СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
2СДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!
3ВМРО-ДПМНЕ: Документите ги демантираат манипулациите на Филипче и СДС, Алта банка немала забрана во ЕУ
КултураПремиерата на „Медена ноќ“ ќе го отвори 18. Скопски филмски фестивалСо премиера на „Медена ноќ“ на режисерот Иво Трајков, вечер во кино „Милениум“ ќе биде отворен 18-тиот Скопски филмски фестивал, на кој до 24 април ќе бидат прикажани над 60 филмови во десет програми. Филмот е копродукција меѓу Македонија, Чешка и Словенија, со Верица Недеска и Никола Ристановски во главните улоги, снимен целосно во Скопје во 2013 година.Се случува на прослава на националниот празник на новоформираната независна држава Република Македонија, кога е и 10-годишнината од бракот на еден заменик министер (Никола) и неговата сопруга (Ана). - Во текот на линеарното дејство, кое се одвива во една ноќ, во која кулминира брачната криза на главните протагонисти, низ флеш-бек секвенци од прославата, ја следиме втората наративна линија на оваа приказна каде се отсликува професионалниот живот и искушенијата на Никола, инволвиран во еден политички скандал во неговото министерство, во врска со приватизација на едно државно претпријатие. Во текот на бурните расправии меѓу Никола и Ана, од причина што тој заборавил на годишнината од нивниот брак, на виделина излегуваат сите нивни проблеми, фрустрации и тајни...информира македонската продукција „Кавал филм“. Продуцентот Роберт Јазаџиски вчера на прес-конференција рече дека сценариото е инспирирано од новелата „Уво“ на Јан Прохаска од 1960-тите, кој се смета за еден од најдобрите сценаристи на чешката кинематографија. - По оваа новела е снимен и истоимен филм, кој бил веднаш забранет, и пуштен во 1991. Ние го адаптиравме сценариото за 90-тите години од минатиот век, тоа ни изгледаше некако соодветно. Во моментот кога ние го правевме сценариото немаше ништо поинтересно на политички план, рече Јазаџиски. Во екипата се и актерите Александар Микиќ, Бранко Бенинов, Митко Апостоловски, Сабина Ајрула, Игор Ангелов, Криштоф Хадек, Јитка Шнајдерова... Директор на фотографија е Милорад Глушица, монтажата е на Андрија Зафрановиќ, сценограф е Иван Бартлинг, костимограф Жаклина Крстевска, а музиката ја компонираше Тони Китановски. На вечерашната премиера е најавено присуство на екипата на филмот, кој ќе биде редовно на репертоарот на „Милениум“ од 25 април, по завршувањето на Скопскиот филмски фестивал. До 24 април СФФ ќе прикаже над 60 филмови и ќе има придружни настани. Фестивалот ќе се одржува во „Милениум“, „Фросина“ и во Кинотеката на Македонија. - Се потрудивме да донесеме филмови кои беа актуелни минатата година во Европа и светот, да донесеме гости, да направиме повеќе работилници и мастер-класи. Годинава нудиме повеќе од 60 филмови распоредени во десет програми - главна програма, програма на авторски филм, новововедената програма на хорор филмови и традиционалните програми на кратки играни и анимирани филмови, програма на светски филм и студентска програма, како и почесна програма посветена на нашиот главен и многу значаен гостин - иранскиот режисер Мохсен Макмалбаф, рече на прес-конференцијата Сунчица Уневска, селектор на филмовите во главната програма.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЉупчо Пренџов избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕПратеникот Љупчо Пренџов е избран за заменик на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки. Одлуката ја донел партискиот Извршен комитет на седницата одржана на 12 ноември, објави Пренџов на Фејсбук.Тој му се заблагодари на лидерот Христијан Мицкоски за довербата и на членовите на Извршниот комитет за поддршката, оценувајќи го изборот како ново поглавје во својот политички ангажман. „Довербата е обврска. Одговорноста е да се оправда со работа и резултати“, напиша Пренџов. Пренџов претходно беше организациски секретар на Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), а во март 2017 година беше избран за потпретседател на таа партија. Во Собранието влезе во 2020 година како претставник на ГРОМ, од листата на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Драган Ковачки беше избран за генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ на 6 февруари годинава, кога Централниот комитет го избра и новиот состав на Извршниот комитет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
РакометВо сабота во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ракометно дерби, Вардар- АлкалоидВо сабота нè очекува уште едно големо ракометно дерби – Вардар против Алкалоид. Видеолотарија и навивачите со силна подршка на трибините за црвено-црните.Дерби-натпреварот меѓу Вардар и градскиот ривал Алкалоид, закажан за сабота, 14 ноември, со почеток во 18:30 часот, ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“, наместо во малата сала на СЦ „Јане Сандански“. ВЛТ е со Вардар! Ги повикуваме сите навивачи во сабота да бидат дел од црвено-црната енергија и со гласна поддршка да му помогнат на тимот во дербито. Вардарци, се гледаме во СЦ „Борис Трајковски“!Тагови: РК Вардар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Мицкоски панично ја брани Алта банка – Савески веднаш да постапи по кривичната пријава против Славески!Колку повеќе прашања за одговорност се отвораат за Алта банка, толку по панично Христијан Мицкоски ја брани. Од што се плаши Мицкоски најмногу? Од вистината. Од тоа што ќе го покажат документите за влезот на Алта банка во Македонија, што ќе се откие потеклото на капиталот, трансакциите и сметките и ќе ги потврдат неговите врски со криминалниот картел на Вучиќ. Мицкоски и Трајко Славески ја донесоа Алта банка во Македонија, ја внесоа пералницата на пари на Вучиќ. Славески јавно призна дека одлуката ја донел по консултации со Мицкоски. Во Србија има истрага, Алта банка е под стечај, сопственикот е приведен, се истражуваат 380 милиони евра. Дури се споменуваат сомнежи и за печатење пари. Во Македонија граѓаните не можат да дојдат до своите пари а Мицкоски и Славески сакаат да го заташкаат скандалот за да се спасат од одговорност. Обвинителот Ненад Савески треба да го прекине молкот и веднаш да постапи по кривичната пријава што ја поднесе СДСМ. Гувернерот Трајко Славески има директна одговорност. Основани се сомненијата за несовесно работење во службата и злоупотреба на службената положба и овластување при одобрувањето на преземањето на банката и спроведувањето на надзорот. Зошто не биле направени потребните проверки на сопственикот Давор Мацура, потеклото на капиталот за кој има инофрмации дека е од криминал и дрога, зошто не се пресметале ризиците? Савески треба да преземе мерки на претпазливост, вклучително привремена забрана за вршење на должноста на Трајко Славески, за да се спречи влијание врз сведоците, уништување на документацијата и доказите. Обвинителството мора да покаже дека работи независно и по закон. Скандалот со Алта банка нема да се заташка. Правдата доаѓа. Од Мицкоски до Славески – сите ќе одговараат! Скопје, 13.11.2026 година СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter