Премиерот на Катар во посета на САД - Канал 5

Премиерот на Катар во посета на САД

Катарскиот премиер шеик Мохамед бин Абдулрахман ал Тани денеска ќе ги посети Њујорк и Вашингтон и се очекува да се сретне со претседателот Доналд Трамп, потпретседателот Џ.Д. Венс, државниот секретар Марко Рубио и специјалниот пратеник Стив Виткоф.

Премиерот на Катар во посета на САД

Ал Тани ќе разговара за израелскиот напад врз Доха и статусот на преговори за прекин на огнот во Појасот Газа.

Посетата на Ал Тани на САД уследи откако Израел изврши напад врз претставници на Хамас во главниот град на Катар. Тој вчера дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху со нападот врз Доха, „ја убил секоја надеж“ за ослободување на израелските заложници.

Израел на 9 септември изврши напад врз Доха, при што загинаа шест луѓе. Хамас тврди дека израелскиот напад бил насочен кон нивната преговарачка делегација, додека израелската армија тврди дека мета било раководството на Хамас.

Катар, заедно со Египет и САД се клучни посредници помеѓу Израел и Хамас за време на војната во Појасот Газа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска и утре учествува на 21 меѓународна конференција – Бледски стратешки форум во Словенија.

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Фокус на геополитичките промени, безбедноста и проширувањето

Како што информираат од МНР, Муцунски ќе биде говорник на панел-дискусијата „Геополитички превирања: Централна и југоисточна европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, на која ќе се разговара за геополитичките промени што ги менуваат меѓународните односи. Од МНР информираат и дека во рамки на форумот, шефот на дипломатијата ќе присуствува и на работен појадок со министрите за надворешни работи од регионот, посветен на актуелните состојби и предизвици на Западен Балкан, а на маргините на форумот, предвидени се и повеќе билатерални средби на Муцунски со негови колеги министри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите пред седиштето на Европската Унија во Скопје ќе одржат протест испраќајќи пораки од Унијата да им го олесни пристапот на транспортерите од Западен Балкан, откако беа воведени посебни правила во Шенген зоната.

Протест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје

Транспортерите бараат престојот да не им биде ограничен на 90 дена во последните 180 денови како што тоа е случај со граѓаните. Утре, според најавите од превозниците, треба да имаат состанок во Брисел, а со денешниот протест сакаат да испратат апел до ЕУ да им го олесни движењето во Шенген зоната со што ќе можат непречено да работат. ТИЕ со барање дека ако не можат да има измени, како што е случајот со машиновозачите и пилотите, тогаш бараат наместо во денови, нивниот престој да се брои во часови и минути. Протести во исто време ќе има и во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес сончево и топло

Времето денес ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Денес сончево и топло

Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.

Од почетокот на новата работна седмица до почетокот на викендот ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност која ќе биде поизразена во среда и четврток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер