3Македонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центар
МакедонијаПремиерот Христијан Мицкоски на дводневна посета на Обединетото Кралство на Самитот за Западен Балкан-Берлински процесПретседателот на Владата, Христијан Мицкоски заедно со владина делегација ќе присуствува на Самитот за Западен Балкан, кој оваа година се одржува во Лондон, Велика Британија.Премиерот, заедно со вицепремиерот Александар Николоски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерката за финансии Гордана Кочоска Димитриеска, како и министерот за евроинтеграција Орхан Муртезани ќе учествуваат на голем број состаноци во состав на Берлинскиот процес. На маргините на самитот, а и во рамки на посетата на Обединетото Кралство, Претседателот на Владата се предвидени се голем број на билатерални средби, за што навремено ќе ја информираме јавноста. При посетата на Обединетото Кралство, владината делегација ќе оствари повеќе економски работни средби кои ќе преставуваат економски исчекор за меѓусебната соработка.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПукање на познат фестивал во САД, најмалку 12 ранетиСпоред полицијата, пукањето започнало кратко по 17:30 часот по локално време, а во инцидентот учествувале најмалку двајца вооружени лица за кои се верува дека пукале еден кон друг, објави NBC.Најмалку 12 лица се ранети во пукотница што избувна во близина на летниот фестивал „Олд Вест Енд“ во Толедо, Охајо, а осомничените напаѓачи се уште се во бегство, соопштија локалните власти. Според полицијата, пукањето започнало кратко по 17:30 часот по локално време, а во инцидентот учествувале најмалку двајца вооружени лица за кои се верува дека пукале еден кон друг, објави NBC. Заменик-шефот на полицијата во Толедо, Џозеф Хефернан, изјави дека две лица се во критична состојба. Multiple people were shot near the Old West End Festival in Toledo, Ohio, on Saturday. Police say several victims were taken to hospitals and a search for the suspects is ongoing. Authorities have not yet released the number of victims or a motive. #Ohio #Toledo #Shooting pic.twitter.com/D0IYTawE5m — The Premium 24 (@ThePremium24X) June 7, 2026 Меѓу повредените има луѓе на возраст меѓу 14 и 60 години, додека повеќето од жртвите се во раните дваесетти години. Во времето на пукањето, на фестивалот имало неколку стотици луѓе.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканВонредни избори на КосовоДенес на Косово се одржуваат вонредни парламентарни избори , откако институциите не успеаја да изберат претседател во рокот утврден од Уставниот суд, што доведе до распуштање на Собранието и распишување нови избори.Според податоците на Централната изборна комисија, право на глас имаат околу 2,1 милион избирачи, од кои значителен број се регистрирани во дијаспората. Во изборната трка учествуваат 17 политички партии, три коалиции и еден независен кандидат, кои ќе се натпреваруваат за 120 места во парламентот. Меѓу учесниците е и најголемата српска политичка партија на Косово – Српска листа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Макрон и Мерц ни дадоа силен мотив да продолжиме во реформите 15:32Мицкоски: Само јас од лидерите на Западен Балкан се сретнав и со Макрон и Мерц13:53Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
КултураМакедонскиот КИЦ во Загреб со „АЈДЕ!“ ја исполни до последно место салата на Загрепскиот танцов центарПреполна сала, долги овации и силни емоции ја одбележаа изведбата на современата танцова претстава „АЈДЕ!“ во организација на македонскиот Културно-информативен центар во Загреб. Големиот интерес на публиката резултираше со целосно исполнета сала на Загрепскиот танцов центар, што претставува уште една потврда за растечкиот интерес за македонската современа уметност и култура во Хрватска. Публиката уживаше во впечатливата и моќна танцова претстава на авторите и кореографи Игор Киров и Бојан Мицев, која преку современ сценски израз отвора универзални теми за љубовта, слободата, припадноста и предизвиците наметнати од општествените норми. Долгиот аплауз и емотивната реакција по завршувањето на претставата јасно покажаа дека „АЈДЕ!“ е дело кое комуницира силно и непосредно со гледачите, без оглед на националните и културните граници. Пред почетокот на претставата, на присутните им се обратија директорката на македонскиот КИЦ во Загреб Мими Ѓоргоска Илиевска, директорката на Загрепскиот танцов центар Александра Мадсен и кореографот Игор Киров, еден од најистакнатите македонски балетски уметници и кореографи, со свестско реноме во доменот на модерниот танц, кој има постигнато врвни уметнички остварувања на меѓународната балетска сцена. Во своите говори тие ја поздравија публиката и ја истакнаа важноста на оваа прва соработка меѓу македонскиот КИЦ и Загрепскиот танцов центар, преку која македонската современа танцова уметност добива значајна меѓународна видливост и се отвораат нови можности за соработка, преку вмрежување и афирмација на македонските автори и уметници надвор од границите на државата, како и продлабочување на културните врски меѓу Македонија и Хрватска. „Уметноста има моќ да ги поврзува луѓето без оглед на границите, јазиците и различностите. Вечерва преполната сала на Загрепскиот танцов центар е најдобрата потврда дека публиката препознава искрена емоција, квалитет и значењето на културната размена меѓу Македонија и Хрватска“, истакна Ѓоргоска Илиевска. Претставата „АЈДЕ!“ претставува значаен пример на современото македонско танцово творештво, кое преку автентичен уметнички пристап успешно ги поврзува традицијата, современоста и универзалните човечки вредности. Ова е очигледен показател дека уметноста останува еден од најсилните мостови за поврзување на луѓето, културите и општествата. Продукцијата на претставата е поддржана од Министерството за култура и туризам, Општина Штип и ЕАМ Штип, а гостувањето во Загреб е дел од годишната програма на Македонскиот КИЦ во Загреб, реализирана во соработка со Motion Network продукција и Загрепскиот танцов центар со поддршка на Министерството за култура и туризам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook