Премиера на ремек - делото на Кушнер - „Ангели во Америка", на 1 септември во МНТ - Канал 5

Премиера на ремек - делото на Кушнер - „Ангели во Америка", на 1 септември во МНТ

 Премиерата на ремек делото на Тони Кушнер, „Ангели во Америка", добитник на Пулицерова и многу други награди, ќе ја има својата премиера на 1 септември, на сцената во Македонскиот народен театар, во режија на Филип Петковски. 

Премиера на ремек - делото на Кушнер - „Ангели во Америка", на 1 септември во МНТ

Ова беше соопштено на денешната прес-конференција во МНТ.

- Во 1991 година, инспириран од својот приватен живот, Тони Кушнер ја пишува „Ангели во Америка: Среќна фантазија на национални теми", дело што засекогаш ќе ја промени светската театарска историја, а Кушнер ќе го позиционира како еден од највлијателните американски драмски автори. Текстот ја добива Пулицеровата награда за драма, наградата Тони, како и речиси сите други значајни признанија во театарот. А тоа се должи на способноста на овој драмски текст да го претвори театарот во моќна алатка за општествени коментари преку личните приказни на ликовите, комбинирајќи извонредна драматуршка структура, акцент на актерската игра и симболични сцени што и денес звучат релевантно, беше кажано на пресот на кој присуствуваше режисерот Петковски со актерите и речиси целиот тим вклучен во реализацицјата на претставата.

Премиерната изведба на претставата, ќе се случи на големата сцена на Македонскиот народен театар, со почеток во 20 часот. Втората изведба е закажана за 2 септември. Во претставата играат Јордан Симонов, Александар Стоименовски, Стефан Спасов, Илин Јовановски, Наталија Теодосиева, Тања Кочовска, Дамјан Цветановски и Нела Павловска.

- Сместена во Њујорк во 1980-те, во време на конзервативната политика на Роналд Реган и јавна незаинтересираност за епидемијата на СИДА, „Ангели во Америка" ја следи судбината на четири геј ликови и нивните најблиски, чии приказни зборуваат за љубов под незамислив притисок, за страв и храброст, за вера и сомнеж, за човечката потреба да се најде надеж, дури и кога светот е решен да ја уништи. Овие приказни се испреплетуваат и со реални историски личности, како познатиот адвокат Рој Кон кој јавно ја негирал сопствената хомосексуалност, но, на крајот умира од СИДА, беше споделено на прес- конференцијата.

Сценографијата во претставата е на Мартин Манев, костимографијата на Антонија Гугинска - Јорданоска, додека продуценти на проектот се Петар Антевски и Филип Петковски.

Претставата се реализира како копродукција на Здружението за афирмација на театарската уметност „Пресврт" - Скопје и Македонскиот народен театар, со поддршка на Министерството за култура, Европска куќа - Скопје, Германската амбасада во Скопје и Здружението „Заедно посилни" и Gilead sciences Europe LTD.

Во изјава за МИА, актерот Илин Јовановски рече дека многу теми се обработуваат во претставата.

- Според мене, една од најважните работи во оваа претстава е, борбата кај секој индивидуалец во претставата за својата слобода и како реагира човек, во недостиг на таа слобода, подвлече Јовановски.

На прашање од МИА, токму околу таа слобода, тој се осврна и на тоа, како, според него, стоиме како општество, со предрасудите и табуата.

- Мислам дека се движиме, не мислам дека стоиме. Е сега, дали тоа може малку побрзо да се случува, може. Секако, треба секогаш да се бориме против предрасудите, бидејќи предрасудата е само еден недостиг на информации. Од нешто што не се знае, од недоволна информираност. Обично луѓето поради тоа, реагираат, како што реагираат. Но, дефинитивно треба да се бориме против тоа, порача актерот.

Билетите за премиерата и втората изведба се достапни на билетарата на Македонскиот народен театар, како и онлајн на веб-страницата на театарот.

Претставата не се препорачува за лица помлади од 16 години.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан Мицкоски

Мицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.

Благодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината.

Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Голферка во секси бикини

Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. 

Фото: Голферка во секси бикини

Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор.

Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува.

Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.

Фото: Српска пејачка во микро бикини

Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот.

Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание.

Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи.

Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува.

Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ.

Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер