3Македонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-код
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
КултураПремиера на „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ во Театар КомедијаПретставата „Пеги Пикит го гледа лицето на Бог“ од Роланд Шимелфенинг вечер на сцената на Театарот Комедија премиерно ќе ја изведат актери од Турскиот театар. Претставата, која ќе биде изведена и утревечер, е во режија на Ивана Ангеловска.Приходот од влезниците кои се продаваат по цена од 100 денари ќе биде наменет за поплавените подрачја во скопскиот регион. Од Турскиот театар на прес-конференција информираа дека и за оваа претстава ќе биде обезбеден превод на македонски јазик. Режисерката Ангеловска рече дека текстот на авторот е дел од африканската триплогија, што значи напишан е по нарачка и е еден обид да се отвори еден глобален проблем односно проблемот на Африка. Посочи дека претставата е длабоко интимна приказна за две брачни двојки кои во своите 30 години се разделуваат и избираат комплетно различни насоки во животот. - По шест години се среќаваат и на таа нивна средба доаѓа до судир на целиот нивен поминат живот, на изборот кој го направиле...Пробавме да донесеме на сцена два света: светот на западното општество и светот на Африка. За мене Африка може да биде и тука кај нас, за мене Африка е секоја земја која се соочува со болести, со смрт, со војна и сметам дека текстот е многу денешен, истакна Ангеловска. Појасни дека двете двојки во судир една со друга ги отвораат токму овие прашања. - Тие на крајот на денот се несреќни од она што го направиле во животот, посакуваат да го имаат животот на другиот пар и се соочуваат со невозможни дилеми и одлуки, додаде Ангеловска. Во претставата настапуваат Несрин Таир во улогата на Лиз, Сузан Акбелге во улогата на Карен, Осман Али во улогата на Франк и Ерман Шабан во улогата на Мартин. Сценограф е Дарко Ристевски, а костимограф Марта Трендафилова. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОфицијална посета на делегација на Амбасадата на САД во општина Крива ПаланкаГрадоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје.Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски, денеска во својот кабинет оствари средба со Никол Варнс, вршител на работите при Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, која ја предводеше делегацијата на Амбасадата во официјална посета на Општина Крива Паланка. Во составот на делегацијата на Амбасадата на САД беа Едру Ковтун, политички советник, Кристина Каранакова, политички советник, Надица Жакула, специјалист за односи со јавност и Јехона Жута Вренези, координатор за дигитална продукција. Од страна на Општина Крива Паланка, на средбата присуствуваа Миле Трајковски, претседател на Советот на Општина Крива Паланка, Тања Дејановска Митровска, координатор на советничката група на СДСМ, и Александар Рангелов, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Во духот на заемната почит и традиционалното пријателство беше остварен отворен и конструктивен разговор за развојните приоритети на Крива Паланка, можностите за локален економски напредок и перспективите за продлабочување на институционалната соработка. „Посетата на г-ца Никол Варнс и делегацијата на Амбасадата на САД претставува особена чест за Општина Крива Паланка. Благодарам за покажаниот интерес за нашата општина и за отворениот и конструктивен разговор. Остануваме посветени на градењето партнерства засновани врз доверба, заемно почитување и заеднички развојни цели“, истакна градоначалникот Митовски. Средбата претставува значаен придонес кон унапредувањето на меѓусебната комуникација и отворањето нови перспективи за идна соработка меѓу Општина Крива Паланка и Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Официјалниот прием заврши со размена на пригодни протоколарни подароци и заедничко фотографирање, како израз на почит и пријателство.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаШто може да се очекува од најавената тратегија за проширувањe на ЕУ?Македонија има постигнато одлични резултати во Планот за раст, но важно е да се задржи оптимизмот и издржливоста – советува австрискиот амбасадор во земјава, Мартин Палмер. Иако веќе на средината од средната недела еврокомесарката за проширување Марта Кос во Брисел треба да ја презентира новата европска стратегија за проширувањето, според Палмер, се уште не е јасно кој од неколкуте досега објавени нон-пејпери ќе доминира во финалната верзија. -Сè уште трае процесот на дискутирање на различните нон пејпери. // Патем, секогаш можете да погледнете каква е чашата - дали е полуполна или полупразна, а Македонија одлично ја заврши работата кога станува збор за Планот за раст на Западен Балкан, па затоа на земјата ќе ѝ бидат дадени над 140 милиони евра и ние придонесуваме за понатамошен напредок. Затоа мислам дека е важно да се продолжи, да се задржи издржливоста, да се задржи посветеноста и да не се одвлекува вниманието,- -Мартин Палмер, Амбасадор на Австрија во Македонија . Палмер најави дека на крајот на оваа недела во Виена ќе се оддржи и министерски состанок со шефовите на дипломатијата од Западен Балкан и Славков 3 форматот - односно платформата за соработка меѓу Австрија, Словачка и Чешка чиј фокус меѓудругото е и заедничка позиција во проширувањето на Европската унија. Скоро по најавената презентација на новата стратегија за проширување, на 2 октомври во земјава се очекува да пристигне и претседателката на Европската Комисија – Урсула фон дер Лајен како дел од нејзината турнеја низ четири регионални земји кандидатки, со исклучок на Србија и Босна и Херцеговина. Евроамбасадорот во земјава -Михалис Рокас, веќе изрази оптимизам дека посетата на фон дер Лајен може да донесе позитивни промени во статусот на македонските евроинтеграции. Минатата недела пак, еврокомесарката за проширување Марта Кос повторно ја повика земјава да ги спроведе уставните измени а потоа како што рече, ја очекува и поддршката од Бугарија за Македонија да продолжи напред на европскиот пат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонскиот рубин станува национален бренд, добива заштита а следен чекор е сертификат за потекло, квалитет и QR-кодМалиново-розова боја, ретка природна појава и богатство скриено во македонските планини. Македонскиот рубин, кој се среќава во околината на Прилеп и Мариово, е повеќе од камен со колекционерска вредност – тој е дел од природното и културното наследство на земјата. Целта сега е да стане препознатлив и надвор од земјава – по своето потекло, специфичните својства и приказната што ја носи за македонската природа, геологија, традиција и уметност, вели министерката за енергетика Сања Божиновска. „Сакаме името да биде поврзано со земјата од која потекнува, специфичните својства да бидат препознаени и заштитени...“ – Сања Божиновска, министерка за енергетика. Патот до правната заштита почнал минатата година. Геолошкиот завод го утврдувал потеклото и посебните карактеристики на рубинот и ја подготвил потребната стручна документација. Во мај годинава била поднесена официјалната пријава, а на 17 јуни постапката завршила со решение на Државниот завод за индустриска сопственост – географскиот назив „Македонски рубин“ добил правна заштита. Но, заштитата не треба да остане само на хартија. Со јасни стандарди и заштитено потекло, идејата е македонскиот рубин да прерасне во препознатлив национален бренд и истовремено да отвори нови можности за домашните занаетчии и дизајнери. ,,Откако ќе завршат сите потребни процедури ние ќе започнеме со официјално и детално информирање на занаетчиите, обработувачите , производителите, трговците и потенцијалните овластени корисници и сите други релевантни чинители,, – Сања Божиновска, министерка за енергетика. Следниот чекор е неговото потекло и квалитет да може лесно да се проверат. Предвиден е сертификат со податоци за потеклото, квалитетот и специфичните својства на рубинот, како и QR-код преку кој ќе бидат достапни сите информации од сертификатот. Првиот код се очекува до крајот на октомври. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter