Препорака за прогласување епидемија во Скопје, потврдени вкупно 18 случаи на ниво на држава - Канал 5

Препорака за прогласување епидемија во Скопје, потврдени вкупно 18 случаи на ниво на држава

По 18 потврдени случаи на голема кашлица, Комисијата за заразни болести препорача прогласување епидемија во Скопје. Во изминатите денови бројот расте, особено на територија на град Скопје, каде се потврдени 14 случаи.

Препорака за прогласување епидемија во Скопје, потврдени вкупно 18 случаи на ниво на држава

Се предлага вакциналните пунктови да работат во две смени, а дополнително да се работи и во сабота. Препорака е и да се забрани прием на невакцинирани деца за пертусис во градинките.

Комисијата очекува овие мерки да го поттикнат интересот за вакцинација, бидејќи фокусот е заштита на најмалите.

Претседателот на Комисијата за заразни болести, Александар Петличковски вчера на прес-конференција рече дека прогласувањето на епидемија звучи малку страшно, но, дека реално треба да се олесни справувањето со ризикот што доаѓа со оваа болест.

- Во таа насока моментално го подготвуваме, односно очекуваме да излезе подготвено упатство за постапување во услови на епидемија од страна на Институтот за јавно здравје и клучните активности треба да бидат насочени на пополнување на промашените вакцини, рече Петличковски.

Во државата, како што додаде, е незадоволително нивото со опфатот на вакцинација против оваа болест.

Меѓу заразените, има и вакцинирани лица. Како што појасни Петличковски, постои опаѓање на имунитетот после 10 години во просек, така што, разгледани се и сите опции за освежување на имунитетот кај критично болните и лицата над 65-годишна возраст.

- Меѓутоа, ова се сега првични наши препораки затоа што, во моментот сме навистина во добра состојба, споредено со регионот. Имаме 18 случаи и нема смртни исходи, заклучи Петличковски.

Сите 18 случаи во земјава, како што посочи, се засебни и токму тоа е причина да се прогласи епидемија на територија на град Скопје, за да не се дозволи да се појават кластери.

- Прогласувањето на епидемија ќе ни даде можности многу полесно да ја ублажиме ситуацијата, еве веќе гледаме дека дневно имаме два нови случаја пријавено, се засилува. До каде ќе оди, не знаеме. Ова е вистинското време да преземеме некои конкретни чекори, дециден беше Петличковски.

Кај четиригодишниот пациент, кој е вакциниран со голема кашлица, а е хоспитализиран на Детската клиника, како што појасни Петличковски, се работи за состојба која индицира примена на имуносупресивна терапија.

- Имуносупресивната терапија дава простор и луѓе, деца кои се вакцинирани да имаат можност да бидат заразени, меѓутоа, секако дека кај него инфекцијата ќе помине полесно, отколку ако не бил имунизиран. А и самата вакцинација има ефикасност меѓу 80 и 90 проценти, значи шанса секогаш има инфекцијата да најде простор и во релативно добро покриена средина со популација со вакцини да избувне и во некакви поголеми, рече Петличковски.

И во Србија, како што посочи, од околу 700 лица со потврдена инфекција на голема кашлица, дури 64 отсто биле вакцинирани.

Пертусис, познат како голема кашлица, е многу заразна респираторна инфекција предизвикана од бактеријата Bordetella pertussis.

Според Светската здравствена организација, пертусисот се пренесува лесно од човек на човек, главно преку капки од кашлање или кивање. Болеста е најопасна за доенчињата и е значајна причина за болест и смрт на оваа возрасна група.

Првите симптоми вообичаено се јавуваат од 7 до 10 дена по инфекцијата. Тие вклучуваат блага температура, течење од носот и кашлица. Пневмонија е прилично честа компликација, а напади и болест на мозокот се случуваат, но поретко.

Луѓето со пертусис се најзаразни до третата недела откако ќе започне кашлањето.

Во однос на големата кашлица, попозната во јавноста како магарешка кашлица, најмногу заболуваат бебиња до една година и деца и млади од 10 до 20 години, но не е исклучено да заболат и возрасни. Како што апелираа повеќе стручни лица изминатиов период, вакцинацијата е најбезбедната, најсигурната и најефикасната заштита од магарешка кашлица и од сите други болести за кои постојат вакцини.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„BMW“ им нуди на вработените над 650.000 евра за да си заминат, интересот е преголем

Германскиот автомобилски гигант „BMW“ им нуди на дел од вработените отпремнини што надминуваат 650.000 евра, доколку доброволно ја напуштат компанијата.

„BMW“ им нуди на вработените над 650.000 евра за да си заминат, интересот е преголем

Интересот за заминување е толку голем што внатрешниот портал, преку кој вработените можат да ги проверат понудите, привремено престана да функционира. Во меѓувреме, „BMW“ ја стопираше програмата за да може да ги обработи пристигнатите барања.

Според германскиот весник „Handelsblatt“, некои вработени би можеле да добијат повеќе од 650.000 евра за спогодбен раскин на договорот за вработување. Станува збор за исклучително високи отпремнини, дури и според стандардите на германската автомобилска индустрија.

Ваквите износи не се правило, туку се однесуваат на конкретни, поединечни случаи. Од „BMW“ одбија да потврдат конкретни бројки, наведувајќи дека не даваат коментари за поединечни договори за вработување.

Вработените го преплавија порталот, системот падна под товарот

На 8 октомври, „BMW“ започна програма за доброволно заминување. Десетици илјади вработени беа известени дека преку внатрешен портал можат да проверат колкава сума би им исплатила компанијата доколку одлучат да си заминат.

Интересот беше толку голем што порталот не можеше да го издржи товарот и привремено престана да работи.

Од „BMW“ потврдија дека постои исклучително голем интерес кај вработените за понудените услови, иако официјално не потврдија дека токму напливот на корисници е причината за техничките проблеми. Според извештаите во германските медиуми, компанијата привремено ја стопираше програмата, само неколку дена по нејзиното започнување, за да може да ги обработи пристигнатите пријави. Сè уште не е познато кога повторно ќе се прифаќаат нови пријави.

Планови за укинување на 8.000 работни места

До крајот на 2027 година, „BMW“ планира да укине приближно 8.000 работни места на глобално ниво. Програмата за доброволно заминување во Германија опфаќа околу 40.000 вработени, првенствено оние во администрацијата, менаџментот, како и во секторот за истражување и развој.

Вработените кои работат директно во производството не се опфатени со оваа програма.

Висината на отпремнината зависи првенствено од платата на вработениот и од должината на неговиот стаж во компанијата. „BMW“, исто така, нуди дополнителни бонуси за вработените кои ќе се согласат да си заминат порано. Според документите што ги разгледа „Handelsblatt“, предвидените датуми за заминување се 31 март и 31 октомври 2027 година.

Исплатите за отпремнина може да се извршат еднократно или на рати, а под одредени услови, вработените можат да насочат дел од средствата во својата пензиска заштеда.

Некои вработени, исто така, може да задржат одредени бенефиции што им се достапни на пензионираните вработени во „BMW“

За постарите вработени важат посебни услови. Оние што ќе наполнат 55 години до крајот на октомври 2027 година – под услов да исполнуваат дополнителни критериуми – можат да се стекнат со статус што им овозможува пристап до дел од бенефициите наменети за пензионираните вработени во „BMW“. Овие бенефиции вклучуваат поповолни услови за купување нови и половни автомобили.

Пакетите за отпремнина на „BMW“ се издвојуваат, особено во споредба со оние што ги нудат други германски производители. „Handelsblatt“ пренесува дека „Volkswagen“, во претходните програми, нудел отпремнини во износ од околу 405.000 евра, додека „Mercedes-Benz“ на некои вработени со долг стаж на раководни позиции им понудил приближно половина милион евра.

Вработениот може на крајот да добие значително помалку од 650.000 евра

Иако понудените износи се исклучително високи, вработените не ја добиваат целосната сума, бидејќи отпремнините подлежат на оданочување.

Според пресметките на германскиот весник „Münchner Merkur“, вработен што ќе добие отпремнина од 650.000 евра – и нема други приходи што подлежат на оданочување во текот на годината на исплата – по плаќањето на даноците би можел да располага со приближно 420.700 евра.

Доколку вработениот оствари други приходи во текот на истата година, конечниот износ може да биде значително помал. Реалниот износ што ќе се исплати зависи од конкретната даночна ситуација на секој поединечен вработен.

„BMW“ има за цел да оствари годишни заштеди од една милијарда евра

„BMW“ ја започна програмата за намалување на бројот на вработени како одговор на падот на продажбата и профитот – особено на кинескиот пазар – како и поради засилената конкуренција и зголемените оперативни трошоци. Компанијата очекува дека намалувањето на бројот на вработени ќе донесе годишни заштеди од приближно една милијарда евра, почнувајќи од 2028 година. Слични мерки преземаат и други големи германски производители на автомобили, меѓу кои „ Volkswagen “, „Mercedes-Benz“ и „Porsche“, кои се соочуваат со пад на побарувачката, конкуренција од кинески производители и високи трошоци за премин кон електрични возила.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

Запленети дрога, оружје и муниција.

Засилена полициска акција на територијата на целата држава: Извршени 47 претреси, лишени од слобода 16 лица

На 16/17.10.2026 година, Одделот за криминалистичка полиција, во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња, спроведе засилени мерки и активности на територијата на целата држава, насочени кон откривање и сузбивање на криминалот, особено недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје.

Во рамки на акцијата беа извршени 47 претреси во домови и други помошни простории на повеќе локации низ државата.

При претресите беа пронајдени и одземени поголема количина марихуана, повеќе пакувања со кокаин, како и помали пакувања со кокаин подготвени за понатамошна продажба. Исто така, беа пронајдени и одземени огнено оружје – пиштоли и пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Во текот на акцијата од слобода се лишени 16 лица, а поднесени се 11 кривични пријави за кривичните дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ по член 215 и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивни активности за откривање и санкционирање на сите форми на криминал, со цел обезбедување побезбедна средина и поголема сигурност за сите граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба

Со орањето почнуват давачаките на земјдоелците за новата есенска сеидба.

Земјоделците бараат гарантирана цена од 15 денари за килограм пченица пред стартот на есенската сеидба

Но пред да почнат да инвфестираат тие бараат државата да постави јасна поддршка за да се врати интересто кај полјоделците да го засејат лебното жито на поголеми површини со што би се намалила увозната зависност од србија на пченица и брашно за производство на леб. Земјдоелците бараат државата да излезе со пресметката за производната цена што секако е нејзина закоснка обврска но клучното барање е да излезе државата со гарантирана цена од 15 денари за килограм за да се сее пченица на што поголеми површини и да не остануваат нивите празни.

Оваа гарантирана цена од 15 според земјдоелциет како и поделбата на картичките за зелена нафта кои годинава се во вистински момент пред стартот на есенската сеидба би можела да го ибалансираат трошокот кој е зголемен при производството како и ниските откупни цени од 10 денари за килограм кои се провлекуваат секоја година со цел земјоделциет да се ориентираат само на производство без да се грижат за пласманот и откупните цени. Тие исто така бараат да се доплатат по 5 денари од интервентниот фонд за годинава заради ниските откупни цени со се соочија земјдоелците. Според претставниците на земјоделците потребен е итен дијалог со надлежните бидејќи лани 9 илјади земјоделци беа исклучени од можноста и годинава нема да земат субвенции зошто неколку месеци по сеидбата се донесе правило колку за зголемена норма на семенски материјал како услов за поддршка за што не беа навреме информирани.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер