КултураПремиера на претставата „Лов на дива свиња“ во ПодгорицаПо успешната праизведба летово на сцената во Македонскиот народен театар, претставата „Лов на дива свиња“ денеска премиерно ќе се одигра пред публиката во Градското позориште Подгорица, а утре, на 8 септември е закажана и првата реприза.Од МНТ информираат дека „Лов на дива свиња“ е современа драма и симбиоза на два авторски текста потпишани од Марија Сарап – „План Б“ и „Лов на дива свиња“. Претставата се занимава со интимна и силна исповед за жените, кои преживуваат семејно насилство и фемицид, нивната борба за себеидентификација и начините на кои се соочуваат во токсичните околности каде што се губат себеси. Делата на Сарап, општо земено, се карактеризираат со длабока психологизација на ликовите и истражување на социјалните и семејните теми, често фокусирајќи се на женските перспективи и нивните борби во патријархалните општества. Претставата ќе се игра двојазично – на македонски и на црногорски јазик, а сензибилитетот на актерите од двете земји ѝ носи дополнителна динамика и културна тежина. Претставата е копродукција меѓу Македонскиот народен театар, Градското позориште Подгорица и Здружението за развивање уметност и културна соработка „Арт Медиа“ од Скопје. Во претставата играат актери од двете земји: Ана Стојановска, Искра Ветерова-Славенска и Мина Јелушиќ-Јериниќ од Македонија, како и Ѓоргије Татиќ и Вукан Пејовиќ од Црна Гора. Марија Сарап е современа писателка од Црна Гора, која од неодамна е уметнички директор на Црногорско народно позориште. Поплавска е македонска режисерка што на нашата публика ѝ донесе значајни претстави и долгогодишен соработник на МНТ, каде што ги постави мјузиклите „Чикаго“, „Мама миа“, „Архангелот над Скопје“ и многу други. Режисерката Поплавска која е претседател на „Арт медиа“, иницираше театрите на двете земји да потпишат Меморандум за соработка, а во јуни годинава директорите на двете театарски институции, Никола Кимовски на МНТ и Сандра Вујовиќ на Градско позориште Подгорица, по потпишувањето, решија веднаш да започнат со реализација на претставата „Лов на дива свиња“, што е првиот заеднички проект. Со тоа започнува културната размена што предвидува развој на современата театарска сцена во регионот, поинтензивна соработка и нови регионални иницијативи меѓу Македонија и Црна Гора. -Ова е приказна за демоните што ги ловиме цел живот во себе и се обидуваме да ги избркаме од себе за да бидеме подобри луѓе, вели Сарап. Режисерката Поплавска додава дека се работи за „Женска тема со јасна порака, приказна за семејно насилство и семејни тајни, демони што се пренесуваат во фамилијата. Оваа претстава е женски крик на сите оние што доживеале дел од она што ние го поставивме на сцената. Претставата ја отвора темата фемицид и истовремено е апел до сите засегнати институции. Мисијата сме ја постигнале, доколку барем некој во публиката одлучи да каже: Доста е!“, истакнува Поплавска и додава: „Со оваа претстава создадовме простор каде што актерите, без разлика на националноста и јазикот, заедно креираат искрена, силна и емотивна приказна. Радоста, енергијата и креативноста се чувствуваа на секоја проба и изведба.“ Во претстојниот период, претставата ќе продолжи да се изведува на сцените на Македонскиот народен театар и Градското позориште Подгорица, со ангажман на две технички екипи, додека актерите ќе патуваат на релација Скопје – Подгорица. Соработката меѓу двете институции ја поттикнува долгорочната културна размена и заедничкото творештво на современи автори и уметници од регионот. Покрај изведбите што се планирани во Македонија и Црна Гора, „Лов на дива свиња“ ќе учествува и на регионални и меѓународни фестивали, каде што ќе продолжи да ја пренесува својата универзална порака. Проектот е одличен пример за значењето на уметничката соработка и создавање заедничка театарска сцена, која ги надминува границите и промовира важни општествени теми, стои во соопштението од МНТ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотВидео:Воодушевувачка снимка од 120 метри, нурнете во мистериозната Голема сина дупка во БелизеНурнете во мистериозната Голема сина дупка во Белизе: Воодушевувачка снимка од 120 метриГолемата сина дупка во Белиз крие неверојатни подводни светови. Нуркачите открија спектакуларни сталактити и богат морски свет. „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole) во Белиз е една од најпознатите дестинации за нуркање во светот, а нејзините огромни димензии и она што се крие под површината со години привлекуваат нуркачи од целиот свет. Еден од нив одлучи да нурне во нејзините длабочини и со камера да ги сними призорите што ги затекна таму. „Големата сина дупка“ е широка околу 300 метри и длабока приближно 120 метри; таа претставува огромна подводна вдлабнатина (синкхол) сместена недалеку од брегот на Белиз. Нуркањето таму е на листата на желби на многу нуркачи, а Реј Тилер од продукцијата „Fintastic Films“ конечно доби можност да ги истражи нејзините длабочини. За време на експедицијата, тој не нурна само во „Големата сина дупка“. Изведе вкупно три нуркања на некои од најпознатите подводни локации во областа, а го посети и оддалечениот остров Халф Мун Кеј (Half Moon Cay). По нуркањето во „Големата сина дупка“ (Great Blue Hole), се нуркаше и на околните корални гребени. Таму беа забележани ајкули, ражи и морски желки, што го направи целото патување уште поатрактивно.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Ана Ивановиќ во друштво на познат хрватски пејач Поранешната најдобра светска тенисерка, Србинката, Ана Ивановиќ и популарниот хрватски пејач Санди Ценов ги израдуваа своите следбеници со заедничка фотографија на Инстаграм, придружена со интригантна порака. Хрватскиот пејач Санди Ценов е познат по својата љубов кон патувањата и дружењето, а со својата најнова објава на Инстаграм ги изненади и ги воодушеви своите следбеници. Имено, Санди сподели фотографија на својот „Инстаграм стори“ на која позира со поранешната српска тенисерка Ана Ивановиќ, која важи за една од најуспешните и најпознатите спортистки од овие простори. На фотографијата, направена во опуштената атмосфера на свечена вечера на отворено, и двајцата не ја симнуваа насмевката од лицето. Поранешната тениска ѕвезда блеска во елегантен црн фустан со светки, додека музичарот се одлучи за класична елеганција – црн костум и бела кошула со откопчани копчиња. Санди ја означи Ана во објавата и сподели впечатлива порака: „Патувајќи низ светот, запознавате навистина интересни луѓе...“Тагови: Ана Ивановиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
ЖивотОгромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплексОгромната Триумфална капија на Трамп се претвора во воен комплекс. На покривот ќе има снајперисти .Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека планираната Триумфална капија висока 76 метри, која треба да се изгради на Националните гробишта во Арлингтон, ќе прерасне во „врвен воен комплекс“ со снајперисти на покривот и на плоштадот, како и со голем број дронови и залихи на муниција за снајпери. Трамп тврди дека одлуката ја донел по „силно барање“ на американската војска. Триумфалната капија првично беше претставена како монументален објект за одбележување на 250-годишнината од американската независност. Трамп сега вели дека таа ќе добие и многу специфична воена намена. Дронови, снајперисти и муниција Трамп на платформата „Truth Social“ напиша дека комплексот треба да овозможи сместување, складирање и брзо распоредување на голем број дронови, како и складирање на големи количини муниција за снајпери. Според неговиот план, снајперисти би биле распоредени на покривот и на просторот на плоштадот околу триумфалната капија. Планираната триумфална капија треба да биде висока 250 стапки (приближно 76 метри) и да се наоѓа на „Меморијал Сркл“ (Memorial Circle), меѓу Меморијалот на Линколн и Националните гробишта во Арлингтон. Таа би била повисока од Триумфалната капија во Париз. Трамп со месеци зборува дека сака да ја одбележи 250-годишнината од американската независност со монументална градба, но проектот сè уште не ги поминал сите неопходни процедури. Проектот сè уште нема целосно одобрение Заклучно со почетокот на септември, Комисијата за планирање на главниот град сè уште го немаше одобрено проектот, а не беше завршен ниту целосниот процес на разгледување, предвиден со американските закони за зачувување на историското наследство. Во меѓувреме, проектот се соочи со правен приговор од ветерани, кои тврдат дека капијата би го нарушила историскиот визуелен поглед меѓу Вашингтон и Националните гробишта во Арлингтон.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16