Премиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар - Канал 5

Премиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар

Во Драмски театар вечер ќе биде премиерно изведена претставата „Ифигенија за ништо“.

Премиера на претставата „Ифигенија за ништо“ во Драмски театар

Станува збор за современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, по текст и режија на Филип Петковски. Кореографијата е исто така на Филип Петковски, сценографијата е на Мартин Манев, а костимите се на костимографите Антонија Гугинска Јорданоска и Гордана Божиновска.

Во претставата играат Димитрија Доксевски, Филип Трајковиќ, Јелена Жугиќ, Нина Елзесер, Стефан Вујисиќ, Сара Климоска, Марјан Наумов, Томислав Давидовски, додека во хорот се актерките: Ивана Павлаковиќ, Ања Митиќ, Јована Спасиќ, Александра Павлова Бубања и Јована Миладинова.

Времетраењето на претставата е 100 минути и не се препорачува за лица помлади од 16 години.

-„Ифигенија за ништо“ е современа адаптација на античката трагедија на Еврипид, која се фокусира на личните и семејните конфликти што произлегуваат од жртвувањето во име на „високи цели“. Базирана на „Ифигенија во Авлида“ и митот за убиството на светиот елен на божицата Артемида, оваа постановка користи елементи од физичкиот и танцовиот театар. Додека трагедијата на Еврипид ја истражува немоќта на човекот пред волјата на боговите, оваа адаптација става акцент на симболиката на смртта на Ифигенија како последица, не само на воените амбиции на нејзиниот татко, туку и на пошироките механизми на политичката корупција и националистичките идеологии. Оваа продукција се служи со фрагментација, танц, физичко дејство и создавање слики. Ова е театарска претстава ослободена од наратив. Театар каде јазикот не доминира. Театар кој можеби и не сака да биде „разбран“, туку да биде просведочен, почувствуван и доживеан, вели режисерот Петковски во програмската белешка.

Според него, смртта на Ифигенија не е возвишена ниту херојска, туку е производ на семејна манипулација и инструментализирана патриотска реторика.

-Убиена без љубов и емпатија, нејзиното страдање станува симбол на начините на кои системите на моќ ги користат човечките животи за лична и колективна добивка. Таа не умира за нешто, туку за ништо, па така станува дел од еден поголем општествен механизам кој ја проголтува поединечната волја и ја заменува со идеолошка дисциплина, истакнува режисерот.

Премиерата „Ифигенија за ништо“ е првата претстава реализирана согласно најавената Годишната програма на Драмски театар за 2025 година. По премиерата претставата ќе се игра на редовниот репертоар на театарот и следните изведби ќе бидат на 11 и 15 април.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре сончево и релативно топло

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево и релативно топло. 

Утре сончево и релативно топло

Ќе дува слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 28 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Германската управа за моторни возила (KBA) во петокот предупреди дека, покрај милиони возила на „Volkswagen“ и „Audi“ ширум светот, и околу 1,7 милиони возила на Шкода може да имаат потенцијално опасен дефект.

Не е само „Volkswagen“: И моделите на овој бренд исто така може да имаат сериозен технички проблем

Предупредувањето се однесува на потенцијално слаб шраф во механизмот за управување, кој е подложен на корозија. Во најлош случај, шрафот би можел да пукне, соопшти „KBA“.

Минатата недела, агенцијата објави дека сопствениците на 2,16 милиони возила на „Volkswagen“ – конкретно моделите „Tiguan“, „Touran“, „Golf Variant“, „Caddy“ и „Golf“ произведени помеѓу 24 септември 2013 и 1 јули 2024 година – треба да контактираат со сервисен центар за да се изврши проверка и евентуална замена на проблематичниот дел, пренесува „DPA“.

Истото важи и за моделот „Audi Q3“ произведен помеѓу 31 октомври 2017 и 23 мај 2024 година.

Истиот ден, групацијата „Volkswagen“ упати повик до сопствениците на овие возила да ги донесат на технички преглед.

Се чини дека и возилата на Шкода – кои исто така се дел од групацијата „Volkswagen“ – се погодени од истиот проблем со дефектниот шраф.

Истото важи и за засега неутврден број возила од шпанскиот бренд „SEAT“.

Меѓу моделите на Шкода, под лупа се „Kodiaq“, „Karoq“, „Octavia“ и „Superb“, соопшти „KBA“, без да прецизира датуми на производство.

Ова опфаќа околу 1,7 милиони возила ширум светот, вклучително и околу 370.000 во Германија.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Бројот на загинати во несреќата со повеќе возила на автопатот кон крајбрежниот град Момбаса во Кенија се искачи на 17, соопшти полицијата.

Голема сообраќајна несреќа со повеќе возила во Кенија: Најмалку 17 загинати

Во соопштението се наведува дека несреќата се случила во текот на ноќта во областа Салама, откако возач на камион не успеал да престигне друго возило, што довело до судири со други возила – вклучително и комбе – пренесе АП.

Полицијата претходно соопшти дека во несреќата загинале најмалку 13 лица.

„Луѓето патуваа кон место за молитва во округот Накуру, западно од кенискиот главен град Најроби“, изјави Мартин Кивува, надбискуп на Католичката надбискупија во Момбаса.

Сообраќајните несреќи се сериозен проблем низ цела Африка.

Тие често се припишуваат на лошото одржување на возилата, прекумерната брзина и лошата состојба на патиштата.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер