Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
2Отворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопје
3Стојаноски: Растот на просечната старосна пензија во првите две години на Владата е 12,6 пати поголем од растот во првите две години на СДС и ДУИ
КултураПремиера на претставата „Ало! Ало!“ во режија на Синиша Евтимов во Театар КомедијаВо Театар Комедија во Скопје вечер премиерно ќе биде изведена претставата „Ало! Ало!“ во режија на режисерот Синиша Евтимов.Како што информира Театар Комедија - Скопје, „Ало! Ало!“ е духовита пародија на историските случувања и на човековите слабости во обидот да се сочува главата во налетот на насилството. Дејството е сместено во скопската кафеана „Кај Јорго“, во окупираното Скопје за време на Втората светска војна. „Кај Јорго“ е сврталиште на високите претставници на фашистичкиот окупатор во Скопје и на членовите на Отпорот, а сопственикот на кафеаната, Јорго, се труди да ги „менаџира“ односите со двете страни и да се одржи жив среде војната. Во претставата играат: Атанас Атанасовски, Жаклина Петровска, Валентин Костадиновски – Тино, Сергеј Димовски, Тони Денковски, Виктор Арсов, Јаков Спасов, Столе Мицов, Илија Илиоски, Наталија Теодосиева, Маја Љутков, Елена Кузманов, Григор Јовановски и Стефан Николовски. Илина Ангеловска е сценограф, Александар Ношпал - костимограф, Борјан Стојков - асистент на режија, Марија Ѓорѓиевска - асистент на сценографот и Ивана Каранфиловска - асистент на костимографот. Одговорен зад сцената е инспициентот Александар Јорданов, текстуална поддршка на актерите им дава суфлерката Зорица Манаскова Станковиќ, а за тонот и светлото се задолжени тон-мајсторот Георгиј Полизов и светло-мајсторите Слободан Илиоски и Виктор Лазаревски. Претставата ќе биде дел од редовниот репертоар на Театар Комедија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
Автомобилизам„Honda Civic“ во центарот на судски спор по фатална сообраќајна несреќаСигурносните појаси спасуваат повеќе од 15.000 животи годишно само во САД. Сепак, во нова тужба се тврди дека сигурносниот појас во „Honda Civic“ од 2017 година придонел за фаталните повреди на еден патник за време на судир.Според тужбата поднесена во Њу Џерси, 18-годишниот Џејкоб Л. Свон починал на 27 мај 2025 година, по тежок судир. Свон се возел на задното седиште во „Honda Civic“, а во тужбата се наведува дека во моментот на несреќата носел сигурносен појас со три точки на прицврстување. Според полицискиот извештај, автомобилот управуван од тинејџерот Лукас Џ. Корон преминал во лентата за спротивен правец на патот „N. Rt. 31“ и директно се судрил со возило што доаѓало од спротивната насока. Возачот и патникот на предното седиште се здобиле со сериозни повреди, додека Свон починал. Што се тврди во тужбата? Во тужбата, поднесена до Вишиот суд на округот Барлингтон во Њу Џерси, се тврди дека „Honda Civic“ од 2017 година била „несоодветно дизајнирана“ и недоволно безбедна за нејзината намена. Адвокатите на семејството тврдат дека системот за задржување на патниците на задното седиште имал конструкциски недостатоци и можел да предизвика опасно, локализирано нагло забавување на одредени делови од телото при судир. Во тужбата исто така се наведува дека системот на сигурносниот појас имал проблем со прекумерно извлекување на лентата – појава позната како „web spool-out“. Друг проблем наведен во врска со задното седиште е недостатокот на соодветна рампа за спречување на лизгање на телото под појасот – односно систем против „anti-submarining“. Правните застапници на семејството тврдат дека „Honda“ знаела, или требало да знае, за потенцијалниот ризик што го носел тој дизајн. Важно е да се напомене дека ова се тврдења од тужбата, а не правно утврдени факти. „Honda“ сè уште нема одговорено на наводите на тужителите во оваа постапка. Што бара семејството? Семејството на починатиот бара судење пред порота, како и надомест на штета (компензација и казнена отштета), камати, адвокатски трошоци и други видови надомест што судот може да ги досуди. Покрај компаниите „Honda Motor“, „American Honda“, „Honda Development & Manufacturing of America“ и „Honda Canada“, како тужена страна е наведен и возачот, Лукас Џ. Корон. Во тужбата се наведува дека несреќата делумно била предизвикана од неговото „немарно возење“, поради што семејството бара отштета и од него, согласно законите на Њу Џерси. Понатамошниот тек на постапката треба да покаже дали судот ќе ги прифати наводите за конструкциски дефект на системот за безбедносни појаси и дали производителот сноси правна одговорност за смртта на патникот. Извор: Б92Тагови: Honda Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаМакрон го следи лансирањето на моќно оружје: Франција ја покажа силата на својот арсенал (ВИДЕО)Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер.Францускиот претседател Емануел Макрон беше сведок на првото пробно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета M51 од нуклеарна подморница крај брегот на Финистер, објавија Елисејската палата и француското Министерство за вооружени сили. Макрон го гледаше лансирањето од фрегата на француската морнарица. M51, третата верзија на стратешката балистичка ракета лансирана од подморница, која е во употреба од минатата година, беше испукана без нуклеарна боева глава и падна во Северниот Атлантик, неколку стотици километри од кој било брег, според францускиот „Фигаро“. Посетата на претседателот беше ненајавена и се одржа без присуство на медиумите. Самото лансирање претходно беше најавено како дел од воена вежба. À bord de la frégate multi-missions Auvergne, j'ai assisté au premier tir du nouveau missile balistique M51.3 depuis le sous-marin nucléaire lanceur d'engins Le Vigilant. Très peu de nations disposent d'un tel savoir-faire. Félicitations à tous les acteurs de cette réussite exceptionnelle : DGA, CEA, Ariane Group, Naval Group et Marine nationale. Votre professionnalisme, votre rigueur et votre maîtrise technique sont la fierté de la France. Ce succès technique est une nouvelle démonstration de la crédibilité de notre dissuasion, dont la pérennité est assurée. Pour être libre, il faut être craint. Et pour être craint, il faut être puissant. Pour protéger les Français dans la durée face aux menaces, j'ai engagé dès 2017 le renouvellement de nos moyens pour les décennies à venir. En dix ans, le budget de nos armées aura doublé. Nos futurs sous-marins stratégiques sont actuellement en chantier. Le programme de missiles stratégiques hypersoniques et manœuvrants, qui équiperont notre composante aérienne de dissuasion, a été lancé cette année. Notre dissuasion nucléaire nous protège et continuera à nous protéger. Vive la République et vive la France. — Emmanuel Macron (@EmmanuelMacron) October 6, 2026 Тестот доаѓа во време на зголемени тензии во Европа. Макрон во последните недели предупреди за промена на карактерот на „руската агресија и закани“ кон европските земји, по серијата хибридни напади за кои Западот ја обвинува Москва. Ракетата беше лансирана од нуклеарната подморница „Ле Вижилан“ како дел од операцијата „СМЕРТРИОС“, чија цел беше да се тестира способноста на подморницата повторно да ја користи ракетата М51 по редовно одржување и ремонт. 🇫🇷 France is preparing a new test of the M51.3 strategic ballistic missile without a nuclear warhead President Emmanuel Macron watched a test firing of a nuclear-capable missile with no warhead. Maritime restrictions off Finistère run through October 21, 2026, for an at-sea launch. The trial will be fired from the nuclear ballistic-missile submarine Le Vigilant to check its systems after a long overhaul. The flight is expected to cover about 4,700 kilometers over the Atlantic. — Visegrád 24 (@visegrad24) October 6, 2026 Министерството соопшти дека ракетата била следена во текот на целиот лет и дека тестот бил извршен „во целосна согласност со меѓународните обврски на Франција“. Франција пред една година воведе нова верзија на ракетата М51 во употреба, опишувајќи ја како важен чекор во модернизацијата на поморската компонента на нејзиното нуклеарно средство за одвраќање.Тагови: Емануел Макрон Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34
КултураОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во СкопјеОтворени пријавите за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“ на Машинскиот факултет во Скопјe.— Лабораторијата за индустриски дизајн при Машинскиот факултет во Скопје, во соработка со „Култур код“, ги поканува сите заинтересирани да се пријават за бесплатната работилница „Културен континуитет во применетиот дизајн“, која ќе се одржи во периодот од 13 октомври до 3 ноември 2026 година. Работилницата се реализира во рамки на проектот „КОРЕНИ, КОДОВИ И ИДНИНАН – културен континуитет во применетиот дизајн“, финансиран од Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија кој има за цел да направи спој помеѓу богатото културно наследство и современите дизајнерски и технолошки пристапи. Спој на традицијата, 3Д технологијата и одржливоста Програмата опфаќа четири интензивни предавања планирани во Лабораторијата за индустриски дизајн. Учесниците ќе имаат можност да истражуваат клучни поглавја од македонската култура и традиција, како и да се стекнат со практични знаења од областа на: - Tрадиционални техники и мотиви во изработка на модни додатоци и домашен декор, - 3Д моделирање и дигитално обликување, - Изработка со современи технологии, - Еколошка одржливост (соодветен избор на материјали и технологии). По завршувањето на теоретскиот и практичниот дел, преостанатиот период до 3 ноември е предвиден за самостојна и тимска работа со континуирана менторска поддршка од експерти. Можност за финансирање и пазарно пласирање на најдобриот дизајн Работилницата ќе заокружи со завршна презентација на идејните решенија пред стручно жири. За најдобриот концепт/дизајн е обезбедена финансиска поддршка за изработка на прототип, како и можност за негова промоција и комерцијално пазарно пласирање. Начин на пријавување Учеството е бесплатно, но поради ограничениот број места, задолжителна е претходна регистрација. - Краен рок за пријавување: 10 октомври 2026 година - Линк за регистрација: https://forms.gle/DygseWuVPZxtcrKWAКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59Пензискиот систем е под контрола, уверува премиерот Мицкоски15:08Македонија привремено ја одложи имунизацијата на БСЖ вакцината15:00Мицкоски: Стабилен е пензискиот систем11:16 Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар08:34