Препорака на СЗО: Треба да се намали дозата на Фајзер за деца под 12 годишна возраст - Канал 5

Препорака на СЗО: Треба да се намали дозата на Фајзер за деца под 12 годишна возраст

Светската здравствена организација препорача продолжување на употребата на намалени дози на вакцината Pfizer кај децата на возраст од пет до 11 години.

Препорака на СЗО: Треба да се намали дозата на Фајзер за деца под 12 годишна возраст

Препораката е објавена откако Стратешката советодавна група на експерти (SAGE) за имунизација одржала состанок за евалуација на вакцината која моментално се препорачува за вакцинација на лица на возраст од 12 години и постари. Препорачаната доза за помладата популација е 10 микрограми наместо 30 микрограми што им се дава на лица постари од 12 години.

„Оваа возрасна група (од пет до 11 години) е во групата со најнизок приоритет за вакцинација, освен децата со коморбидитети“, рече претседателот на SAGE, Алехандро Кравиото на брифинг со новинарите.

Pfizer / BioNTech веќе е одобрен за употреба во оваа возрасна група во неколку земји, вклучувајќи ги САД, Канада, Израел и Европската унија. Директорката за вакцинација на СЗО, Кејт О'Брајан, рече дека клиничките испитувања не покажале страв од употреба на вакцината Pfizer кај деца на возраст од пет до 11 години.

На панелот, исто така, е препорачано приоритетните групи, постарите лица и здравствените работници да се вакцинираат четири до шест месеци по примарната серија на засилувачки дози на вакцината Pfizer. Земјите со умерени до високи стапки на вакцинација треба да им дадат приоритет на високоризичните групи и да ги вакцинираат со дополнителни дози пред да понудат вакцини на помалку ризичните групи, советуваат експертите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Катастрофални пожари во југозападна Европа: Франција, Шпанија и Италија во борба со огнената стихија

Огнената стихија продолжува да пустоши низ југозападна Европа. 

Катастрофални пожари во југозападна Европа: Франција, Шпанија и Италија во борба со огнената стихија

Франција, Шпанија и Италија со денови се борат со едни од најголемите шумски пожари во последните години, а високите температури и силниот ветер ја отежнуваат битката со пламените јазици.

Во Франција ситуацијата останува најкритична. Само во регионот околу Бордо изгореа повеќе од 42 илјади хектари шума, додека од почетокот на годината во земјата се уништени над 116 илјади хектари шумски површини. Евакуирани се околу 220 илјади жители и туристи. Во Шпанија, пожарите досега зафатиле повеќе од 150 илјади хектари, а над 100 илјади луѓе биле евакуирани или добиле наредба да ги напуштат своите домови. Италија, пак, се соочува со десетици активни пожари, особено на Сицилија и југот на земјата, каде што дел од населението беше евакуирано и по морски пат.

Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека државата ги мобилизирала сите расположливи ресурси во борбата со пожарите а земјата се бори со најтешката ситуација од Втората светска војна.

-Пожарникарите од цела Франција се на терен. Со околу 20 специјализирани противпожарни единици, досега невидени воздушни ресурси и повеќе од 1.5000 припадници на армијата ангажирани во гаснењето. Борбата со огнената стихија продолжува, изјави– Емануел Макрон – Претседател на Франција.

Метеролозите велат дека надежите за дожд засега се мали и стравуваат дека топлотни бранови и високи температури допрва доаѓаат на европскиот континент.

-Западна Европа во мометов и е потребна комбинација од ладен воздух и врнежи од дожд. За жал нема ништо да видиме од тоа оваа недела. Зошто? Бидејќи ни претстои уште еден топлотен бран. Можеме да видиме што точно се случува. Веќе препознатлива слика од територија со висок воздушен притисок, кој се протега низ континентот. Ќе ни донесе денови со сонце, растечки температури и недостаток на дождови. И на врв од тоа, на средина од неделата на јужните и северни делови на Европа ќе биде многу топло. Температурите ќе достигнат и до 30 и плуст степени а некаде и до 40 степени. Тоа е она она не сакате да го слушнете кога се борите со шумски пожари,- изјави –Лиам Тутон – Метеолог .

Според податоците на Европскиот информативен систем за шумски пожари (ЕФФИС), во Шпанија веќе сега е изгорена повеќе од двојно поголема површина од просекот за цела година, а во Франција дури повеќе од петпати поголема површина Шумите полесно горат бидејќи европската вегетација и почва се екстремно суви со месеци, а сушата е влошена од климатските промени и неодамнешните исклучителни топлотни бранови.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Велковски: До крајот на годината се отвараат 15 нови градинки, листата на чекање целосно ќе се елиминира

До крајот на годинава се очекува да бидат отворени 15 детски градинки со што ќе се обезбедат повеќе од 3.800 нови места за прием на деца од предучилишна воздраст, најави денеска министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велков.&nbs

Според него, со реализацијата на сите проекти, сегашната листа на чекање од околу 4000 деца ќе биде целосно елиминирана.

-Останува во 2026 и 27 да отвориме вкупно 37 вакви објекти, каде што ќе задоволиме капацитет на 3.800 дечиња, што значи бројот на листите за чекање од 4.000 ќе биде сведен на нула. 15 од овие 37 градинки ќе бидат отворени до крајот на 2026 година, со што повеќе од 1.800 деца ќе можат да се сместат во овие капацитети,- - Ѓоко Велков- министер за социјална демографија, спорт и млади.

Како што рече Велков, изминативе години во градинките се вработени и повеќе од 900 воспитувачи и друг стручен кадар со цел подобрување на условите за згрижување на децата.

Министерот посочи и дека Министерството постојано ги следи демографските трендови и потребите на секоја општина, со помош на детални анализи за бројот на новородени деца и капацитетите на градинките, за како што рече навремено да се планираат нови инвестиции и да се обезбеди место за секое дете.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бакарот станува стратешки ресурс - Македонија со потенцијал но без реализирани проекти

Додека Македонија располага со значајни резерви на бакар, на глобално ниво експертите предупредуваат дека растот на побарувачката може да создаде сериозен јаз во снабдувањето со овој критичен минерал, клучен за зелената транзиција. 

Бакарот станува стратешки ресурс - Македонија со потенцијал но без реализирани проекти

За да се обезбедат доволни количини, до крајот на оваа деценија ќе бидат потребни околу 250 милијарди долари нови инвестиции во рударскиот сектор. Според Анис Насар од Светскиот економски форум, клучното прашање е дали производството ќе може да го следи растот на побарувачката, имајќи предвид дека бакарот станува неопходен за енергетските постројки на иднината.

-За некои од многу важните минерали, како што е бакарот, очекуваме да немаме доволно количини за да можеме да ги изградиме енергетските постројки кои ни се потребни. Ако еден минерал е важен, а воедно има мала понуда, тоа го прави критичен,- Анис Насар – раководител за критични минерали, Светски економски форум.

Во период кога светот се соочува со можен недостиг од бакар, останува прашањето дали Македонија ќе успее својот потенцијал да го претвори во економска придобивка. Можностите се препознаени и во Стратегијата за минерални суровини 2026–2046, која предвидува вклучување на земјата во европскиот синџир на снабдување со критични минерали. Сепак, конкретните инвестиции во рударството сè уште се во застој. Меѓу најзначајните проекти е „Иловица-Штука“, кој според инвеститорот има потенцијал за производство на над 10 илјади тони бакар годишно во период од околу две децении. Според Насар, во глобалната трка за критични минерали, земјите кои располагаат со ресурси стануваат стратешки партнери, а не само извозници на суровини.

- Некои земји имаат доминантна или водечка улога во синџирот на снабдување. Тие можат да ја користат својата водечка позиција во било какви економски преговори, а ова може да предизвика и трговски бариери. Другиот аспект се однесува на националниот интерес во земјите со растечка индустрија кои ги поседуваат тие минерали. Многу земји се заинтересирани, не само за ископ на минералот и извоз на рудата, туку и за преработка во рамките на нивните граници,- Анис Насар – раководител за критични минерали, Светски економски форум.

Експертите предупредуваат дека предизвикот не е само во резервите, туку и во брзината со која светот може да обезбеди нови количини на критични минерали. Анализите покажуваат дека отворањето нови рудници и изградбата на капацитети за преработка траат со години, што е случај и во Македонија, додека побарувачката расте многу побрзо.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер