Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураПремиера на претставата „Стари времиња“ на Харолд Пинтер во Охридскиот театарПсихолошката драма „Стари времиња“ на Харолд Пинтер во поставка на младата режисерка Нела Витошевиќ, а во изведба на актерската екипа на Народниот театар од Охрид утревечер премиерно ќе биде изведена пред охридската публика.Како што беше истакнато на денешната прес-конференција по повод премиерата на „Стари времиња“ со која практично започнува годинешниот репертоар на Народниот театар од Охрид, комплексноста на темите што ги третира ова, можеби најмногу обработувано дело на Пинтер, бара одредена зрелост не само од режисерот, туку многу повеќе од самата актерска екипа. - Станува збор за посебно драмско задоволство што трае околу еден час, висококалоричен текст што нуди несекојдневни емоционални задоволства, изјави актерот Горан Стојановски, инаку и директор на Народниот театар од Охрид, кој потсети дека токму заради таквите особености претставата е наградена со Европска награда за театарски сензибилитет. Станува збор за премиерна изведба на претставата „Стари времиња“ во рамки на матичната куќа, после настапот на последното фестивалско издание на „Охридско лето“ и театарскиот фестивал во Струмица. Критичарите за драмскиот израз на Пинтер дека не припаѓа на ниту еден стил, освен како драматург со својата оригиналност бара исто така оригинално толкување во театарската игра. Режисерката Витошевиќ за Нобеловецот Пинтер ќе каже дека во своите дела тој секогаш се повикува на минатото како клучен фактор за последиците и растројствата коие се нерешливи во животите и судбините на неговите ликови. Драмата „Стари времиња“ третира повеќе теми, меѓу кои е кризата на бракот во 40-те години, односно како старите времиња влијаат врз актуелните размислувања на ликовите, како преку евоцирање спомени на минатото отвараат фрустрации, копнежи, болки... Актерската екипа за утрешната претстава ја сочинуваат Ирена Ристиќ, Јасмина Билаловиќ и Горан Стојановски, а „Стари времиња“ ќе се игра на Малата сцена на Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот. Инаку Стојаноски како директор на Народниот театар од Охрид, најави богата програма на репоертоарот за престојниот период, со неколку нови проекти во рамки на куќата во кус рок од само еден месец. - Стартуваме на 25 овој месец со интересна копродукција – тројца актери од нашата куќа – Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски и Филип Кипроски подготвуваат нешто забавно и доста несекојдневно во рамки на проектот наречен „Инпровокација“. Потоа на крајот на месецот ќе биде изведена детската претстава „Убавицата и ѕверот“ на режисерот Ѓорѓи Ризески, за се да биде заокружено кон средината на идниот месец со авторскиот проект „Писмо од земјата“ на актерот Никола Тодороски, работен според текст на Марк Твен, рече тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook