Премиерот Заев на средба со претставници од карате клубови од Македонија - Канал 5

Премиерот Заев на средба со претставници од карате клубови од Македонија

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски и советниците за спорт, остварија средба со претставници на Карате клубови од Македонија.

Премиерот Заев на средба со претставници од карате клубови од Македонија
Според соопштението од Владата, на средбата беше разговарано за предизвиците со кои се соочуваат карате клубовите во своето работење, како и предлози за конструктивно надминување на пречките, со цел развој на квалитетни спортски клубови и спортисти од областа на каратето.

Директорот на АМС, Каевски, ги извести претставниците на КФМ за конкретните чекори кои се преземаат од страна на Агенцијата за решавање на проблемите во КФМ и други спортски федерации во земјава. Тој во текот на средбата истакна дека најдоброто решение ќе произлезе од заедничките средби на сите засегнати страни.

На средбата Премиерот Заев ги задолжи директорот на АМС и советниците за спорт да ги искористат сите алатки во нивна надлежност за да се решат отворените прашања во интерес на спортистите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Културното лето во Кисела Вода: Вечерва забавата продолжува со 2Bona и Voyage

Одличен настап на Влатко Миладиновски, роденден на сцена за Лозано, еуфорија со Таско, а вечерва забавата продолжува со 2Bona и Voyage.

Културното лето во Кисела Вода: Вечерва забавата продолжува со 2Bona и Voyage

Кисела Вода викендов е центар на одлична забава и квалитетна музика. Втората вечер од Културното лето го претвори плоштадот Расадник во место со неверојатна енергија, каде илјадници посетители од сите генерации уживаа во настапите на познатите музички имиња.

Вечерта започна со одличниот сет на ДЈ Марио Трампет, кој направи совршена увертира за она што следуваше. Паркот ечеше од најубавите македонски народни рефрени во изведба на Влатко Миладиновски, по што сцената ја презеде македонската поп-ѕвезда Влатко Лозаноски - Лозано. За него ова беше двојно празнична вечер бидејќи токму синоќа го прослави својот 41 роденден, па пред бројната публика симболично дувна свеќичка на роденденската торта директно на сцената.

Вистинска еуфорија настана кога пред публиката излезе раперот Таско. Со својот препознатлив урбан звук и големите хитови, тој создаде одлична атмосфера во која публиката

постојано пееше и играше. Настапот донесе и еден посебен, емотивен момент. Имено, зад сцената беше присутна и неговата 75-годишна баба Павлинка, која за првпат дојде на негов концерт за да го поддржи својот внук.

Покрај големиот музички настан, вчерашниот ден попладнето имаше и своја хуманитарна страна. Во паркот „Шопен“ се одржа традиционалната Коријада во организација наЗдружението на пензионери од Кисела Вода, збогатена со изложба на ракотворби од дечињата со посебни образовни потреби. Сите собрани средства од овој настан се наменети за помош на семејствата настрадани од елементарни непогоди.

Програмата на Културното лето на Општина Кисела Вода продолжува во ист, силен ритам и денес, каде акцентот повторно е ставен на модерните звуци, популарните жанрови и атрактивните музички ѕвезди. Денот започнасо „Семеен ден“ во паркот Македонија, каде најмалите уживаа во дружба со аниматори, танцови точки со „Данса Латина Стефи“ и омилените детски песнички од фестивалот „Киселко“.

Нова голема забава следува вечерва на добро познатата локација на плоштадот Расадник, со почеток од 20:00 часот. Загревањето е резервирано за одличните локални млади локални бендови и ДЈ Доријан, кои ќе направат вовед во музичкиот спектакл. Вечерва Кисела Вода ќе биде домаќин на две исклучително популарни имиња – македонското хип-хоп дуо 2Bona, а веднаш по нив на сцената стапува и балканската ѕвезда Voyage! Сите граѓани се поканети и вечерва да бидат дел од одличната атмосфера во Кисела Вода, соопштуваат од Општината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјада дополнителни смртни случаи во Франција се должат на топлотниот бран

Франција регистрира дополнителни 1.000 смртни случаи за време на жестокиот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти денес агенцијата за јавно здравје.

Илјада дополнителни смртни случаи во Франција се должат на топлотниот бран

Франција регистрира дополнителни 1.000 смртни случаи за време на жестокиот топлотен бран што ја зафати Европа, соопшти денес агенцијата за јавно здравје, предупредувајќи дека реалниот број веројатно ќе биде поголем.

Детализирајќи го прелиминарниот број на дополнителни смртни случаи, француската национална агенција за јавно здравје „Санте Публик“ изјави дека повеќето од смртните случаи се кај постари лица и очекува стапката на смртност да се зголеми како што ќе бидат достапни информациите за смртните случаи во установите за нега и домовите.

Европејците издржаа сурови услови за време на топлотниот бран што е поврзан со десетици смртни случаи. Бранот ги сруши рекордите за топлина, го наруши производството на енергија и ја оштети инфраструктурата.

Научниците рекоа дека топлотниот бран, кој започна на 20 јуни, е најлошиот досега во Европа, каде што климата се менува побрзо од глобалниот просек.

Екстремните температури се намалуваат во Франција

Топлотниот бран се движи кон исток. Но, додека француската метеоролошка агенција соопшти дека екстремната топлина се намалила во поголемиот дел од земјата, некои области на североисток сè уште се под предупредување за топлотен бран.

Министерката за здравство, Стефани Рист, изјави за „Ла Трибјун“ дека ефектите од топлотниот бран би можеле да траат до 10 дена откако ќе се смири времето. „Епизодата не е завршена“, изјави таа за BFM.

Повеќето од смртните случаи се однесуваат на луѓе над 65 години, иако здравствените ефекти од екстремната топлина ги погодија сите категории на населението, според Санте Публик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца

Лишен од слобода маж од скопско поради сомнение за сторено кривично дело „убиство", во врска со случајот лишени се од слобода уште три лица.

Маж од скопско ја убил жената со која живеел, ден претходно лажно ја пријавил за исчезната- уапсени уште тројца

На 28.06.2026 во 01:20 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода С.Г.(51) со престојувалиште во с.Таор, скопско, поради постоење основи на сомнение дека ја убил Ж.Г.(48). На 26.06.2026 С.Г. пријавил во полициска станица дека од домот се оддалечила Ж.Г., со која живееле во иста куќа, а на 27.06.2026 пријавил дека ја пронашол почината Ж.Г. во близина на с.Летевци, скопско.

На местото излегле полициски службеници и јавен обвинител, по што телото кое било во фаза на распаѓање, по наредба на јавен обвинител е предадено на судска медицина за обдукција. Со С.Г. е извршен службен разговор и тој е лишен од слобода, а во врска со случајот лишени се од слобода и З.М.(62), Г.Б.(64) и М.Д.(69). Во координација со јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер