Премиерот Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите - Канал 5

Премиерот Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите

 Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во кочанската дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив.

Премиерот Мицкоски подготвен да оди во Кочани и разговара со родителите на загинатите

Ова беше истакното во неговиот одговор на новинарско прашање за одбивањето на поканата за средба од страна на родителите, како и дека тие претходно го имале поканато на средба во Кочани.

- Жалам што е таква одлуката. Немам проблем јас да заминам и да појдам во Кочани и апсолутно ќе сторам и какошто правев досега се за да им помогнам онолку, колку што можам да им помогнам. Но, исто така морам да кажам дека сум имал покана да појдам таму и на ваков состанок да поразговарам е лага. Такво нешто нема. Но, еве без разлика ако е ова покана кажувам дека ќе појдам во Кочани и ќе разговарам, ќе се организираме и ќе се договориме. Така да мене не ми претставува никаков проблем, изјави Мицкоски по увидот во градежни активности на детска градинка во Инџиково, во Општина Гази Баба, одговорајќи на новинарски прашања.

Мицкоски порача дека стои на располагање на семејствата на загинатите и на повредените во кочанската дискотека и оти овој случај не треба да добие призма на политика.

– Јас во Кочани некоку пати бев и дента кога се случи тој хорор и сето тоа коешто понатаму следеше. Но, не сакам сега јас за тоа многу да зборам, бидејќи за мене овој случај не треба да добие призма на естрада, за жал некои политички глодари и некрофили се обидуваат тоа да го направата од опозицијата, рече Мицкоски.

Тој додаде дека тоа е нивна работа и какошто рече ако тие одлучиле со некрофилија и политичко глодарство да добијат политички поени се лажат и за неколку месеци од денеска тоа ќе го видат.

- А еве јас јавно кажувам ја прифаќам поканата, немам јас проблем да појдам и да седам и да разговарам и онолку колку што е потребно да разговарам и да помогнам било што, што можам да помогнам, само на тие луѓе колку -толку да успеам таа болка да им ја ублажам, изјави Мицкоски.

Во писмено соопштение на 9 мај родителите на трагично починатите деца во дискотеката „Пулс“,информираа дека поканата за средба во Владата на 13 мај 2025 година во 15.00 часот во Скопје не ја прифаќаат поради нејзиното доцнење. -Истовремено, ве известуваме дека премиерот беше поканет од сите родители на починатите деца да дојде во Кочани и таму да се организира средбата, во форма и содржина каква што сметаат за соодветна. Со оглед на тоа дека дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата што се случи на 16 март 2025 година во дискотеката „Пулс“ во Кочани, сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, стои во соопштението од родителите на починатите деца во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Вчера во Кочани се одржа петтиот протестен марш на родителите и блиските на семејствата на загинатите и повредените, порачувајќи дека бараат правда, но дека таа мора да биде неселективна и праведна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

​Додека СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат паника и негативна перцепција, фактите и официјалните податоци од релевантните меѓународни институции покажуваат поинаква слика.

ВМРО-ДПМНЕ: Факти наместо хистерија и паника од СДС и Филипче, Евростат потврдува раст на куповната моќ на минималната плата во Македонија

Најновите податоци на Евростат укажуваат на подобрување на куповната моќ на минималната плата во Македонија, што претставува објективен показател за економските движења.

Според најновите податоци од Евростат, мерено според куповната моќ, вредноста на бруто минималната плата во Македонија во јули 2026 година е повисока во споредба со седум земји членки на ЕУ, таа е повисока од сите земји од Западен Балкан и од Турција.

Меѓу 27-те земји, Македонија се наоѓа на 16-то место на листата. Пресметката за Македонија покажува 1.142 ППС. Тоа е повисок „минималец“ отколку во Србија која е веднаш зад неа со 1.094 ППС, Црна Гора со 1.014 и Албанија со 705 ППС, која всушност е и на последното место. На првата позиција се наоѓа Германија со 2.164 ППС, а зад неа е Луксембург со 2.108.

Според пресметките на Евростат со минималец во Македонија може да се купи повеќе отколу во Србија и Црна Гора.

И покрај тоа што граѓаните и понатаму се соочуваат со предизвици поврзани со трошоците за живот, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да креира и спроведува мерки насочени кон подобрување на животниот стандард.

Растот на минималната плата, заедно со економските политики за поддршка на граѓаните и стопанството, придонесува за постепено зголемување на куповната моќ, што е потврдено и со најновите податоци на Евростат.

Овие податоци претставуваат јасен показател дека политиките насочени кон подобрување на животниот стандард и растот на платите даваат резултати. Континуираното зголемување на минималната плата придонесува за поголема куповна моќ на граѓаните, подобра економска сигурност и поголема конкурентност на државата во регионот.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на креирање политики што ќе обезбедат понатамошен раст на платите, подобри услови за работа и повисок квалитет на живот за сите граѓани.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Општина Карпош продолжува со реализација на активности насочени кон унапредување на условите за работа и подобрување на безбедноста во основните училишта на својата територија.

Општина Карпош: Нови хидрофори в ООУ „Аврам Писевски“ и ООУ „Владо тасевски“

Во рамки на овие активности, во ООУ „Аврам Писевски“ во населеното место Бардовци и во ООУ „Владо Тасевски“ во населбата Козле, специјализирана фирма постави нови хидрофори, со што се придонесува кон подобрување на функционалноста на хидрантската и водоводната мрежа во овие училишни објекти.

Средствата за реализација на активноста се обезбедени од Буџетот на Општина Карпош, согласно предвидената годишна програма на Одделението за заштита и спасување.

Оваа активност претставува дел од континуираните заложби на Општина Карпош за создавање побезбедни и поквалитетни услови за престој и работа на учениците, наставниот кадар и вработените во основните училишта.

Во наредниот период, Општина Карпош планира продолжување на активностите за обнова и унапредување на хидрантско-водоводната мрежа и во преостанатите осум основни училишта на територијата на локалната самоуправа.

Општина Карпош останува посветена на континуирано вложување во подобрување на училишната инфраструктура и унапредување на безбедноста во основните училишта.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Реката Рајна падна на рекордно ниско ниво на неколку локации во Германија и Холандија, додека долгите топлотни бранови продолжуваат низ Европа.

Рајна падна на рекордно ниско ниво, Романија минираше карпа на Дунав заради подобар проток

Нивоата измерени во Келн во западна Германија и во Лобит, каде што Рајна преминува од Германија во Холандија, се најниски откако се водат евиденции. Минатата недела, водостојот на Дунав падна на најниско ниво во последните 30 години во неколку земји, вклучувајќи ги Србија и Романија, оставајќи ја единствената нуклеарна централа во унгарија на работ на затворање. Сушата на Дунав, исто така, предизвикува сериозни прекини во снабдувањето со електрична енергија во Србија и Романија. Со контролирана експлозија на голема карпа на брегот на Дунав, Романија се обиде да го зголеми протокот на вода до нуклеарната централа чернавода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер