МакедонијаПремиерот Мицкоски со владина делегација во официјална политичка и економска посета на АвстријаОсвен поддршка за македонските евроинтеграции, канцеларот Штокер изрази и задоволство од македонско-австриските билатерални односи.Македонија очекува гаранции по три клучни точки за да се надмине проблемот со Бугарија, бидејќи досегашната билатерализацијата на пристапните преговори е исклучително тешка и фрустрирачка за македонскиот народ, порача премиерот Христијан Мицкоски од Виена на заедничка конференција со австрискиот канцелар Кристијан Штокер, остварена во рамки на официјалната политичко-економска посета на Австрија. -Зарем има втор пример во Европа кој што може приближно да каже дека направил нешто како што ние сме направиле во името на европските интеграции? Но она што е за нас поважно се гаранциите кои што ние ќе ги добиеме и ги очекуваме во рамките на Европскиот совет за нашиот македонски идентитет, прво, второ дека нема да има дополнителни билатерални прашања кој што попатно некој дополнително ќе ги отвори и трето што правиме со македонската заедница?- Христијан Мицкоски, претседател на влада Австрискиот канцелар, пак изрази поддршка за моделот на постепена интеграција на земјите кандидатки од Западен Балкан, за кои рече дека ЕУ не смее да ги испушти, а од земјите кандидатки како и од Унијата побара да ги завршат неопходните задачи. -Сите треба да ги исполниме потребните задачи. Решението нема да дојде од надвор, ниту од Брисел ниту од Виена. Вашата земја долго време беше пример за целиот регион долго време и не сакаме овој напредок да се изгуби. Патот кон ЕУ е вистинскиот пат, оној што води кон трајна стабилност и просперитет. Дотогаш, нашиот концепт за постепена интеграција е добар инструмент. Истите правила мора да важат за сите кандидати, без брзи и скратени патеки. - Кристијан Штокер, канцелар на Австрија Освен поддршка за македонските евроинтеграции, канцеларот Штокер изрази и задоволство од македонско-австриските билатерални односи. Тој посочи дека Австрија е најголемиот странски инвеститор во државава, со инвестиции вредни 1,3 милијарда евра а исто така упати и пофалби за успешната интеграција на македонската дијаспора во Австрија за која рече дека сочинува над 27 000 граѓани. Во рамки на посетата премиерот Мицкоски и канцеларот Штокер ќе се обратат и на бизнис форум за продлабочување на економската соработка меѓу двете земји, а во состав на владината делегација се и министрите Александар Николоски, Тимчо Муцунски, Сања Божиновска и Муамед Хоџа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
ЕвропаПукотница на забава во Швајцарија- има загинати и повредени (Вознемирувачко видео) Во швајцарскиот град Арау, синоќа се случило пукање на рејв забава каде што се собрале околу 3.500 луѓе. Според првичните информации, најмалку едно лице е убиено, а петмина се ранети, од кои некои потешко. Напаѓачот или повеќе се во бегство, а полицијата спроведува обемна потрага, во која е вклучен и воен хеликоптер. Мотивите за нападот и точните околности сè уште се непознати, а граѓаните се повикуваат да ја избегнуваат областа. Најмалку едно лице е убиено, петмина се ранети „Според првите сознанија, ноќната пукање во областа Шахен во Арау резултираше со една смрт и петмина ранети, од кои некои потешко. Потрагата по сторителите, кои засега се непознати, е во тек“, објави кантоналната полиција на Ааргау, додавајќи дека „можните мотиви и точните околности на делото сè уште не се разјаснети“. Големи области од градот Арау се блокирани, соопшти полицијата, и го зголемија своето присуство надвор од градот како мерка на претпазливост. Сведок: Се скривме под диџејската маса Една читателка му раскажа на Блик како нејзината пријателка од прва рака го видела нападот и се скрила под диџејската маса, додека друг очевидец од настанот рекол дека на почетокот помислил дека некој пали огномет. Реткост во земја со многу оружје Арау е мирен град со околу 22.000 жители и административен центар на кантонот Аргау, кој се наоѓа на север од Швајцарија, околу четириесет километри западно од Цирих. Масовните пукотници и вооружените напади на јавни собири се исклучително ретки во Швајцарија, и покрај фактот дека земјата има една од највисоките стапки на поседување огнено оружје во Европа и светот поради нејзиниот систем на регрутација и традицијата на стрелаштво. Сепак, строгите закони за набавка и складирање на муниција го прават вооруженото насилство на улиците вистински преседан. Најлошиот вооружен напад во поновата швајцарска историја се случи во септември 2001 година во Цуг, кога вооружен човек упадна во локалниот кантонален парламент и уби 14 политичари и функционери пред да се самоубие. На забавата имало илјадници луѓе Швајцарскиот весник „Блик“ објави дека истрелите биле испукани пред 3 часот наутро на „Арауер Рејв“, годишна техно забава која привлекла околу 3.500 луѓе на хиподромот во Арау помеѓу 15 часот во саботата и 2 часот наутро во неделата. Инцидентот наводно „се случил на хиподромот“, изјави портпаролката на полицијата Ванеса Рамполд за весникот. Засега, полицијата може да потврди дека „биле испукани неколку истрели во голема група луѓе“, додаде таа. Полицијата апелираше до посетителите и јавноста да им достават какви било видеа или фотографии што би можеле да помогнат во расветлувањето на околностите на овој напад. Ги бараат напаѓачите со хеликоптер, мотивите се нејасни Полицијата потврди дека потрагата по сторителот е во полн ек, но сè уште не е познато дали станува збор за еден или повеќе напаѓачи, како и кој точно отворил оган. „Можните мотиви и точните околности на инцидентот сè уште се нејасни“, објави полицијата. Голем број полицајци учествуваат во масовното пребарување и обезбедување на локацијата, а според извештаите на локалните медиуми, ангажиран е и воениот хеликоптер „Супер Пума“. Полицијата ги повика граѓаните строго да ја избегнуваат целата област, а поради безбедносната операција, блискиот градски базен беше затворен до понатамошно известување. Објавено видео, се слушаат истрели Швајцарскиот таблоид „Блик“ објави и видео испратено од читател, кое е снимено од покачена позиција и прикажува ноќни сцени од улицата додека во позадина одекнуваат неколку последователни истрели. JUST IN: Shots heard at event in Aarau, Switzerland. Police confirm there are multiple victims. (Video: Blick) pic.twitter.com/nZMKcGtMGD — Open Source Intel (@Osint613) August 30, 2026 Тагови: Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПожарот во НП „Пелистер“ е локализиран, екипи од Битола цела ноќ беа на теренУтрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема.Утрово состојбата со пожарот кој го зафати Националниот парк „Пелистер“ е стабилна, тој е локализиран, но опасноста од негово ширење и натаму е голема, информира директорот на НП „Пелистер“ Иванчо Тошевски. Претпладнево ќе се интервенира со хеликоптер, како и со два ертрактори. Пожарот кој започна вчера во близина на атарот на село Подмочани набргу се рашири во пониските делови на НП „Пелистер“ од страната на Преспа. Во неговото гаснење интервенираа екипи на НП „Пелистер“, противпожарните единици на Битола и Ресен, со поддршка на огнениот тим на Дирекција за заштита и спасување, потоа екипи со луѓе и механизација на јавните претпријатија од Битола и приватни фирми, организирани од градоначалникот на Битола Тони Коњановски, а имаше и воздушна интервенција со двата ертрактори. Во текот на целата ноќ на терен интервенираа припадници на доброволното противпожарно друштво „Архангел“, екипи на националниот парк, пожарникари од Битола и екипи со механизација од јавните претпријатија од Битола. Зафатена е голема површина, а опасноста од ширење зависи и од временските услови во текот на денешниот ден. Надлежните уште еднаш апелираат за одговорно однесување во шумите за да не се случи поголема катастрофа. Општина БитолаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до СкопјеОд 1 септември повторно ќе биде воспоставена железничката врска меѓу Зелениково и Скопје, со градски воз кој ќе сообраќа осум пати дневно во двата правца. Возот ќе застанува на станиците Зелениково, Зелениково Ново, Орешани, Јане Сандански, Драчево и Лисиче, а крајна станица ќе биде Железничката станица Скопје. Од Скопје првиот воз ќе тргнува во 5:32 часот, а останатите во 7:30, 11:40, 13:20, 15:42, 17:45, 19:12 и 20:56 часот. Од Зелениково првото поаѓање ќе биде во 6:20 часот, а потоа во 8:30, 12:26, 14:00, 16:25, 18:30, 20:12 и 21:55 часот. Патувањето ќе трае меѓу 24 и 28 минути, зависно од правецот и терминот на поаѓање, а новиот возен ред ќе важи до 31 декември 2026 година. Железничката врска треба да им го олесни секојдневното патување кон Скопје на жителите на Зелениково, Орешани, Драчево, Лисиче и околните населени места, особено доколку поаѓањата бидат добро поврзани со останатиот градски превоз.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook