МакедонијаПремиерот Мицкоски побарал да се стопираат исплатите од ИПАРД Исплатата од ИПАРД ја стопиравме на мое барање – изјави премиерот Христијан Мицкоски, кој негираше дека средствата се блокирани, објаснувајки дека тие се времено стопирани со цел да се истражат сите злоупотреби кои се случувале. Мицкоски кажа и дека злоупотреби со ИПАРД програмата се правеле и претходно, за што нагласи дека ќе има одговорност, а акцијата како што рече била позрдравена и од Европската комисија. -Да, јас тоа го побарав затоа што мораме да видиме до каде одат злоупотребите, затоа што првичните информации велат дека не е тоа само од сега туку, дека и наназад е правено. Така што, сè ќе истражиме и секој што мисли дека така ќе помине се лаже. Има да одговараат сите од прв до последен, кој сака нека е,- Христијан Мицкоски – претседател на Влада . Прашан дали обвинителството има индиции и за други злоупотреби државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски кажа дека во овој момент не може да сподели детали. Единствено посочи дека за постоечкиот предмет претходно се водела истрага неколку месеци. -Секоја предистрага е тајна. Овој предмет се водеше неколку месеци го истражувавме, така да дадовме наредби и успеавме да се обезбедат докази и сами знаете дека имавме и неколку обвинети за што се започна и истражна постапка. Притворот е определен за неколку обвинети, така да ќе видиме понатаму што. Во овој момент не можеме ништо да ви кажеме и да споделуваме детали околу таа постапка,- Љупчо Коцевски – Јавен обвинител на РМ. Од опозициската СДСМ пак го обвинија премиерот дека неговата изјава е лажна, бидејки како што велат исплатите не биле стопирани од него туку од Национален овластен службеник за авторизација, кој постапува по налог од ЕК. Од СДСМ бараат оставка од министерот Трипуновски, како и јавно објавување на бројот на корисници, документи и извештаи поврзани со програмата. -Колку корисници веќе имаат потпишано договори и имаат вложено свои сопствени сретства? Што ќе преземе владата за да ги заштити овие луѓе, бидејки е јасно дека заради корупцијата на луѓето на Триупуновски и Мицкоски тие се оштетени? За на јавноста да и биде јасно, ваквите суспензии можат да траат 2 до 3 години, а прашање е дали воопшто ИПАРД програмата по ваквиот скандал ќе продолжи,- Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ. За временото стопирање на исплатите од ИПАРД програмата, вчера информираше Министерството за финансии. Оваа одлука доаѓа откако минатата недела беше уапсен, а потоа и притворен директорот на Агенцијата за финансиска подршка во земјоделството и руралниот развој Илија Стоилев, заедно со четири други лица. ОЈО ГОКК ги товари за примање поткуп и противзаконско влијание. Тагови: ИПАРД Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаДемонстрации и во Швајцарија-барикади, судири со полиција..Синоќа, во Цирих и Базел, Швајцарија избија немири за време на неодобрени демонстрации, при што демонстрантите палеле барикади и се судириле со полицијата. Во Цирих, неколку стотици луѓе се собрале во близина на улицата Лангштрасе и плоштадот Хелветија. Според градската полиција, демонстрантите почнале да се собираат околу 22:30 часот, а некои од нив носеле маски за Ноќта на вештерките. Учесниците на неодобрениот протест направиле барикади од контејнери за ѓубре, електрични тротинети и други предмети, а потоа ги запалиле. Zurich: Clashes in the city. Under the slogan «We are fed up» and citing the unrest in Europe, mostly hooded individuals are rioting. Police deploy water cannons, tear gas, and rubber bullets to bring situation under control. #SchoolProtests #StudentProtests https://t.co/MvWXWUWfT6 — LIVE1 (@LIVE1TV) November 1, 2026 Според полициското соопштение, група насилни демонстранти ги нападнале полициските службеници со пиротехнички средства, камења и шишиња. Полицијата одговорила со употреба на водени топови, солзавец и гумени куршуми. Во споредните улици дошло до нови судири со полицијата. Оштетени биле прозорци и инвентар, вклучително и прозорците на станицата за јавен превоз „Штауфахер“ (Stauffacher), како и излозите во близина на плоштадот „Хелветија“ (Helvetia). На улицата „Цвинглиштрасе“ (Zwinglistrasse) бил запален автомобил. Нешто по полноќ, група демонстранти нападнала и полициска патрола, која била повикана да интервенира поради повредено лице. Полициското возило било оштетено, а полицајците морале да застанат на страна пред да успеат да му помогнат на повредениот тинејџер. Од полицијата изјавија дека интервенциите биле дополнително отежнати од бројни набљудувачи, од кои некои фотографирале пред луѓе што активирале пиротехнички средства или пред запалени барикади. Ситуацијата главно се смири околу 01:30 часот по полноќ. Висината на причинетата материјална штета сè уште не е утврдена.Тагови: демонстранти Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканБугарија избира претседател: Илијана Јотова и Андреј Ѓуров во вториот круг Во Бугарија се одржуваат избори на кои граѓаните на земјата ќе го изберат својот седми претседател. Кандидати се Илијана Јотова, вршител на должноста претседател на Бугарија, и Андреј Ѓуров, поранешен привремен премиер и поранешен гувернер на Централната банка на Бугарија. Во првиот круг од изборите, одржан пред една недела, ниту еден од 27-те претседателски кандидати не ја обезбеди поддршката потребна за победа во првиот круг, пренесува БТА. Според Централната изборна комисија на Бугарија, право на глас имаат речиси 6,6 милиони граѓани, а 9.373 избирачки места ќе бидат отворени од 07:00 до 20:00 часот по локално време. Гласачите исто така ќе гласаат и за кандидати за потпретседател. Кандидат за потпретседател во тимот на Илијана Јотова е Кирил Влчев; тие ја уживаат поддршката на владејачката партија „Прогресивна Бугарија“ и на Социјалистичката партија. Кандидат за потпретседател во тимот на Андреј Ѓуров е Георги Кандев; тие се поддржани од прозападните опозициски сили. ЦИК ќе ги објави конечните резултати од претседателските и потпретседателските избори во рок од три дена по гласањето.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ТехнологијаРусија гради огромен радар во Калининград, ќе може да ја следи речиси цела ЕвропаРусија е сè поблиску до активирање на своето „ново око“ над Европа. Според медиумските извештаи, изградбата на огромен радарски комплекс во Калининград – руска област со силно воено присуство – е речиси завршен, пишува „Дојче веле“. Гледано од воздух, трите крака на овој простран комплекс, од кои секој е долг повеќе од 500 метри, изгледаат како трага оставена од некоја вонземска форма на живот среде инаку недопрена шума. Објектот, исто така, би можел да се спореди со платформа за слетување или лансирање, наменета за широката разузнавачка мрежа на Москва. Безбедносниот аналитичар Вајдотас Малинионис вели дека радарот е толку голем што може да „гледа“ зад закривеноста на Земјата. Еден поранешен литвански командант изјави за „Дојче веле“ дека радарскиот систем за надзор преку хоризонтот (OTH), кој се гради во близина на Гвардејск, ќе има домет од околу 3.000 километри. Ова би ѝ овозможило на Москва да ја контролира речиси цела Европа, како и целата територија на Украина. Според извештаите, системот би ѝ овозможил на Русија да пресретнува сателитски комуникации и да го детектира движењето на летала и балистички ракети. „Целта и намената на овој радар е набљудување на цели на големи растојанија и можност за рано предупредување. Сè уште не знаеме дали тој е оперативно способен да ги извршува тие задачи, но секако е во фаза на изградба“, додаде тој. Според „Тајмс“, ICEYE смета дека проширувањето на рускиот систем за надзорни радари со дострел зад хоризонтот покажува оти Калининград се развива во центар за напредни воени сензори и системи за електронско војување. „Новиот радар укажува на засилување на конкуренцијата меѓу Русија и НАТО за воена надмоќ и контрола врз Калининградската област“, истакна летонскиот геополитички аналитичар Евија Џатковица.Тагови: русија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter