Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
КултураПремиера на „Мајстор Чонго“ - видео омаж за Живко Чинго Премиера на видео-омаж за македонскиот романсиер и драмски писател Живко Чинго (1935-1987) насловен „Мајстор Чинго“, во режија на Љубиша Георгиевски се одржа вечерва во Кинотеката на Македонија. Проектот е реализиран на иницијатива на Кинотеката на Македонија со поддршка на Министерството за култура, а по повод 80-годишнината од раѓањето на Чинго. Во присуство на членови на семејството, пријатели, почитувачи на делото на Чинго, на настанот се обрати министерката за култура Елизабета Канческа Милевска која истакна дека станува збор за документарен запис посветен на наследството кое големиот Чинго го остави на македонската култура и ги содржи сите важни биографски, библиографски и филмографски податоци и настани повзани со неговиот животен и творечки пат. - Живко Чинго е оригинална појава во македонската книжевност, тој е автор кој секогаш со секое препрочитување отвора нови слоеви во идеалите и пораките кои ги пренесува неговата длабоко национална проза. Тој е автор, кој зад себе остави една силна, потресна поетска историја на едно трауматско време. Како и сите големи писатели со својот уметнички напишан збор Чинго ја заокружи епохара во која живееше, далеку пред падот на Берлинскиот ѕид и историјата на комунизмот. Со својата раскажувачка драматика, со длабокото идеолошко понирање во индивидуалните и колективни судбини на своите јунаци, овој мајстор на пишаниот збор остави трајни, длабоки траги во македонската култура и во позиционирањето на македонската книжевност во свтески рамки, рече Канческа Милевска. Таа изрази надеж дека видео-омажот посветен на Чинго реализиран со поддршка на Министерството за култура и режиран од македонскиот бард Љубиша Георгиевски уште многу години ќе биде едно сеќавање на најдраматичните момемнти од неговиот кус и творечки исполнет живот, моменти кои, посочи, одбележаа една трагична судбина, слична на судбината на неговиот Кејтен од „Големата вода“, во потрагата по слободата на творештвото. Живко Чинго е автор на сценаријата за неколку играни и документарни филмови како „Жед“ во режија на Димитрија Османли, „Поле“ и „Пчеларник“. Делата на Чинго се инспирација и за сценаријата на играните филмови „Татко - колнати сме Ирина“ во режија на Коле Ангеловски, „Големата вода“ во режија на Иво Трајков, како и ТВ проектот „Заминувањето од Псквелија“. Директорот на Кинотеката на Македонија, Бошко Грујоски истакна дека нема сомневање оти Чинго остави белег во македонската кинематографија, а неговите раскази и драми и во иднина ќе послужат како сценаристичка подлошка на некои нови млади и талентирани филмски автори. - Видео-омажот е резултат на напорот да се одбележи и овековечи животот на Чинго онака како што го паметат неговите најблиски - семејството, современиците, пријателите, рече Грујоски. Сценариото за видео-омажот е на Сашо Миленковски избрано на конкурс, а продуцент е Петар Џуровски. Филмот наскоро ќе биде прикажан на МТВ и на другите национални телевизии.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
МакедонијаБитола денес беше град на трчањетоНад 1.500 тркачи од 18 земји денес беа дел од 8-мото издание на ТРЧАЈ БЕ 2026, спортска манифестација која од година во година расте и ја зацврстува позицијата на Битола како значајна дестинација за спортски туризам во регионот.Свежото утро создаде одлични услови за трчање, а годинешното издание донесе и исклучителни спортски резултати. На битолската патека беа постигнати најбрзите времиња досега и соборени рекордите на ТРЧАЈ БЕ. Низ улиците на Битола денес трчаа натпреварувачи од различни земји, бодрени од бројна публика, волонтери и сите оние кои беа дел од организацијата и реализацијата на трката. ТРЧАЈ БЕ е спортски настан, но и приказна за Битола како отворен и активен град кој преку спортот привлекува гости, создава дополнителна вредност за локалната економија и се промовира надвор од границите на државата. Општина Битола упатува честитки до организаторите на ТРЧАЈ БЕ, до сите институции, партнери, волонтери и служби вклучени во реализацијата, како и до граѓаните кои со својата поддршка придонесоа за атмосферата долж патеката. Посебни честитки до победниците и до сите над 1.500 учесници кои денес ја истрчаа Битола. Уште едно успешно издание на ТРЧАЈ БЕ, уште еден голем спортски ден за Битола. Општина БитолаТагови: битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоУтре сончево со мала до умерена облачностВремето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. Во Скопје, претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 28 степени. До крајот на новата работна седмица ќе се задржи посвежо и претежно сончево време со мала до умерена облачност во текот на денот. Во вторник наместа во северните делови ќе има услови за повремен дожд. До среда ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во југоисточен.Тагови: сончево Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПо „Безбеден град“ намален вкупниот број загинати на македонските патишта15:17Министерот Тошковски и премиерот Мицкоски во СВР Велес: „Безбеден град“ ставен во функција14:00Димитриеска-Кочоска: Бројките ја покажуваат реалната состојба, резултатите се видливи12:34Двајца загинати и тројца тешко повредени во директен судир15:00МФ: „Фич“ повторно го потврди кредитниот рејтинг ББ+ со стабилен изглед10:45
БалканПожарот на Брач сè уште активен: Евакуирани речиси 700 луѓеПожарот е сè уште активен на хрватскиот остров Брач, две лица се повредени, а речиси 700 луѓе се евакуирани, додека населбата Милна е спасена од пожарот, изјави денес началникот на противпожарната служба Славко Туцаковиќ.Тој рече дека постара жена, која паднала од чамец за време на евакуација и речиси се удавила, е во критична состојба, додека другото повредено лице е млад човек кој вдишал чад. Туцаковиќ истакна дека ситуацијата на местото на пожарот на Брач утрово била помирна, иако сè уште дува ветер, по тешката ноќ во која пожарникарите ги бранеле куќите од пожарот, и дека, и покрај нивните напори, неколку згради биле оштетени, објави Индекс. Milna. Bračani dragi, držite se! pic.twitter.com/UCbF18cH9f — JurMag (@jur_magud) September 12, 2026 Туцаковиќ рече дека четворица канадери учествуваат во гаснењето на пожарот од воздух. Хрватската противпожарна служба претходно објави дека пожарот се приближил до Милна поради ветер и дека сите расположиви противпожарни сили се ангажирани во гаснењето на пожарот и спречувањето на ширењето на пожарот кон самото населено место. Ветерот влијаел врз ширењето на пожарот кон јужната страна на Брач на тешко пристапен терен покриен со густа вегетација, се вели во соопштението.Тагови: пожар Брач Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter