Премиерна изведба на „Чернодрински се враќа дома“ на охридската театарска група „Аматер“ - Канал 5

Премиерна изведба на „Чернодрински се враќа дома“ на охридската театарска група „Аматер“

Независната аматерска театарска група „Аматер“ од Охрид десетгодишнината од формирањето ќе ја одбележи со премиерна изведба на театарската претстава „Чернодрински се враќа дома“, по текст на Горан Стефановски.

Премиерна изведба на „Чернодрински се враќа дома“ на охридската театарска група „Аматер“

Режисер на претставата е Јован Цветкоски, а играат Томе Укоски, Леа Новеска-Цекиќ, Димитар Назифоски, Јован Цветкоски, Илија Трале Левески, Глигор Велјаноски и Ема Алекс.

- Процесот на подготовка на претставата траеше некаде околу три месеци. Почетно создавање на екипата, седумте актери, читачки проби, театарски игри и работилници, движење на сцена, до поставување пред неколку дена на сцената на Охридскиот театар. Во екипата имаше доста убава енергија за работа и хемија и многу лесно се одвиваа пробите. Сега сме ден пред премиерата и се тоа што го работевме и вложениот труд се надеваме дека ќе биде награден со аплаузи на крајот од претставата, изјави Цветкоски на денешната прес-конференција по повод утрешна премиера.

За Томе Укоски кој е дел од актерската екипа, оваа претстава донела некаков нов предизвик за нив, со толкување повеќе улоги за секој од актерите.

- Драмскиот текст е со 14 сцени, а за потребите на оваа претстава беше отфрлена една така да имаме 13 посебни сцени и сите од актерската група играат повеќе улоги. Во таа смисла предизвик за нас како актери е да пробаме да доловиме повеќе улоги. Има доста промена на костимографија и сценографија што беше како дополнителен предизвик. Сите сцени се иронија-комедија со доста актерска игра, движење, така да се надеваме дека ќе им биде интересно на гледачите, изјави тој.

Претставата „Чернодрински се враќа дома“ ќе биде изведена утревечер на малата сцена во Центарот за култура „Григор Прличев“ од 20 часот. Цена на влезница е 200 денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите

Во Кавадарци со поставување на камен-темелник, официјално започна реализацијата на два капитални спортски проекти во вредност од повеќе од 153 милиони денари, кои ќе донесат современи услови за развој на спортот и младите таленти.

Митко Јанчев: Новиот спортски објект во „Јасмин“ и картинг центар се инвестиција во иднината на младите

На настанот присуствуваше градоначалникот Митко Јанчев, кој заедно со претседателот на владата, Христијан Мицкоски, и министерот за спорт, Борко Ристовски, го означи почетокот на изградбата на нов современ спортски објект во рамки на Спортскиот центар „Јасмин“, како и на нов картинг центар.

Градоначалникот Јанчев истакна дека вложувањето во спортот е вложување во иднината на младите и дека општина Кавадарци останува посветена на реализација на проекти кои создаваат подобри услови за спортските клубови, рекреативците и идните генерации шампиони.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Топлотниот бран ги преполни кардиологиите: Секој ден има по еден инфаркт

Топлото време и варијациите на температурите ги полнат болниците за кардиологија заради срцеви удари. Нема поминат ден без инфаркт во болничките одделнија. 

Топлотниот бран ги преполни кардиологиите: Секој ден има по еден инфаркт

Зголемен е бројот на мозочни удари и на колапси, објаснува кардиклогот Антонио Антовски од болницата „8 Септември“. Најчесто прболем имаат граѓани кои веќе се со кардиоваскуларни заболувања, а дел не знаат дека имаат проблеми со крвните садови.

Една од грешките што ја прават е нагла промена на температурата од екстремно топло на многу пониски температури, пиење на газирани пијалоци кои дехидрираат, алкохол и кофеински производи.

Случаевите со инфаркт кај пациенти од 20 годишна и 30 годишна возраст, причина е што веќе на оваа возраст имаат серизони заболувања, заради годините се игнорираат и се препишуваат на одредени други состојби.

Кардиолозите објаснуваат дека долгото лето со екстремно високи температури треба да го сменат однесувањето и навиките на граѓаните. Редовно конзумирање на вода, овојше и зеленчук и редовно да се мери на крвниот притисок.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов удар од берзите: Од утре се очекуваат поскапи горива, дизелот скока за 2,5 денари

За 2,5 денари по литар поскап дизел и околу 1 денар за литар поскапи бензини очекува Владата со утрешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика.

 Нов удар од берзите: Од утре се очекуваат поскапи горива, дизелот скока за 2,5 денари

Ваквите владини калкулации се резултат на зголемените цени на дериватите на светските берзи минатата недела, и тоа за околу 6% кај нафтата и околу 3 % кај бензините. Премиерот Христијан Мицкоски вели крајната одлука сепак ќе ја донесе регулаторна, но дури и да има ново зголемување на цените на дериватите со утрешната одлука земјава останува со најниски цени во регионот и пошироко.

„Врз основа на нашите калкулации имаме зголемување во текот на минатата седмица на нафтата на светските берзи за отприлика 5, 6% и благо зголемување на бенизните за 2, 3% очекувам да имаме зголемување од околу 2,2,5 денари по литар за дизел горивото и околу денар за бенизните но сепак да почекаме утре регулаторна да ги каже последните бројки. По што повторно остануваме и покрај тоа што станува збор за берзански производ убедливо држава со најниски цени на горивата и бенизните.“- - Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

Дополнително од владата очекуваат следната недела параметрите за инфлацијата, кои треба да ги обајви државниот завод за статистика да бидат пониски од оние во април и мај. Поради војната на Блискиот исток и растот на цените на нафтените деривати, инфлацијата во земјава во април порасна на 5,7 % додека во мај, по стабилизацијата на ситуацијата, инфлацијата падна на 4,8%.

Во меѓувреме пазарните инспектори очекуваат до крајот на идната недела да ги заввршат надзорите кај дистрибутерите, производителите и трговците за оние 700 прехнабени и непреханбени производи, брифираат од инспекторатот за Канал 5. Директорот Стојкоски вели со анализата се прави споредба на цените на истите тие 700 производи годинава со иститот период лани, проверката на сите фактури од увоз до рафт, ќе треба да покаже каде и дали имало неоправдано зголемување на цените.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер