Преплашените капачи гледаат од брегот што се случува и не смеат да се приближат до водата-ВИДЕО - Канал 5

Преплашените капачи гледаат од брегот што се случува и не смеат да се приближат до водата-ВИДЕО

Снимка од која замрзнува крвта...

Преплашените капачи гледаат од брегот што се случува и не смеат да се приближат до водата-ВИДЕО

Нејзиното однесување, пливањето и фрлањето во водата излгедаат доста необично.

Најголем број напади од ајкули се забележани во САД, особено на брегот на Флорида, но исто така се забележани промени во однесувањето на овие предатори.

Стручњаците за ајкули се сомневаат дека многу шверцери на дрога од Јужна Америка кога ќе налетаат на поморската полиција големи количини дрога фрлаат во близина на брегот на Флорида. Морскиот свет, меѓу кој и ајкулите доаѓаат во контакт со наркотиците, па се однесуваат сосема неприродно.

На видеото што се појави на социјалните мрежи се гледа како неколкумина капачи уживаат во плиткото, кога одеднаш водата се запенува и од длабочините испливува ајкула.

Нејзиното однесување, начинот на кој плива и се фрла во водата изгледаат прилично необично, а неколкуте капачи кои се најдоа во плиткото трчаат кон брегот за да спасат жива глава.

Меѓутоа, ајкулата продолжува да плива кон брегот и застанува на самата плажа. Преплашените капачи од брегот гледаат што се случува и не смеат да се приближат до водата.

Следеа многубројни коментари.

- Луѓе мои, дали е ова реално?! Еве зошто останувам на брегот и не влегувам ни во плиткото!

- Мора да сфатите дека вие пливате во нивниот дом, таму јадат и спијат. Ако случајно ве вкусат.... Можеби не треба да ги посетувате.

-Ајкулите се неверојатни. Тоа е нивна територија. Нивен дом. Тие ги населиле океаните уште пред ние да постоиме. Ајкулите навистина не сакаат да јадат луѓе, обично погрешно ве идентификуваат. Изгледате како храната што ја јадат или едноставно се многу гладни.

- А како ќе знам дали е гладна или не?

- Зошто се однесува вака чудно? Никогаш не сум видел ајкула да плива вака! Нешто чудно ѝ се случува...

- Можеби изела некој расипан човек па ја боли стомакот... Шегата на страна, бидете внимателни, ова не е шега – се само дел од коментарите на оваа објава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

Денес се навршуваат 82 години од бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола.

Општина Битола: 82 години од бегството на политичките затвореници од затворот кај Црн Мост

По тој повод, на местото, каде што некогаш се наоѓал затворот, во близина на „Црн мост“, свежо цвеќе положија и се поклонија заменик градоначалничката на општина Битола, Марина Крстиќ , советници од Советот на општина Битола, претставници на политички партии, како и претставници на Сојузот на борци од Битола.

На 6 септември во 1944 година, се случило бегството на политичките затвореници од Централниот областен фашистички затвор во Битола, каде беа затворани политички затвореници од целата битолска околија. Фашистичкиот воен суд во Битола изрекол казни за над 250 учесници во Народноослободителното и антифашистичко движење. Над 50 од нив беа осудени на смрт со бесење, над 20 беа осудени на доживотна робија, а другите на временски казни со строг затвор од една до 20 години.

Соочена со поразот на фашистичката власт, Управата на затворот, три дена пред капитулацијата на Бугарија била приморана да дозволи да се отворат затворските порти и околу 120 политички затвореници избегале од него. По бегството од затворот сите политички затвореници успешно се вклучиле во завршните операции на македонската војска за конечно ослободување од окупаторот.

6 септември е ден за сеќавање на хероите, кои несебично ги дадоа своите животи за слободата на Македонија.

Општина Битола

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Николоски: Градежништвото силен двигател на македонската економија

“ Градежништвото е силен двигател на македонската економија. Во второто тромесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 % споредено со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и додаде:

Завршени се работи во вкупна вредност од 14,9 милијарди денари или приближно 242 милиони евра.

Растот на градежништвото е добар поддржувач на домашната економија.

Овие бројки покажуваат дека политиките на Владата даваат резултати, инвестициите во:

- автопати

- експресни патишта

- железница

- над 1200 проекти во општините

- аеродроми

ќе продолжат со уште позасилено темпо.

Ја поставуваме државата вистинска стратешка раскрсница на Балканот.

Ја градиме Македонија-напиша заменик претседателот на Владата, Николоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

Откако СДСМ јавно го објави документот за ново задолжување на граѓаните од 1,3 милијарди евра владата се обидува да се оправдаат со нови лаги и манипулации. 

СДСМ: Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг - СДСМ ги разобличува нивните лаги

СДСМ повторно ги разобличува нивните лаги.

1.Според објавените податоци на Министерството за финансии, во јавниот долг заклучно со јуни 2026 година не е вкалкулиран новиот долг од 350 милиони евра на ЈП за државни патишта (ЈПДП).

Значи Кочовска и Мицкоски го фингираат јавниот долг.

Но очигледно Кочовска го крши и Законот за јавен долг во кој стои дека во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Долгот за ЈПДП е сокриен и не постои во последната табела за јуни оваа година бидејќи со него веќе долгот би бил над 11 милијарди евра.

Значи со фингирани табели мафта Кочовска.

Позадината на сето ова е во подмолната операција која ја смислија криминалната организација со одлуката ЈПДП директно да се задолжува. Тоа имаше за цел шверцерски да го намалат дефицитот во буџетот.

Но бидејќи пари во Буџетот нема сега сакаат да го фингираат и јавниот долг.

Ова веќе не е прашање на политичко толкување, туку прашање на законитост, точност и кредибилитет на официјалните финансиски податоци на државата.

2.Обидувајќи се да се оправда за зголемувањето на долговите на 12 милијарди евра, односно 65% од БДП, Кочовска влета во нова лага.

Ако задолжувањето од 1,3 милијарди евра било планирано за 2027 година зошто одлучувале на седница на Влада 5 месеци порано и 4 месеци пред крајот на тековната година?

Вистината е сосема спротивна.

Вистината е дека владата на Мицкоски нема пари во буџетот и може да ја затвори ниту оваа фискална година без ново задолжување.

Вистината е дека се преговара и за нови долгови со некои кредитори.

Вистината е дека до крајот на годината ќе мора да има ново поголемо надворешно задолжување и тоа ќе биде екстремно скапо со вонредно висока камата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер