Премиери, изложби, јубилеи, издаваштва... дел од програмата на Министерството за култура - Канал 5

Премиери, изложби, јубилеи, издаваштва... дел од програмата на Министерството за култура

Вкупно 44 театарски премиери, 18 аматерски претстави, преводи на дела од странски автори, издавање шест монографии, 14 стрипови, 37 книги на млади, талентирани писатели, организирање ретроспективни изложби, одбележување значајни јубилеи, конзервација на црквата Св. Ѓорги во Курбиново, санација на комплексот Водочки цркви во село Водоча и на манастирот Св. Богородица Елеуса во Вељуса, заштита на манастирот Св. Никола во Мариовско и на црквата Св. Никола во Зрзе, обнова на манастирот Трескавец,...

Премиери, изложби, јубилеи, издаваштва... дел од програмата на Министерството за култура
Ова се само дел од проектите што годинава ќе ги поддржи Министерството за култура чиј буџет изнесува 3,9 милијарди денари. Од овие средства, преку една милијарда денари се наменети за програмски активности.

Првпат во Република Македонија, годинава, од 4-10 мај, ќе се одржи 70. Конгрес на Меѓународна организација на филмски архиви (ФИАФ) на кои ќе присуствуваат околу 200 делегати од сите кинотеки од целиот свет.

- Во програмата за драмска дејност во 2014 година се прифатени 113 проекти, 44 премиери на национални установи, 13 независни и алтернативни проекти во шест општини. Во театрите ќе ги видиме остварувањата на Слободан Унковски, Мартин Кочовски, Софија Ристевска, Васил Зафирчев, Бујар Лума, Нехат Мемети,... Поддржани се 18 аматерски претстави во 16 општини, 23 фестивали и манифестации во 13 општини, од кои и три нови како меѓународниот театарски фестивал во организација на Македонскиот народен театар од Скопје, Фестивалот на комедија „Гола месечина“ во Општина Аеродром во организација на Театарот „Комедија“ и меѓународниот театарски фестивал „Театарот поинаку“ на отворени локации во општина Чаир во организација на Центарот за алтернативна креација „Алтернативе“ од Скопје, велат од Министерството.

Застапени се афирмирани македонски и странски режисери, Иван Поповски, Љубиша Георгиевски, Владимир Милчин, Бранко Ставрев, Александар Поповски, Дејан Пројковски, Диего де Бреа, Андреј Жолдак и многу други.

Новина е што се предвидени гостувања на сите национални театри во речиси сите градови во земјава.

Во контекст на музичко-сценска дејност, централно место годинава има јубилејот на Македонската филхармонија која одбележува 70 години постоење. Празнувањето ќе биде во текот на целата година, со реализирање врвни концерти на светски и домашни уметници и автори.

Јубилеи годинава празнуваат и Танц Фест и здружението „Шпато“, 10 години постоење и работење, како и Виенскиот бал, 15 години постоење и презентирање на македонско-австриските односи.

Како што информира ресорното Министерство, во издавачката дејност, освен преводи на дела од светската литература, шест монографии и осум проекти од електронското издаваштво, поддржани се и по еден или два тома од собраните дела на истакнати македонски писатели, Богомил Ѓузел, Јован Павловски, Блаже Ристовски, Луан Старова, Митко Маџунков, и Бранко Цветкоски, 14 стрипови, 45 списанија со повеќегодишна традиција од областа на културата, 30 проекти книги за деца, 100 пријави на реномирани автори, 37 дела на млади и талентирани автори, програмски активности на здруженија, манифестации.
Поддршка е предвидена и за последниот том од Толковниот речник на современиот македонски јазик (Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“) и многу други автори. Прв пат се појавува и цела Антологија на класичната кинеска поезија подготвена од Игор Радев. Особено значајно е што препевот е од кинески јазик, како и антологискиот приказ на едицијата „130 тома македонска книжевност“ – Македонска книжевност на Брајово писмо (поезија, драма, расказ, роман).

Поддржани се неколку аудио (звучни) списанија за слепите лица, како и електронскиот проект за културно издигање на лицата со пречки во менталниот развој.

Во ликовната дејност најзначаен настан е петдеценискиот јубилеј на Музејот на современиот уметност (МСУ) за чие одбележување е предвидено отворање на постојаната музејска поставка, како и приказ на дела од Василије Поповиќ Цицо (100 години од раѓањето), постхумна ретроспективна изложба на Вељо Ташовски и ретроспективна изложба на Владимир Боројевиќ.

Во рамки на одбележувањето значајни јубилеи е и изложбата на дела од доајенот на македонската современа ликовна уметност Вангел Коџоман, во организација на Музеј-Струга. Со реализацијата на овој проект, предвидена е и санација на објектот на Музејот кој ќе биде наменет за постојана музејска поставка на 33-те дела на овој значаен автор кои се во сопственост на музејот.

Во областа на заштитата на културното наследство предвидена е конзервација на архитектурата на црквата Св. Ѓорѓи Победоносец, село Младо Нагоричане, конзерваторско-реставраторски работи на живописот на манастирскиот комплекс Св. Ѓорги, Кнежино од 14 век. Посебно внимание ќе биде посветено на целосната заштита, конзервација на архитектурата и живописот на црквата Св. Ѓорги во Курбиново, како и целосното истражување, заштита, конзервација, реставрација и презентација на античкиот град Скупи.

Ќе бидат реализирани проектите за конзервација на живописот на црквата св. Никола во Јосел, конзерваторскиот проект за ѕидовите од црквата Св. Пророк Илија во Стар Дојран, проектите за санација на комплексот Водочки цркви село Водоча и на манастирот Св. Богородица Елеуса во село Вељуса, Струмица. Ќе продолжат и активностите околу конзервацијата и реставрацијата на стариот конак во манастирот Св. Никола, село Љубанци.
Меѓу позначајните проекти во насока на презентација и популаризација на објектите од сакралната архитектура се издвојуваат конзервацијата и реставрацијата на фасадите и адаптацијата на објектот на Јени Џамија во Битола, како и проектот за конзервација, реставрација и реконструкција на тремот на Хусеин Шах џамија во Сарај, Скопје.

Ќе бидат реализирани проектите за санација и реставрација на фасадите на два објекта на улицата „Илинденска“ во Скопје, во Старата охридска чаршија и во Штип, како и проектот за обнова на фасадата на една куќа во Гостивар.

- Годинава ќе биде заокружен и проектот за санација и обнова на Спомен костурницата на паднатите борци во НОВ од Велес и Велешко, санација на Амамот во Тетово кој е во функција на галериски простор. Истовремено ќе бидат реализирани и проектите за непосредна заштита на Галерија „Никола Мартиновски“ во Крушево и на споменикот „Илинден“ во Крушево, а ќе продолжи и четвртата фаза на непосредна заштита на куќата на Ајри Доко во Охрид со поставување покривна конструкција на сцената во Долни сарај и Античкиот театар, велат од Министерството.

Продолжува и долгорочниот проект за дигитализација на националното аудиовизуелно наследство преку националната установа Кинотека на Македонија. Планирана е дигитализацијата и дигиталната реставрација на играните филмски остварувања на значајните режисерски имиња од домашната кинематографија, меѓу кои филмскиот опус на режисерот Љубиша Георгиевски, по што ќе следи ДВД-издание на дигитално реставрираните филмови, по повод јубилејот 55 години творештво и 77 години раѓање, како и дигитализација на филмските остварувања на режисерот Милчо Манчевски.

Во делот на меѓународната соработка, по повод одбележувањето 20 години од воспоставувањето дипломатски односи, ќе се организираат комплексни манифестации со богати културни содржини во Чешката Република, Република Австрија и Унгарија.

Република Македонија ќе биде присутна и во Женева каде со повеќе културни активности ќе го одбележи членството во Советот за човекови права на ОН.

- Продолжувајќи ја традицијата, по успешното претставување во Истанбул, Талин, Марибор и Марсеј, ќе се претставиме и во Рига која оваа година е носител на титулата Европска престолнина на културата. Македонија ќе се претстави и на меѓународните саеми во Франкфурт, Гетеборг и Истанбул, велат од Министерството.

На фестивал во Шведска ќе учествува истакнатиот македонски поет Никола Маџиров, а на поетски фестивал во Гранада, Никарагва, Република Македонија ќе ја претставува Игор Исаковски. Оркестарот на Македонската филхармонија ќе реализира концерт во престижната концертна сала „Ватрослав Лисински“ во Загреб, Македонска Опера и Балет со оперската претстава „Дон Џовани“ ќе учествува на Меѓународниот фестивал на музика и игра во Банкок, Тајланд, а Балетот со балетската претстава „14 часа“ ќе гостува во Виена.

Годинашниот буџет на Министерството за култура е за 11,6 отсто поголем од ланскиот. /Извор: МИА/

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

НБРМ подготвува посебно решение за проблемот со пензионерите што примаат пензии преку Алта банка, а немаат платежните картички за да можат да подигаат пари од банкоматите.

Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка

Станува збор за околу 3.500 граѓани, за кои гуверенот Славески во телевизиско гостување, рече дека се размислува да се отворат вратите на банката и тие со едно одење на шлатер да може да подигнат до 20.000 денари во рок од две недели.

Славески тврди дека по изборите во Србија немало милионски трансфери ниту податоци што укажуваат на перење пари. Според него, по 26 октомври одливите кон Србија изнесувале околу 180.000 евра, а приливите околу 16.000 евра, во најголем дел редовни плаќања на клиенти, меѓу кои и за увоз на стоки.

Гувернерот тврди дека не знаел кој е крајниот газда на банката и немало потреба да знае, бидејќи НБРМ дала согласноста за влез во македонскиот банкарски систем на српската банка како институција. На ова денеска реагираа од опзоициската СДСМ...

-Ова е заштита на капиталот на криминалците, на сметка на штедачите чии депозити и сметки се заробени. Наместо да им се дозволи непречено да располагаат со парите, се штитат парите на мафијата,- -Александар Саша Димитријевиќ – генерален секретар на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, возвратија дека СДСМ создава паника за да отвори можност банката да ја преземе бизнисмен близок до опозицијата.

-Целта на Филипче и СДСМ е да создадат паника и хаос во банкарскиот свет, за утре близок бизнисмен до Филипче и Заев да ги откупи акциите за багателна цена,- Бране Петрушевски – заменик-генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Заинтересирани има, а купувач за мнозининскиот пакет акции на Алта банка, Славески очекува да се најде во следните 3 месеци, колку што ќе трае и тримесечна привремена администрација.

Според одлуката објавена во Службен весник, за администратори се именувани Илија Андовски, Весна Стојчевска и Марија Тодоровска, вработени во Народната банка, кои имаат рок од 3 недели да ја утврдат состојбата во банката.

Во меѓувреме, Трговскиот суд во Белград донесе решение за отворање стечајна постапка во матичната АЛТА банка. Државата ќе обештети депозитите до 50.000 евра во рок од три години, а останатите ќе чекаат разврска на стечајната постапка.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

На сопругот му е задача и обврска да врши „машки надзор“ во бракот... 

Контроверзни ставови на Петар Богојески за „машки надзор“ во бракот и семејното насилство

Овој контроверзен став на претседателот на Македонски концепт Петар Богојески покрена бура од реакции во јавноста, а остри осуди пристигнаа и од политичките партии, новинари, невладини оргазации. Неговите тези за тоа како треба да функционираат односите меѓу мажите и жените ги објаснуваше синоќа во телевизиско гостување во кое дебатираше со адвокатката Катерина Котеска на тема за македонските семејства, насилствата и разводите...

-Феминизмот е тој кој жените ги направи да се однесуваат на неадекватен начин и да отфрлат било каков машки надзор. –Кој да ми врши надзор? Сопругот. – Зошто да ми врши надзор? – Зашто тоа му е задача. / Дали е насилство изневерувањето од сопругата? Или е насилство реакцијата на сопругот на фактичката состојба? Тоа неговото не е насилство. Петар Богојески – претседател на „Македонски концепт“ (гостување во Алфа ТВ).

Денеска Богојески се дообјаснува на фејсбук. Се закани за тужби кон новинари бидејќи се ваделе заклучоци само врз база на кратки исечоци од емисијата, но останува на ставот дека феминизмот е лош за жените.

Новинарот Бранко Героски во изјава за Канал 5 вели дека нема простор за релативизирање и најмалку што може да стори по скандалозните тези е да се извини на јавноста.

Понижувачки, ретроградни и опасни се зборовите на Богојески, оценува портпаролката на Владата од ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева која на социјалните мрежи напиша дека е згрозена од искажаните ставови. Да се зборува за жената како за личност на која ѝ е потребен надзор е недозволиво. Најстрашно, во неговите изјави се релативизира насилството во партнерските односи и тоа е опасно и заслужува најостра јавна осуда.

Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, но пред сè како жена, најостро ги осудувам ваквите ставови. – стои во реакцијата на Митева. Осуда има и од ЛДП, од Националната мрежа за борба против насилство, од женската медиумска мрежа „Еднаква“. Бараат реакција и од обвинителството, комисијата за заштита од дискриминација, како и од Воената академија кадешто Богојески работи како професор.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Поранешниот директор на „Државна лотарија“, Перпарим Бајрами кој е првообвинет за злоупотреби со ВЛТ терминалите излегува од притвор, соопшти кривичниот суд.

Поранешниот директор на „Лотарија“ Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од над 1 милион евра

Кривичниот совет на предлог на одбраната го прифатил предлогот и донел решение со кое на Бајрами му се укинува притворот и му се прифаќа гаранцијата во износ од 1.140.781 евра во недвижен имот.

За неколку дена поминува и законскиот рок до кога Бајрами може да биде во притвор. Судот му одредил мерки за претпазливост, одземање на патната исправа и забрана за издавање нова исправа за преминување на државната граница, како и обврска за редовно јавување во судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер