфо центарот во ГТЦ во Скопје да се намалат на минимум. Доколку доаѓањето е неопходно и неодложно, замолуваме да се почитува електронскиот систем за ред на чекање, да се чека на отворен простор пред канцелариите, пред да влезат да ги дезинфицираат рацете и да се држи меѓусебно растојание од најмалку 1,5 метри.

Додека важат мерките за заштита нема да работат приемната канцеларија на ЕВН во Дебар и наплатниот пункт во Гостивар. Ги замолуваме корисниците да ги користат онлине услугите на ЕВН. На порталот www.evnonline.mk , без да се регистрираат корисниците може: да се пријават за електронска фактура и брзо да платат фактури. Со регистрација на профилот достапни се и услугите: проверка и плаќање на долгови, преземање на копии од фактури од последните 12 месеци, увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил и барање за потврда за успешно плаќање.

Покрај мерките за заштита на корисниците ЕВН ги засили и мерките за заштита на човечките ресурси. Строго се применуваат внатрешните процедури за заштита од ширење на вирусот и во целост се применуваат владините мерки и препораки. Најважно е вработените да останат здрави и работоспособни за да може да го одржуваат дистрибутивниот систем. ЕВН ќе го одложи и исклучувањето на корисниците за неплатени сметки додека траат вонредните мерки.

Корисниците ги замолуваме овие препораки да ги разберат како заеднички придонес кон заштита на здравјето. Тие се неизбежни за да останеме сите заедно во добро здравје.

ЕВН Македонија

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер