ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
1ВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот Заев
Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
2Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
КултураПремиера на камерната претстава „Брачна игра“На малата сцена на Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе биде изведена камерната претстава „Брачна игра“ по текст на Едвард Олби, која е прва режија на актерот Тони Михајловски. Играат Весна Петрушевска и Игор Џамбазов кој на сцената се враќа по седумгодишна пауза.- Олби е многу комплексен човек кој прави таква вивисекција на бракот, во која сите ќе ги препознаеме своите приказни, своите брачни игри, брачните игри на нашите соседи, роднини, пријатели и оние кои ги познаваме. Оваа претстава сигурно нема да ве фасцинира со својот изглед, со своето пакување, бидејќи суштината на претставата е брачната игра. И тоа е поврзувањето помеѓу нашата професија и оваа претстава - актерската игра и брачната игра. Весна и Игор го прават тоа на нивни соодветен начин, маестрален според мене. Режијата не може да каже многу во оваа претстава, најмногу кажуваат актерите, односно нивната актерска игра, истакна режисерот и уметнички директор на МНТ Михајловски на прес-конференција. Весна Петрушевска (која ја игра Џилијан) рече дека имале тежок и макотрпен процес на подготовка на претставата во кој Михајловски ги натерал да проникнат и низ самите себеси, што за нив било напорно темпо - и од физички и од психолошки аспект. - Да се потсетиме што се сме правеле, кои се компромиси сме морале да ги издржиме во нашите бракови, затоа што имаме по еден зад себе. И, ако тргнеме од тоа дека бракот е основна клетка на едно општество, на едно социјално живеење, каде што се треба да функционира беспрекорно, овде публиката ќе види како е се дисфункционално, како некои работи сте ги премолчиле, па можеби ќе ви биде криво што сте ги премолчиле. Овде се обидовме да го играме бракот онака како што, најверојатно, 90 проценти го играат бракот - со многу тајни, со многу вистини и со многу лаги, рече Петрушевска. Игор Џамбазов (кој ќе го игра Џек) е задоволен што се враќа по 6-7 години во театар и што ќе го гледаат и нови генерации. Кажа по што ќе ја памети „Брачна игра“. - Прво, дека сум бил во право кога сум одлучил дека нема да се женам вторпат. Овие трауми што ги доживував сега, во неколкуте месеци работа, ми направија реминисценција на се она што мене ми се случувало кога сум бил во брак, рече Игор. Второто нешто по кое ќе ја памети претставата е дека е таа прва режија на неговиот дамнешен пријател Тони. - Сигурен сум дека ќе биде многу подобар режисер отколку актер, рече Џамбазов, додавајаќи и дека не се сеќава некогаш за некоја претстава еден месец пред премиерата да биле готови комплетно костимите, декорот и музиката, како што се случило за „Брачна игра“. Костимите ги изработи Модното студио Елена Лука, сценограф е Илина Ангеловска, а изборот на музиката е на Петрушевска и Џамбазов. Првата реприза на „Брачна игра“ е ден по премиерата, односно во понеделник, 9 мај. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотОваа земја е прогласена за најдобра дестинација во светотЈапонија се најде на врвот на глобалната листа на Светскиот економски форум за развој на патувањата и туризмот, а по неа следуваат САД, Шпанија и Австрија. Што се однесува до Јапонија, во извештајот се наведува дека земјата ја проширила својата база на посетители и ги поттикнала патувањата надвор од главните туристички центри, со што го намалила ризикот од прекумерна концентрација на туристи, а истовремено пречекала рекорден број патници, пишува „Еуроњуз“ (Euronews). Во соопштението на Светскиот економски форум се наведува дека најновиот Индекс за развој на патувањата и туризмот покажува оти условите за патување се на највисоко ниво од почетокот на пандемијата, при што 92 отсто од економиите бележат напредок во споредба со 2024 година. „Следното поглавје не се однесува само на привлекување повеќе посетители, туку ќе биде насочено кон создавање поголема вредност преку инвестирање во луѓето, инфраструктурата и посилна соработка меѓу јавниот и приватниот сектор, со цел туризмот да донесе трајни придобивки за заедниците, бизнисите и дестинациите“, се вели во соопштението.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Зошто би сакале да се смени Филипче, кога тој редовно губи на избори и е пиун на омразениот ЗаевГо разбираме стравот на Венко Филипче дека постои опасност да биде променет во неговата партија. Тоа е страв кој е последица на фрагментираноста на СДС.Не можејќи да се соочи со сопствените грешки и пропусти, тој за обидите за негова смена ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ нема никаква врска со фракциите кои бараат смена на Венко Филипче. Напротив, зошто би сакале смена на Филипче, некој кој редовно губи на избори и е копија и пиун на најомразениот политичар Зоран Заев. Тој не може да излезе од неговата сенка и затоа СДС е таму каде што е, а Венко Филипче е потрупан со коруптивни скандали, провизии за набавка на кинески „Стабри“ вакцини, сомнителни имоти, блиски веледрогерии, запалена модуларна болница. Најдобро решение за ВМРО-ДПМНЕ е Филипче да продолжи да ја води СДС. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
ЖивотПутин ја одобри купопродажбата на руската подружница на „Western Union“Руската компанија „Софтекс“ (Softex) доби одобрение за купување на 100 отсто од акциите во руската подружница на системот за плаќање Western Union – „НКО Western Union DP Vostok“ – се наведува во указот на рускиот претседател Владимир Путин.Во 2025 година, според руските сметководствени стандарди (РСДУ), руската подружница забележала нето-загуба од 301,5 милиони рубљи, или околу 3,15 милиони евра. Во Единствениот државен регистар на правни лица на Русија (ЕГРУЛ) се регистрирани неколку компании под името „Софтекс“ (Softex), а указот на Путин не прецизира која од нив купува удел во подружницата на „Вестерн јунион“ (Western Union). Најголемата од компаниите со тоа име е регистрирана во Калининград и се занимава со автоматизација на деловните процеси, развој на решенија со вештачка интелигенција и технологии за роботска автоматизација на процеси (RPA), како и со воведување специјализирани ИТ-системи за финансиски компании, вклучително и банкарски системи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДизелот од полноќ поевтин за 4,5 денари, бензините поскапи за денар08:38Судење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07