Пренџов: ДУИ немаат јасна визија и став, предлагаат бесмислена интерпелација за Меџити

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет Меџити, предложена од ДУИ, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ја поддржи.

На денешната собраниска седница за интерпелации зеде збор пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Пренџов кој во однос на интерпелацијата за Изет Меџити, предложена од ДУИ, истакна дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ја поддржи затоа што предлагачите немаат јасна визија, конкретни причини односно немаат јасен став и дека станува збор за бесмислени дискусии со намера ДУИ да направи дефокус којшто не оди во прилог на никого.

„Почитувани колеги од ДУИ ве гледам, тешко зборувате дел од вас нешто пелтечат, немате јасна визија, јасен став, немате јасни причини. Сметам дека дефокусот од она кое се случува во општеството во слика на некој лажен патриотизам, не оди во прилог на никого. Сметам дека обидот за било какво влошување на меѓуетничките односи не е добро и тоа нема да ви го врати изгубениот рејтинг. Тоа нема да ви ја врати изгубената доверба кај гласачите, туку тоа носи последици“, вели Пренџов.

Пратеникот Пренџов наведе дека ДУИ треба да го подржат транспарентното работење на Владата и мерките кои се во интерес на сите граѓани во Република Македонија, затоа што тие се суштински за подобро функционирање на државата.

„Она коешто треба да го подржите, се мерки на Владата коишто се од интерес на сите. Еден збор не кажавте дека покачувањето на 5000 денари на пензионерите е за сите, еден збор не кажавте дека новиот автопат од Тетово до Гостивар ќе го возиме сите, ќе го возиме сите конечно автопатот од Кичево до Охрид. И таа ваша малодушност којашто гласачите ја гледаат, во октомври на локални избори ќе ви ја соопштат многу по јасно, бидејќи, очигледно, не го разбирате пулсот на обичниот човек“, рече Пренџов.

Исто така, пратеникот додаде дека пратеничката група нема да ги поддржи интерпелациите и дека време е ДУИ да се реформираат како нормална партија во опозицијата и да се приклучат на промените.

„На Република Македонија и треба стабилност и треба подобар стандард, просперитет, подобро здравство и подобро образование. Приклучете се на промените како опозиција, реформирајте се како нормална партија во опозиција. Овие интерпелации не ги поддржуваме, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да ги поддржи. Поддржуваме политики за развој на сите, за просперитет на сите и за едно подобро утре на цела Република Македонија", кажа тој.

Фото: Ријана во секси долна облека, објавата има над 2 милиони лајкови

Светската музичка ѕвезда Ријана повторно воодушеви со фотки во секси долна облека.

Популарната пејачка Ријана објави неколку провокативни фотографии за да ја претстави најновата колекција на нејзиниот бренд „Savage X Fenty“.

36 годишната Рири која е и успешна бизнисменка позираше во сензуална долна облека и ги воодушеви следбениците на социјалните мрежи.

Бујната пејачка носи црно,чипкано боди со извезени рози кои ја истакнаа нејзината фигура, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и оглавици.

Објавата има над 2 милиони лајкови на Инстаграм.

Македонија поразена од Франција во последниот меч на СП 2025

Со пораз од 32-25 (18-14) од фаворитот за медал Франција , најдодобрата репрезентација на Македонија го заврши настапот на 29 Светски шампионат. 

Вечерва во последниот меч од втората фаза црвено жолтите беа достоен противник на големата Франција иако на крајот беше запишан вториот пораз во шестиот мундијалски напревар.

Црвено-жолтите по шесте средби на СП 2025 година и остварениот скор од две победи, две реми и исто толку порази може да се каже дека одиграа едно квалитетно првенство во кое ја прекинаа лошата низа од последните четири големи натпреварувања во кое не успевавме да обезбедиме пласман во втората рунда.

И вечерва наш најдобар стрелец беше првиот мундијалски снајпер Филип Кузамановски со 8 погодици, а признанието најдобара поединец на мечот заслужено заврши во рацете на младиот плејмејкер Марко Митев.

По вечерашниот пораз од Франција, македонскиот национален тим дуелите во Главната фаза ги заврши на 4 место со 4 поени исто колку што имаше и селекцијата на Австрија. На првите три позиции се Франција, Унгарија и Холандија.

И покрај поразот, честитки за борбената,мотивирана и квалитетна игра заслужува целиот македонски тим од најсиксуниот голманот Митревски,преку капитенот Кузмановски до најмладите Атанасијевиќ, Галевски, Митев...

Нашата најдобра селекција Светскиот шампионат на крајот ќе го заврши на позиција од 13- до 16 место , најверојатно како 15 репрезентација на Светот, што секако е одличен пласман за овој наш подмладен тим.

Македонија според игрите во Вараждин и покажаниот квалитет, бевме рамновравен ривал на сите противници и на оние од врвот на европскиот и светски ракомет, може да се каже дека доби тим за долг период . Шесте мундиајлски средби сигурно ќе значат многу во иднина за нашите млади репрезнативци, Митев, Ѓоргиев, Џоновс, браќата Атанасијевиќ, Галевски и останатите.

Фото: Нивес ужива во Дубаи

Најпознатата хрватска старлета, која воедно е и писателка и водителка Нивес Целзиус покажа како ужива во монденскиот Дубаи.

Провокативната Нивес откако неодамна го објави своето патување, откри дека нејзината крајна дестинација бил Дубаи.

На социјалните мрежи хрватската старелета на радост на фановите објави фотки од одморот на кој таа позира во секси бикини а во преден план се нејзините бујни облини .

Нивес во Дубаи заминала со својата ќерка Таиша и една блиска пријателка.

притисни ентер