Премиера на „Медена земја" во Љубљана - Канал 5

Премиера на „Медена земја" во Љубљана

Во присуство на дел од политичкиот врв и амбасадори, во словенечката кинотеката во Љубљана се одржа проекција на „Медена земја".

Премиера на „Медена земја" во Љубљана

Македонскиот документарен филм, кој има двојна номинација за „Оскар", ја наполни салата во кинотеката и побуди голем интерес кај публиката која имаше можност за прв пат да го види документарецот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

На проекцијата, која беше дел од фестивалот „балКам", присуствуваа претседателот на словенечкото Собрание Дејан Жидан, генералната секретарка на Собранието Уршула Зоре Тавчар, француската амбасадорка Флоренс Ферари, заминик амбасадорката на САД Сузан Фалатко, грчкиот и црногорскиот амбасадор и многу други гости.

Веста дека документарен филм од земјава, за прв пат во историјата на Оскарите има двојна номинација, не остана незабележано во словенечките медиуми кои пишуваа за големиот успех./МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, ги повика граѓаните да не чекаат огнот да се приближи до нивниот имот, туку навреме да ја расчистат околината и да го намалат ризикот пламенот да стигне до објектите. 

Граѓаните навреме да ја чистат околината околку нивните куќи и викендички

Сувата трева, високата вегетација и запуштените дворови околу куќите и викендичките можат за неколку минути да станат гориво за пожар.

Особено ризични се куќите и викендичките кои се користат повремено, како и имотите во селата со мал број постојани жители.

Кај нив тревата често со месеци не се коси, а сувата вегетација може да достигне височина и над еден метар..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи времето денес ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. 

Сончево и многу топло, температура до 40 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 35 до 40 степени.

Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 39 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала во текот на ноќта ја погоди Србија, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод на оваа соседна земја.

Земјотрес со јачина од три степени лоциран во Нови Пазар, Србија

Според информациите, земјотресот се случил околу два часот по полноќ во Нови Пазар.

Врз основа на достапните координати, епицентарот е лоциран на длабочина од два километри, на самиот раб на градот.

Со оглед на наведената јачина, малку е веројатно дека земјотресот предизвикал материјална штета.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер