Премиера на комедијата „Централ парк-Запад“ - Канал 5

Премиера на комедијата „Централ парк-Запад“

Соларис продукција во соработка со независниот Театар 007 вечер премиерно ќе ја изведе комедијата „Централ парк-Запад“ од Вуди Ален во режија на Игор Ивковиќ, на Малата сцена во Универзалната сала.

Премиера на комедијата „Централ парк-Запад“
- Претставата „Централ парк-Запад“ не е обична комедија, туку повеќе од тоа. „Вудиаленовскиот“ интелектуален хумор, придружен со совршената психолошка вивисекција на карактерите, не само што насмевнува, туку отвора важни секојдневни прашања за кои секогаш треба да се најде вистинскиот одоговор, вели режисерот Ивковиќ.

Во претставата играат: Ирена Илиевска, Ангела Наумоска, Марко Богдановски, Јеткин Сезаир и Елизабета Клинчаревска-Младеновска. Дизајнот на претставата (сценографија и костимографија) е на Маре Трајковска.

По вечерашната премиера, претставата репризно ќе биде изведена утревечер на истата сцена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност, соопштија норвешката влада и ко-домаќинот Финска.

Зеленски, пристигнува во Осло на разговори за војната во Украина и европската безбедност

Ројтерс вчера објави дека специјалниот претставник на Трамп, Стив Виткоф, ќе отпатува во Норвешка оваа недела на рунда преговори за прекин на војната во Украина и дека се очекува да присуствуваат Зеленски и европски претставници.

„ Зеленски побара од Норвешка и Финска да закажат состанок како дел од тековните дипломатски напори, во ова критично време за Украина“, изјави норвешкиот премиер Јонас Гар Стоере.

Финскиот претседател Александар Стаб изјави дека ќе присуствува на состаноци со Зеленски и Стоере за да разговараат за „нелегалната агресивна војна на Русија против Украина и целокупната безбедносна ситуација во Европа“.

Во изјавите од Норвешка и Финска не се споменуваат никакви американски или европски делегации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи.

Француските власти воведоа полициски час во Париз и други градови по викендот исполнет со немири и грабежи

Во Париз, ограничувањата важат во делови од центарот.

Полициски час е воведен и во Марсеј, Бордо, Ница, Лион и Лил.За време на протестите уапсени се повеќе од 2.500 лица, а околу 1.000 полицајци се повредени.

Министерот за внатрешни работи на Франција призна дека полицијата изгубила контрола во некои градови.Протестите започнаа со барања за подобри услови во училиштата, а потоа се проширија.

Демонстрантите протестирале и против високите трошоци за живот и влошувањето на јавните услуги.

Премиерот Себастијан Лекорну им дозволи на градоначалниците да воведат полициски час каде што е потребно.владата најави финансиска помош за обновување на областите погодени од насилството.

Повеќе од 2.000 продавници и други бизниси претрпеле штети за време на немирите.

Според француската стопанска комора, штетите се проценуваат на стотици милиони евра.француските власти анализираат снимки од безбедносните камери за да ги идентификуваат одговорните за насилството.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска продолжува судењето за случајот„Државна лотарија“ каде второобвинет е Артан Груби

Денеска продолжува судењето за случајот Државна лотарија каде второобвинет  за злоупотреба на службената положба е поранешниот прв вицепремиер Артан Груби кој деновиве излезе од куќен притвор.

Денеска продолжува судењето за случајот„Државна лотарија“ каде второобвинет е Артан Груби

Кривичниот суд ја укина мерката по истекот на законскиот рок.

Неговото враќање во скопски Чаир беше проследено со факели и огномет.

Според обвинението, случајот се однесува на набавки во 2023 и 2024 година.

Груби во февруари годинава беше приведен на граничниот премин блаце.претходно повеќе од 14 месеци беше недостапен за органите на прогонот.

Иако куќниот притвор е укинат, остануваат мерките за претпазливост.тој не смее да го напушта скопје и мора повремено да се јавува во судот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер