Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
1Минчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот сектор
3Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
1Трамп ги минимизираше ризиците што ги претставува вештачката интелигенција по сериозните предупредувања
СветПремиерот на Камбоџа испрати писмо до Советот за безбедност на ОН за итен одговор на вооружените судири со ТајландПремиерот на Камбоџа Хун Сен испрати писмо до постојаниот претставник на Пакистан во ОН и претставник на Советот за безбедност, во кое бара итен одговор на непријателските дејствија од страна на Тајланд, објавија камбоџанските медиуми.Премиерот извести за агресивните дејствија на тајландските вооружени сили против Камбоџа во пограничните области, особено во областите околу храмовите Тамоне Том, Та Крабеј и Мом Беј, во провинциите Преах Вихер и Одар Минчи. -Од раните часови на 24 јули, тајландските вооружени сили извршија неиспровоцирани и намерни напади врз камбоџанските позиции по должината на границата, се вели во писмото. Камбоџа силно ги осудува „агресивните дејствија, кои претставуваат сериозно кршење на основните принципи на меѓународното право, вклучувајќи ги принципите загарантирани во Повелбата на ОН и Повелбата на АСЕАН, и го нарушуваат територијалниот интегритет на земјата“. „Како одговор на нападите, камбоџанските сили беа принудени да дејствуваат во самоодбрана“. Премиерот бара Тајланд веднаш да ги прекине непријателствата, да ги повлече своите трупи од граничните области и да се воздржи од понатамошни провокации. Хун Сен потсети дека граничните спорови меѓу двете земји продолжуваат и покрај меѓународните договори потпишани во минатото, според кои двете земји се обврзуваат да ја решат границата врз основа на овие документи. -Сегашната тензија произлегува од неосновани тајландски тврдења засновани на еднострано нацртани мапи што се спротивставуваат на меѓународните договори, се вели во писмото. Камбоџа, исто така, ги отфрла како неосновани и лажни обвинувањата на Тајланд во врска со инцидент со мина во кој тајландска патрола отстапила од однапред договорената рута и влегла во опасна област на камбоџанска територија. -Особено е вознемирувачки што нападите се случиле во време кога Камбоџа бара мирни и законски начини за решавање на спорот, вклучително и со поднесување тужба до Меѓународниот суд на правдата на 2 јуни 2025 година за четири спорни гранични области и организирање состанок на Заедничката гранична комисија во Пном Пен во јуни, вели тој. Премиерот нагласува дека овие постапки на Тајланд сериозно го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот и бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН, како и писмото да се дистрибуира до сите негови членки како официјален документ.Тагови: совет за безбедност Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинчев: Еднаква плата за еднаква работа - од реформа до функционален систем на плати во јавниот секторДенес, системот на плати во јавниот сектор се уште се карактеризира со различни правила, процедури и практики меѓу институциите. Тоа создава нееднаквости и ја отежнува примената на јасни и единствени стандарди за вреднување на работата. Затоа, воспоставувањето поусогласен, транспарентен и праведен систем на плати е една од важните реформи на кои Министерството за јавна администрација посветено работи. Во насока на оваа реформа, денеска започна петдневната TAIEX експертска мисија посветена на воспоставување единствен и усогласен систем на плати во јавниот сектор. Мисијата ја отворија министерот за јавна администрација, Горан Минчев и вршителката на должноста амбасадор на Република Грција, Христина Василату, а во нејзини рамки експерти од грчкото Министерство за национална економија и финансии ќе го пренесат искуството од грчкиот Единствен систем на исплата, модел кој овозможува централизирано и усогласено управување со исплатите во јавниот сектор. „Нашата цел е јасна, да воспоставиме систем во кој правилата ќе бидат јасни и еднакви за сите, а принципот „еднаква плата за еднаква работа“ да биде реално применлив во целиот јавен сектор“ порача министерот Минчев. Министерството работи на новата законска рамка за системот на плати, со план законското решение да биде заокружено до крајот на 2026 година, а неговото постепено и систематско спроведување да започне во 2027 година. „Не сакаме да копираме туѓ модел. Сакаме да го разбереме, да го анализираме и врз основа на нашите институционални, законски и финансиски услови да изградиме решение кое ќе биде функционално и применливо за Македонија“ истакна Минчев. Според него, целта е да се создаде систем што нема само да ги поедностави процесите, туку ќе донесе поголема транспарентност, подобра контрола на јавните средства и поквалитетни податоци за носење јавни политики. За Министерството за јавна администрација, ова е конкретен чекор во реформата за градење на поефикасен и поправеден систем на плати, систем во кој правилата се јасни, одговорноста е прецизно утврдена, а јавните средства се управуваат поефикасно и потранспарентно. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Арамија Мицкоски повторно лаже со статистика - „Фич“ не кажа дека се живее подобро Шефот на ВМРО-ОКГ повторно излезе да слави бројка што не се мрднала.2024: BB+ 2026: BB+ Тоа не е напредок. Тоа е исто. А тој тоа го продава како лоша вест за опозицијата и како доказ дека народот живее подобро. Лаже уште додека ја чита оценката. Што значи BB+ на јазик што го разбира секој: Нема инвестициски рејтинг. Инвестицискиот почнува од BBB. Ние сме под тоа. Државата и натаму се смета за ризична. Зошто? Затоа што сè уште не сме дел од ЕУ. Затоа што Мицкоски не ги спроведува потребните реформи. СДСМ го направи првиот чекор и ја обезбеди сигурноста за инвестициите со влезот во НАТО. Сега ни е потребна ЕУ за да продолжиме да напредуваме. Затоа се Мицкоски задолжува поскапо од земјите со BBB. Истиот ризик. Истата цена на долгот. Истата приказна. „Фич“ не му напиша пофалница на Мицкоски за стандардот. Агенцијата со две години ги повторува истите дупки: голем фискален дефицит, ниска продуктивност, демографски проблем. Државата троши повеќе отколку што собира. Работи помалку вредност отколку што треба. Луѓето си одат. Тоа не е економски тигар. Тоа е предупредување во фуснота, а арамијата го чита како химна. И најважно: оваа оценка не зборува за животот на граѓаните. Не ја мери потрошувачката кошничка. Не го мери горивото. Не ја мери киријата. Не ја мери минималната плата што стои. Не го мери фрижидерот. Граѓаните не живеат во извештај на „Фич“. Живеат со цени до плафон во продавница, маркет, пазар. Таму цената оди нагоре. Горивото јаде плата. Поскапувањата не чекаат рејтинг. Минималната плата не расте. А најсилниот показател не е ни БДП ни BB+ туку празни фрижидери и празни паричници на граѓаните. Подобар показател од тоа нема. Кога Мицкоски вели „денес се живее многу подобро отколку пред три години“, не го гледајте „Фич“. Погледнете ја сметката. Ако оценката е иста како во 2024, а кошницата е потешка, лагата е очигледна. Арамија чим ќе зине - лаже. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Нова утка на СДС ботовска, бројат само до 50 илјади и манипулираатСДС се однесува како бот и чита само наслови Без да навлезе во суштината. Впрочем по интелектуалното ниво ако се цени како да Заев им ги пишува соопштенијата повторно. Тие утрово обвинија дека претседателот на Владата Мицкоски наводно излажал кога кажал дека на прославата за независност имало 200 илјади посетители, кога имало само 50 илјади, како што кажал Дејвид Гета. И тоа е така ако се чита ботовската логика на СДС. Но, она што го кажува Мицкоски е дека над 200 илјади граѓани ги посетија настаните за независност, од кои само 50 илјади концертот на Гета. Ако не веруваат, нека ја преслушаат изјавата. Впрочем, веројатно оние кои само не биле на прославата се од СДС, иако таинствено, без да ги видат другите, веројатно потслушнувале или скришум гледале некој од настаните, затоа што импресионираноста не можат да ја сокријат штом 10 дена верглаат во празно една иста тема. Нивната завидливост е обратнопропорционална со среќата и возбудата на граѓаните. За да им биде полесно, еве уште еднаш им го испраќаме видеото кое го објави Дејвид Гета за Скопје, Македонија. Името кое СДС ботовски претходно го смени. Нека уживаат https://www.facebook.com/reel/1564598228179847/ Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook