Премиери на балетска и на претстава за деца викендов на „Скопско лето“ - Канал 5

Премиери на балетска и на претстава за деца викендов на „Скопско лето“

На „Скопско лето“ утревечер премиерно ќе биде изведен балетот „Ла, ла, ла!“ на кореографката Саша Евтимова, која е нејзина дипломска претстава со која ќе одбележи десет години кореографска дејност.

Премиери на балетска и на претстава за деца викендов на „Скопско лето“
Претставата во која ќе учествуваат балетски солисти од МОБ е на музика на Драган Ѓаконовски-Шпато, Тодор Бојаџиев, Димитар Масевски и Дуке Бојаџиев.

- Ова е една кратка и весела претстава која верувам ќе им се допадне на сите генерации, посебно на постарите, а за младите ќе биде едукативна за едно убаво време и за едно Скопје за кое понекогаш можеби сите мечтаеме, рече Евтимова на прес-конференција. Се заблагодари на композиторите чија музика е подлога на претставата и без која, како што рече, не би можело да се покаже убавината на Скопје.

- Музиката предизвикува толку многу чувства во нас, спомени, копнежи, мечти, носталгија, работи поврзани со нашето минато. Само таа музика може да ги врати спомените, да ги склопи како сложувалка и напише една страница во книгата на нашиот живот, рече кореографката чија балетска претстава „Заспани убавици“ пред две години го отвори „Скопско лето“. „Ла, ла, ла!“ ќе биде изведена утревечер на плоштадот „Мајка Тереза“ (плато пред МОБ), со почеток во 21 часот.

Наредниот ден, недела 2 јули, на „Скопско лето“ ќе биде и премиерата на претставата за деца „Малиот принц“ од Антоан де Сент Егзипери, по драматизација на Тодор Кузманов и режија на Драгана Милошевска-Попов. Почетокот е во 11 часот, а локацијата е Детски театарски центар во Скопската чаршија.

Насловниот лик ќе го игра деветгодишниот Амар Шапка, а во актерската екипа се и Мона Мустафа и Бесфорт Идризи. На пресот Идризи рече дека е предизвик да се игра во претстава по една од најчитаните и најпреведувани книги, често екранизирана и инспиративна за многу илустрации, а ја нагласи и предноста од соработката со дете во екипата.

- Убаво искуство беше да се работи со дете зашто за „Малиот принц“ децата знаат работи кои ние, малку повозрасните, знаеме да ги занемариме или да не ги воочиме. Така што, низ секојдневниот процес, одредени работи можевме да ги видиме низ неговата призма. Ќе видите нов пристап, мултимедијална претстава во која освен актерите и музиката, голема улога имаат и видеоанимицаиите кои ќе не внесат во светот на Малиот принц, кој колку е реален, толку е и нереален, рече Идризи. Тој на „Скопско лето“ ќе има уште едно учество - како продуцент на комедијата „Се бара стар кловн“ која е закажана за 24 јули.

На 2 јули во вечерниот термин (21 часот во Сули ан) ќе се одржи и концерт на Мандолинскиот оркестар „Скопје“, а во понеделник, 3 јули, публиката на „Скопско лето“ ќе може да посети три настани: претставата „Отело“ на Турски театар-Скопје (Театар Комедија од 20 часот), изложбата на слики „Резонантна фреквенција“ на Венко Цветков (Музеј на Град Скопје од 20.30) и вокално-инструментален концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“ (плоштад „Карпошово востание“ од 21 часот).

Директорот на „Танец“ Зоран Џорлев ја истакна одличната соработка со овој фестивал, на кој учествуваат седми пат, како и на Есенските музички свечености - исто така организирани од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

- Старите, скоро заборавени вокални и инструментални композиции ги ставаме на цедињата „Незаборав“, а нив ги враќаме и на сцената. Враќаме нешто што е исконско и што вреди да го слушнат не само постарите, туку и помладата генерација, рече Џорлев.

За својата изложба авторот Венко Цветков рече дека има интригантен наслов. - „Резонантна фреквенција“ е нешто што ги поврзува сите живи организми. На некој начин, сликарската опсервација на тие содржини е резултатот на оваа изложба, рече Цветков кој во 1984 дипломирал на Академијата за ликовни уметности во Љубљана.

„Скопско лето“ денеска ја најави и ретроспективната изложба за 50 години творештво на карикатуристот Јордан Поп Илиев. Ќе биде отворена на 7 јули во Мала станица.

- Оваа изложба ја чекав 50 години. Далечната 1981 година „Остен“ ми направи прва изложба на карикатури, долго објавував низ светот, Скопје го оставав на страна или тоа ме оставаше на страна. Последните години ја подготвував изложбата и „Скопско лето“ ја прифати мојата ретроспективна изложба за 50 години карикатура, рече Поп Илиев, кој во половина век кариера добил околу 140 меѓународни признанија.

Од следната сабота, 8 јули, „Скопско лето“ ќе ја отвори и веќе традиционалната содржина „Кафе кино“, во чии рамки во наредните десет дена во Сули ан (Факултет за ликовни уметност) од 21 часот ќе бидат прикажувани најнови филмски остварувања. Прва на оваа филмска програма е проекцијата на американскиот музички документарец „Битлси: осум дена во неделата“ од 2016 година.

Од Дирекцијата за култура и уметност-Скопје се задоволни од одѕивот на публиката во првите десет дена од годинашното „Скопско лето“.

- Имаме одлична посетеност на настаните, се надеваме дека така ќе биде и во останатите 30 фестивалски денови, рече Елизабета Кузмановска.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австриски политичар силувал девојче, ја намамил и ѝ платил 50 евра- се огласија од партијата

Поранешен политичар од Штаерска и поранешен член на австриската партија NEOS е обвинет за тешка сексуална злоупотреба на малолетно лице, објави јавното обвинителство во Грац.

Австриски политичар силувал девојче, ја намамил и ѝ платил 50 евра- се огласија од партијата

Според обвинението, кое сè уште не е правно обврзувачко, мажот контактирал со тогаш 13-годишното девојче преку онлајн платформа во 2021 година, по што наводно ја намамил во својот стан во Грац, објави Стандард.

Наводно подоцна ѝ платил 50 евра.

Обвинителството во Австрија го обвинува за сексуални дејствија, а истрагата е покрената откако сега младата жена самата го пријавила случајот.

За време на истрагата, биле анализирани мобилни телефони и други уреди за складирање податоци, по што обвинителството поднело обвинение.

Кристијан Крошл, портпарол на јавното обвинителство во Грац, изјавил дека обвинетиот се соочува со казна од пет до 15 години затвор.

„Казната се движи од пет до 15 години, бидејќи претпоставуваме и тешка телесна повреда поради здобиените повреди“, рече Крошл.

Младата жена, која имала само 13 години во времето на наводната злоупотреба, сè уште се справува со последиците од психолошката траума, според австриските медиуми.

Неговите фотографии и лични податоци беа отстранети од веб-страницата на партијата откако обвинувањата станаа јавни минатата година.

Партијата NEOS тогаш изјави дека е свесна за извештајот и истрагата што се спроведува против нивниот функционер во Штаерска.

„Ги сфаќаме овие обвинувања многу сериозно и презедовме итни мерки“, соопшти партијата тогаш.

Политичарот, рекоа тие, доброволно се откажа од членството и се повлече од сите позиции што ги имаше како претставник на NEOS.

Обвинението против него сè уште не е финализирано, а неговата вина ќе ја одлучи надлежен суд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гвинет Палтроу за врската со Бред Пит: Ми беше срам (ВИДЕО)

Гвинет Палтроу се осврна на својата врска со Бред Пит во 1990-тите и откри како медиумскиот притисок влијаел врз неа по нивното раскинување. 

Гвинет Палтроу за врската со Бред Пит: Ми беше срам (ВИДЕО)

Во гостување во подкастот, таа сподели дека поради фактот што нивната врска била толку јавна, чувствувала дополнителен срам што не успеала.

53-годишната актерка беше гостинка во вторникот во подкастот „Пријателите чуваат тајни“ што го водеа Бени Бланко, Лил Дики и Кристин Баталуко. Зборувајќи за својата кариера и живот во јавноста, таа се осврна и на својата врска со Пит.

Се запознале на снимањето на филмот „Седум“.

Палтроу рече дека таа и Пит, кој денес има 62 години, се запознале на снимањето на филмот „Седум“. Нејзината кариера тогаш само што почнувала да полетува. Таа рече дека врската започнала кога таа имала околу 22 години, а тој 31 година.

„Се запознавме на снимањето и тоа беше речиси љубов на прв поглед“, се присети таа. „Беше прилично неверојатно. Толку многу забавно.“ Таа додаде дека сè што следело ја преплавило и дека луѓето наскоро почнале да ја препознаваат првенствено како девојка на Пит. Двојката се запознала во 1994 година, се свршиле во 1996 година и ја раскинале свршувачката во јуни 1997 година.

По раскинувањето, таа почувствувала дополнителен срам

Еден од водителите ја прашал Палтроу дали нивната врска е повеќе како фантазија отколку реалност. Таа признала дека „еден дел од неа бил многу интензивен“ и додала: „Бев многу млада, а тој беше прекрасна филмска ѕвезда“. Актерката, исто така, открила дека денес се пријатели и рекла дека Пит е „одличен човек кого таа многу го сака“.

По раскинувањето, вели таа, била „навистина депресивна“. „Мислам дека поради медиумскиот притисок и сè друго, целата работа станува многу поголема отколку што е всушност“, рекла таа. „Потоа го носиш на грб товарот на таа вештачки создадена важност што јавноста му ја придава на сето ова, дополнителен притисок и срам затоа што си не успеал“.

YouTube video

„Не бев подготвена за брак“

Палтроу и претходно зборувала за причините за раскинувањето. Во подкастот „Call Her Daddy“ во 2023 година, таа објасни дека ја раскинала свршувачката бидејќи не била подготвена за брак, иако срцето ѝ било скршено. „Тоа беше вистинската одлука во тој момент, но беше многу тешко“, рече таа во тоа време. „Се случија голем број работи. Тој беше девет години постар од мене, знаеше што сака и беше подготвен за тоа, додека јас сè уште не знаев што сакам.“

„Тоа беше еден од оние тешки моменти кога си помислив: „О, Боже, не само што не сум подготвена, туку повторно не ги исполнувам очекувањата.“ Тоа беше тој добро познат внатрешен глас кој често ми кажуваше дека не сум доволно добра“, додаде таа.

По врската со Пит, Палтроу се омажи за фронтменот на Coldplay, Крис Мартин, во 2003 година, со кого има две деца, Епл (22) и Мозес (20). Двојката се раздели пријателски во 2014 година. Од 2018 година, таа е во брак со продуцентот Бред Фалчук.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Романија е уапсен опасен руски шпион: Целта му биле воздухопловните и приморските бази

Романските власти објавија дека уапсиле руски државјанин обвинет за собирање стратешки информации за саботажни операции во земјата-членка на ЕУ и НАТО од февруари до јули.

Во Романија е уапсен опасен руски шпион: Целта му биле воздухопловните и приморските бази

Романската разузнавачка служба во соопштението наведува дека „во соработка со домашни и меѓународни партнери спречила“ операција „координирана од Русија“, следејќи го моделот што се гледа во Европа.

Четириесетгодишниот шпион е осомничен за фотографирање и снимање опрема во неколку поморски и воздухопловни бази што ги користат сојузниците на Романија, особено во главниот град Букурешт.

Тој ги документирал движењата на персоналот и борбената опрема, вклучувајќи ги и „украинските товарни авиони Антонов“.

Според соопштението од обвинителството, кое побарало негово апсење, рускиот државјанин дејствувал по наредба на друго лице кое ги координирало операциите преку шифрирани услуги за пораки.

Романските власти изјавија дека веќе спречиле слични обиди во 2024 и 2025 година. Европската унија го осуди зголемениот број руски хибридни напади на почетокот на септември. Москва постојано негира вмешаност во овие операции.

Од друга страна, молдавската полиција објави дека 49-годишен маж од азербејџанско потекло е приведен поради сомнение за „неовластено собирање информации во име на претставници на специјалните служби на Руската Федерација“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер