Премиерот Заев се обрати на свечената академија по повод Денот на албанската азбука

Да ги почитуваме, чуваме и негуваме разликите на секоја заедница, и да имаме комуникација, разбирање, толеранција и заедништво, рече заев на свечената академија .

Премиерот Зоран Заев вечерва се обрати на свечената академија по повод 22-ри ноември - Денот на албанската азбука.

Во продолжение во целост ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев:

„Ми претставува посебна чест што Ви се обраќам на оваа свечена академија посветена на чествувањето на 22-ри ноември - Денот на албанската азбука, кога се одбележуваат 111 години од одржувањето на „Битолскиот конгрес“, свикан за да се усвои унифицирано албанско писмо.

Уште повеќе ме радува фактот што вечерашната свечена академија во чест на овој значаен настан од историјата на албанскиот народ и од историјата на Република Северна Македонија, е само еден од низата настани организирани со голема почит овие денови, по повод Денот на албанската азбука, со што уште еднаш ја потврдуваме определбата на Владата за почитување и унапредување на етничката и културната разноличност.

Денот на азбуката се смета за еден од клучните настани во историјата на албанскиот народ, ден кога албанското писмо преку унифицирање и стандардизирање на азбуката стана рамноправен дел од модерното-формираните европски писма и дел од разноличното светското културно наследство.

Во градот на конзулите, Битола, избран за седиште на овој конгрес, кој се одржа од 14 до 22 ноември 1908 година, се собрале сите истакнати личности во културниот и политичкиот живот од почетокот на 20 век, претседателот на Конгресот, Митат Фрашери и потпретседателите Луиѓ Гуракучи и Ѓерѓ Киријази, претседателот на Комисијата Ѓерѓ Фишта и други истакнати личности како ‘Ндре Мједа, Шахин Колоња, Сотир Пеци, Бајо Топули и единствената жена на Конгресот Парашчеви Чиријази, за да направат уште еден чекор во албанската култура и историја и да ја усвојат азбуката составена од 36 латински букви, којашто е во употреба до ден денес.

Сведоштво за важноста на „Конгресот во Битола“ – “Kongresi i Manastirit”, освен големиот број на делегати и албански интелектуалци, се и експонатите во поставката на Музејот на албанската азбука во Битола, каде се наоѓа одлуката за единствено, стандардизирано албанско писмо. Поставката се состои од 56 фотографии и повеќе од 230 дигитални и хартиени документи, меѓу кои и првиот пишуван запис на албанскиот јазик од Пал Енџели од 1462 година.Оваа година се навршуваат и 50 години од објавувањето на читанките за настава на унифицираниот, стандарден албански јазик. Читанките на авторите Хаџи Фида, Хамза Река и на Муса Арифи, како и авторот на букварот Џеват Гега, се вградени сите заедно во афирмацијата на албанскиот јазик, образованието и во негувањето на културните вредности на албанскиот народ.

Јазикот и писмото, како најсилни основи на националниот идентитет преку кои се чува и се афирмира духовното наследство, претставуваат и потенцијал за општествена интеграција, образование и развој на една заедница која не може да опстојува изолирана и самодоволна.

Во таа насока наша должност и одговорност не е само да ги почитуваме, чуваме и негуваме етничките, националните, верските и културните разлики на секоја заедница, туку да го искористиме тој потенцијал за да се воспостави комуникација, разбирање, толеранција и заедништво.

Одбележувањето на културните традиции, датуми и духовни наследства на другиот, придонесува кон градење на едно и единствено општество, за сите, со проевропска и просперитетна иднина.

Тоа е посебноста и суштината на нашето заедништво. Нека ни е честит Денот на албанската азбука.

Украина: Околу 30 мажи загинаа од почетокот на војната во обид да ја напуштат земјата

Портпаролот на украинската гранична служба Андриј Демченко изјави дека околу 30 мажи од Украина загинале од почетокот на војната со Русија во февруари 2022 година, обидувајќи се илегално да ја преминат границата и да избегнат учество во војната.

„Некои ги загубија животите додека се обидуваа да преминат планински реки или стрмни планини. Вкупно, од почетокот на инвазијата, околу 30 луѓе загинаа обидувајќи се илегално да ја преминат границата“, изјави Демченко.

Тој наведе дека од почетокот на војната досега биле откриени околу 450 криминални групи кои се обидувале да прошверцуваат луѓе преку граница и дека такви обиди се случуваат секој ден.

Студентите кои протестираа поради војната Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас

Студентите кои протестираа поради војната меѓу Израел и Хамас се судрија со полицијата во Тексас.

Демонстрантите и полицијата синоќа се судрија во кампусот на Универзитетот во Тексас при што дојде до десетици апсења, а Универзитетот Колумбија во Њујорк почна да ги суспендира студентите, јавија странските агенции.

Според локалниот адвокат на Универзитетот во Остин, најмалку 40 демонстранти се уапсени синоќа под обвинение за нарушување на јавниот ред.

Доцна синоќа, Универзитетот објави соопштение во кое се вели дека многу од демонстрантите не се поврзани со институцијата и дека камповите се забранети во кампусот. Исто така, се наведува дека некои демонстранти влегле во „физички и вербални конфронтации“ со претставници на Универзитетот, што ги натерало службениците да контактираат со полицијата.

Протестот во Тексас и другите протести низ земјата уследија по протестите на Универзитетот Колумбија во Њујорк, кои се уште траат. Активистите во универзитетскиот кампус синоќа го пропуштија рокот да го напуштат кампот со околу 120 шатори.

Иако управата на Универзитетот не повика полиција да ги растера демонстрантите, портпаролот на Универзитетот Бен Чанг рече дека започнале процес за отпуштање на студентите. Тој рече дека иако Универзитетот го почитува правото на студентите на слободен говор, кампот ја попречува наставата и подготовката за завршните испити. Универзитетот соопшти дека ќе понуди алтернативно место за протести по испитите.

Најмалку шест жртви во напад во џамија во Авганистан

 Вооружен маж уби шест лица и рани едно во напад во џамија во провинцијата Херат, западен Авганистан, соопшти рано утринава Министерството за внатрешни работи на земјата.

Непознато лице синоќа околу 21:00 часот по локално време пукало во верници во квартот Гузара, јужно од главниот град на провинцијата.

Шест цивили загинаа, а еден цивил е ранет“, соопшти портпаролот на МВР на социјалната мрежа Х.

притисни ентер