„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
1„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публиката
Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
2Единаесет реченици што ги изговараат луѓето кои не се среќни, често прикривајќи го она што ни себеси не си го признаваат
КултураПремиера на „Казимир и Каролина" во Прилепскиот народен театарПрилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ утревечер премиерно ќе ја изведе претставата „Казимир и Каролина“ од германскиот автор Еден фон Хорват во режија на Нела Витошевиќ. Ова е втора премиера од годинашнава програма на театарот.Текстот на германскиот автор Еден фон Хорват во Македонија е праизведба. Моментално се игра на неколку европски сцени, меѓу кои во Љубљана, Белград и во Бугарија. Според режисерот Нела Витошевиќ, претставата е актуелна до ден денес иако датира од 1936 година. - Текстот се поврзува со моралната и духовната беда која ја живее Македонија од нејзиното осамостојување до денес. Централна е приказната за Казимир и Каролина која во основата е љубовна, но се поставува прашањето колку може таа љубов да опстои во економска криза. Во целиот текст имаме една лепеза на карактери преку кои авторот го слика општеството, но нивната растргнатост е од една страна на нивните соништа и страсти, а од друга страна на бесперспективноста на општеството. Инаку авторот во фашистичка гермнија доста е критикуван и прогонуван и завршува во Париз, рече Витошевиќ. Според актерката Катерина Чакмакоска, која ја толкува улогата на Каролина, претставата говори за проблемите што не мачат и денеска. - Уживав за време на процесот на создавањето на претставата, но, текстот е тежок за поставување. Сепак мислам дека најдовме начин да се справиме со тоа. претставата е за скршени соништа и до ден-денеска е актуелна. Истите проблеми не мачат и денеска, истата општествена криза е во прашање која влијае во секој сегмент од нашето живеење, а во претставата објаснуваме колку ние се справуваме со таа криза, вели Чакмакоска. За актерот Никола Настески, кој по шест и пол години се враќа на матичната сцена во Прилепскиот театар, пораката на авторот е јасна. - Самиот автор вели дека луѓето не се ниту добри ниту лоши, но општествениот систем ги прави луѓето да бидат егоисти, а претставата ќе покаже колкави егоисти сме ние, нагласува Настески. Ова е трета соработка на режисерката Витошевиќ со прилепскиот ансамбл. Првата претстава „Змејовата невеста“ пред четири години победи на МТФ „Војдан Чернодрински“, а беше поставена и претставата „Сон на летната ноќ“ според Шекспир. Во претставата „Казимир и Каролина“ играат: Димитар Ѓорѓиевски, Катерина Чакмакоска, Никола Настоски, Зоран Иваноски, Ангела Наумоска, Игор Трпчески, Александар Тодески, Јасмина Мицовска – Станкоска, Наташа Ачански, Михајло Миленкоски. Костимите се на Розе Трајческа Ристоска, музиката е на Огнен Анастасовски, а сценографијата е на Костадин Трпеновски. До крајот на годинава Прилепскиот театар ќе подготви уште две претстави: идната недела почнуваат подготовките на претставата „Демократија“ од Јосиф Бродски во режија на Кирил Петрески, и претставата за деца „пинокио“ од Карло Колоди во режија на Дарко Ковачески./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Култура„Охридско лето“ со впечатлив концерт во Македонската филхармонија, Патира и Курек ја воодушевија публикатаВиртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ . Виртуозниот полски виолинист Мариуш Патира и истакнатиот пијанист Радослав Курек синоќа приредија впечатлива музичка вечер во Камерната сала на Македонската филхармонија, во рамките на концертната дејност на НУ „Охридско лето“ надвор од редовната фестивалска сезона. Публиката имаше можност да ужива во внимателно одбран репертоар, кој понуди дела од различни стилски периоди и ја истакна виртуозноста и музичката интерпретација на двајцата уметници. Со својата извонредна техника, музикалност и сценска енергија, Патира и Курек ја воодушевија публиката, која нивната изведба ја награди со долги и громогласни аплаузи. Особено внимание предизвика музичката комуникација меѓу двајцата уметници, чии изведби се надополнуваа во впечатлива целина, оставајќи силен впечаток кај присутните. Мариуш Патира во 2001 година ја освои главната награда на престижниот Меѓународен виолински натпревар „Николо Паганини“, како прв полски виолинист кому му припаднало ова признание. Настапувал на престижни концертни сцени во Европа, Јапонија, САД и Мексико. Радослав Курек е истакнат пијанист и камерен музичар, добитник на повеќе меѓународни признанија, а неговата концертна кариера опфаќа настапи во Европа, Америка, Азија и Африка. Со овој концерт „Охридско лето“ ја продолжува својата концертна дејност и надвор од редовните фестивалски денови, традиција започната минатата година. Овој концерт се реализираше со поддршка на Амбасадата на Република Полска во Скопје, а влезот за посетителите беше бесплатен како израз на благодарност за поддршката и довербата на публиката, но и како придонес кон создавање достапни и квалитетни културни содржини. По синоќешниот концерт, концертната програма продолжува на 4 декември во Музејот на македонската борба за самостојност, со настап на извонредната корејско-американска сопранистка Јуна Ли и пијанистот Кенет Клецјен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСи Џинпинг го нарече Путин „стар пријател“ пред средбата со ТрампКинескиот претседател Си Џинпинг го нарече рускиот претседател Владимир Путин „стар пријател“ на средбата во Кина, пред Самитот на Азиско-пацифичките лидери.Двајцата разговараа за војната во Украина, енергетската соработка и односите со САД. Си се обидува да одржи деликатна рамнотежа меѓу односите со Москва и Вашингтон. 🇷🇺🇨🇳 Putin and Xi continue talks in Shenzhen over working breakfast https://t.co/5PBewbY0ay — Sputnik (@SputnikInt) November 18, 2026 Во четврток, Си и Путин треба да имаат историска трилатерална средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Руските медиуми средбата веќе ја оценуваат како дипломатска победа за Путин. Трамп денеска ќе отпатува за Кина од Филипините, каде присуствуваше на Самитот на Азиско-пацифичкиот регион.Таму се сретна со индискиот премиер Моди, австралискиот премиер Албанезе и јапонската премиерка Такаичи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСобранието ќе ги продолжи прекинатите опозициски пратенички прашањаСобранието на денешната 130.седница ќе продолжи со одржувањето на опозициски прашања, кои беа прекинати на 12 ноември по бараните паузи од пратеници од опозицијата.Претседателот на собранието, Африм Гаши на брифингот со новинарите во понеделник се осврна на дилемите за прекинатата седница за опозициски пратенички прашања. Потенцира дека постоеле разни толкувања на деловникот во однос на тоа дали паузите треба да се пресметуваат во предвидените два часа за поставување прашања.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter