Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
2Серафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и Косово
РакометПремиерот Мицкоски и министерот Ристовски им посакаа среќа на македонските ракометари на СППретседателот на македонската влада Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски, присуствуваа на подготовките на машката сениорска ракометна репрезентација. На ракометарите и стручниот штаб им ги честитаа празниците и им посакаа успех на претстојното Светско првенство. Во знак на благодарност за поддршката, селекторот Лазаров на премиерот Мицкоски му подари персонализиран дрес. Македонија на Мундијалот во групната фаза ќе игра во Вараждин во група со Унгарија, Холандија и Гвинеја.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишени од слобода 14 возачи и со еден е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“10 возеле без положен возачки испит.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 13 возачи и со еден извршија службен разговор поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 10 управувале возило без положен возачки испит и тоа: И.М.(25) од Скопје, 17-годишен малолетник од с.Студеничани, скопско, Ј.Б.(28) од населба Драчево, скопско, З.Н.(50) од с.Уларци, општина Чешиново Облешево, К.С.(56) од Битола, К.Р.(52) од с.Велебордо, општина Маврово-Ростуше, Д.Д.(43) од Гевгелија, Р.С.(62) од с.Врапчиште, гостиварско, 16-годишник од Кочани и Б.П.(56) од с.Дулица, Македонска Каменица, кој возел без дозвола и под дејство на алкохол. Под дејство на алкохол возеле и И.А.(47) од Куманово, како и А.К.(45) од с.Трубарево, скопско, кој имал и активна забрана за управување. Со активна мерка забрана за управување на возило возеле А.Ш.(39) од с.Обедник, демирхисарско и А.А.(32) од с.Поум, струшко. Додека, романскиот државјанин Г.М.(43) на автопатот Гевгелија - Демир Капија управувал возило со брзина од 178 километри на час на место каде максимално дозволената брзина изнесува 80 километри на час. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08
МакедонијаСерафимовски и Муја: Посилни институционални врски за поголема размена на земјоделски и прехранбени производи меѓу Македонија и КосовоДвајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка.Унапредувањето на соработката во земјоделството и трговијата со земјоделски и прехранбени производи беше тема на денешната официјална средба на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, со министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Двајцата министри го нагласија значењето на редовната комуникација и координација меѓу надлежните институции за унапредување на билатералната соработка, усогласување со стандардите на Европската Унија и размена на искуства во процесот на европската интеграција. Министерот Серафимовски истакна дека близината на пазарите и потенцијалот на земјоделството создаваат основа за продлабочување на економските односи меѓу двете држави преку посилна институционална соработка, поголема трговска размена и долгорочни партнерства меѓу производителите и компаниите од прехранбениот сектор. „За нашите земјоделци и компании, предвидливите услови за трговија се важни за сигурен пласман и планирање на производството. Со редовна институционална координација и почитување на стандардите за квалитет создаваме услови за развој на трговската размена. Во таквата соработка гледаме заеднички интерес за производителите, компаниите и потрошувачите во двете земји“, истакна министерот Серафимовски. Министерот Муја ја нагласи важноста на систематски пристап во билатералната соработка, со кој заедничките приоритети ќе се преточат во континуирана работа на надлежните служби и стручна размена меѓу двете министерства. „Наш приоритет е да ја зајакнеме и структурираме соработката меѓу двете министерства, со редовни институционални контакти и јасни канали на комуникација, истовремено унапредувајќи ја соработката во областа на безбедноста на храната, усогласувањето на сертификатите и стандардите и европската интеграција“, рече министерот за земјоделство, шумарство и рурален развој на Република Косово, Арменд Муја. Заменик-министерот Албрим Хоџа ја нагласи важноста на непосредната соработка меѓу надлежните органи, со посебен осврт на трговијата со млеко и млечни производи. „Соработката меѓу нашите институции треба да биде директна, брза и заснована на меѓусебна доверба. Кога станува збор за безбедноста на храната, особено за млекото и млечните производи со кои се тргува меѓу двете земји, важно е секое прашање да се разгледува врз основа на целосната документација, лабораториските резултати и континуираната комуникација меѓу надлежните органи. Нашата заедничка цел е јасна, заштита на потрошувачите и истовремено создавање услови за безбедна и непречена трговија меѓу Северна Македонија и Косово “, рече заменик-министерот Албрим Хоџа. На средбата присуствуваа и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Ивица Ангеловски.Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаТрајков од Белград: Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку нивни креаториЗаменик-министерката за европски прашања, проф. д-р Викторија Трајков, учествуваше на втората Конференција посветена на женското лидерство, организирана од Владата на Република Србија. На конференцијата свое обраќање имаше и поранешната прва дама на Република Србија г-ѓа Тамара Вучиќ, на кој беа отворени прашања од значење за унапредувањето на улогата на жените во лидерството, политиката, економијата и општеството. Во своето учество, заменик-министерката се осврна на потребата од создавање нова генерација жени лидери и посилно регионално поврзување, истакнувајќи дека иднината на Западен Балкан зависи и од квалитетот на соработката меѓу жените од регионот. „Жените не треба да бидат само корисници на политиките, туку и креатори на политиките“, порача проф. д-р Трајков, нагласувајќи дека политичкото учество на жените не е само прашање на еднаквост, туку и прашање на квалитетот на демократијата. Таа посочи дека земјите од Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици, но токму заедничките искуства претставуваат можност за градење регионални решенија. Како особено важни области за соработка ги издои образованието и развојот на вештините, економското зајакнување и претприемништвото, политичкото учество на жените, дигиталната трансформација и пристапот до новите технологии, како и спречувањето и борбата против насилството врз жените и девојчињата. Заменик-министерката за европски прашања посебно ја нагласи важноста на менторството и поддршката на младите жени, посочувајќи дека жените кои денес се на лидерски позиции имаат одговорност да го пренесат своето знаење и искуство на генерациите што доаѓаат. „Кога една жена ќе успее, таа треба да ја отвори вратата за друга“, истакна проф. д-р Трајков, нагласувајќи ја потребата од создавање систем во кој младите жени ќе имаат пристап до образование, менторство, професионални мрежи, лидерски можности и процесите на донесување одлуки. Во контекст на технолошкиот развој, заменик-министерката за европски прашања се осврна и на можностите и ризиците што ги носат вештачката интелигенција и дигитализацијата. Таа порача дека жените не треба да бидат само корисници на новите технологии, туку и нивни креатори, иноватори, истражувачки, претприемачки и носители на одлуки. На настанот беше истакнато и значењето на партнерствата меѓу институциите, бизнис-секторот, академската заедница, граѓанското општество и младите, како основа за создавање поинклузивна иднина. „Нашата иднина не е однапред напишана. Ние ја испишуваме. И ако ја испишуваме заедно, таа ќе биде посилна, поправедна и поуспешна“, порача проф. д-р Трајков, повикувајќи на посилна регионална мрежа на жени кои заеднички ќе создаваат нови можности и ќе придонесуваат кон развојот на своите општества. Учеството на заменик-министерката проф. д-р Трајков на настанот во Белград претставува можност за дополнително зајакнување на регионалниот дијалог и размена на искуства во областа на женското лидерство, со посебен фокус на младите жени и нивната активна улога во креирањето на иднината на регионот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУтрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08