Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје - Канал 5

Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска во 12:00 часот ќе го посети реконструираното одделение за систематски преглед во Институтот за јавно здравје, во вредност од 1.500.000 денари.

Премиерот Мицкоски во посета на Институтот за јавно здравје

Како што соопшти владината прес-служба, предвидено е изјава за медиуми да даде премиерот Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува

Новиот претседател на српското собрание, Александар Чупиќ, кој привремено ја извршува и функцијата претседател на Србија добил покана да учествува на Самитот на Европската унија и Западен Балкан, што ќе се одржи на 25 ноември во Брисел.

Новиот претседател на српското собрание Чупиќ поканет на Самитот во Брисел, но одбил да присуствува

Од делегацијата на Европската унија во Србија информирале дека Чупиќ изразил жалење што нема да може да присуствува на состанокот, но не ја наведуваат точната причина за тоа. Поканата ја упатил претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Во писмото тој навел дека самитот ќе биде можност за разговор за клучните прашања поврзани со соработката меѓу Европската унија и земјите од Западен Балкан.

Инаку, поранешниот српски претседател Александар Вучиќ одби да учествува на Самитот во Брисел во декември 2024 година, незадоволен од тогашната одлука на Европската унија да не го отвори кластерот 3 во пристапните преговори со србија, кој се однесува на конкурентноста и инклузивниот раст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!

Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот.

Денес граѓаните на Крива Паланка излегоа на мирен протест-Одиме до крај — додека не се спроведе законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот!

Многубројни граѓани од Крива Паланка и околните села денес, 21 ноември, се приклучија на мирниот протест кај мотел „Македонија“, изразувајќи поддршка за барањата за безбедност, заштита на имотот и итно спроведување на решенијата за одземање на добитокот.

Под пораката „За безбедност, за заштита на имот и за спроведување на законот!“, присутните побараа неодложни, координирани активности на надлежните институции и трајно решавање на проблемот.

„Одиме до крај, додека не биде спроведен законот и последното грло добиток не биде изнесено од градот. Оваа агонија и голгота мора да престане. Дадов збор дека ќе останам со народот до крај и тој збор ќе го одржам“, порача градоначалникот Сашко Митовски.

Митовски побара надлежните институции да ги исполнат своите обврски и да ги спроведат решенијата донесени пред повеќе од две и пол години. Нагласи дека граѓаните предолго ги трпат последиците и дека заштитата на нивните семејства, имоти и егзистенција бара итно постапување.

На протестот се обрати и претседателот на Советот на Општина Крива Паланка, Миле Трајковски, кој порача дека остануваат со граѓаните до решавање на проблемот и најави порадикални протестни мерки доколку изостане конкретно институционално постапување.

Оштетени граѓани сведочеа за уништени насади, оштетени имоти, големи материјални загуби и закани со кои се соочувале. Побараа заштита на своите семејства и услови за безбедно живеење и непречено обработување на земјоделските површини.

Денешниот протест следува по мерките предложени од Општинскиот кризен штаб, барањето за прогласување 30-дневна кризна состојба и многубројните јавни апели. На 18 ноември, градоначалникот и засегнати граѓани поднесоа кривични пријави со барање да се испита одговорноста за неспроведувањето на решенијата. Доставени се и претставка до ДКСК и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат.

Општина Крива Паланка останува покрај своите граѓани, со јасно барање за спроведување на решенијата, институционална одговорност и конкретни резултати на терен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Делчево ќе добие современа спортска сала - Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Министерството за спорт продолжува со реализација на проектите за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава. 

Делчево ќе добие современа спортска сала - Ристовски: Ги враќаме во живот спортските центри низ цела Македонија

Во Делчево денеска официјално започнаа градежните активности за реконструкција на спортската сала, значаен проект во вредност од 50 милиони денари, со кој ќе се обезбедат современи и квалитетни услови за развој на спортот во општината.

Почетокот на градежните активности го означија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за спорт, Борко Ристовски и градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски.

Министерот Ристовски, истакна дека реконструкцијата на спортската сала е дел од пошироката стратегија на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортската инфраструктура низ целата држава.

„Овој проект е уште еден чекор во она што Министерството за спорт сака да го направи, а тоа е враќање во живот на сите спортски центри на територијата на цела Македонија. Со реконструкцијата на оваа спортска сала Делчево ќе заживее како спортски град, а што е уште поважно, децата и младите ќе имаат место каде што ќе можат да се занимаваат со спорт. По реконструкцијата, која треба да биде реализирана во рок од 18 месеци, сигурен сум дека овој објект, кој со години пропаѓал, ќе прерасне во современ спортски центар, во кој ќе може да се организираат и поголеми спортски настани“ - истакна Ристовски.

Министерот за спорт нагласи дека спортската инфраструктура е основа за развојот на спортот и токму затоа Министерството за спорт посветува посебно внимание на овој сегмент.

„Упатувам голема благодарност до претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, за поддршката што ја имаме во спроведувањето на ваквите инфраструктурни проекти како и до градоначалниците и локалните самоуправи со кои имаме добра соработка во реализацијата. Без сето тоа не би можеле да се реализираат овие капитални проекти кои значат многу за македонскиот спорт и генерално за граѓаните, особено за младите на кои мора да им обезбедиме современи, достапни и безбедни објекти за спорт и рекреација“ - рече министерот Ристовски.

Реконструкцијата на спортската сала во Делчево е дел од континуираните инвестиции на Министерството за спорт и Владата во подобрување на спортските услови и инфраструктурните капацитети.

Во рамките на оваа програма на Министерството за спорт во изминатиот период целосно се реконструирани спортските сали во Радовиш, Ново Село и спортската сала „Расадник“ во Скопје, започната е реконструкцијата на салата „Македонија“ во Прилеп, а паралелно се реализира и изградба на три нови спортски сали – две во Скопје и една во Крушево.

Министерството за спорт останува посветено на реализација на конкретни инфраструктурни проекти со цел создавање современи услови за спортување, унапредување на спортскиот потенцијал и поттикнување на младите да бидат активни и да се занимаваат со спорт.


Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер