2Надојдените води ги збришаа автомобилите во морето, загина момче- драматични снимки од Родос (ВИДЕО)
3МВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово
КултураПремиера на филмот „Три во Едно“ од Коле АнгеловскиНајновото филмско остварување „Три во Едно’’, на режисерот Коле Ангеловски, премиерно ќе биде прикажан в понеделник, од 20 часот, истовремено во Скопје (Кинотека на Македонија) и во Битола и Струга, а потоа и низ останатите градови низ Македонија.Филмот е урнебесна комедија од три различни приказни на една иста тема „љубов и неверство“. Сценариото и режијата е на Коле Ангеловски, директор на Фотографија е Антонио Божиновски, а во филмот играат плејада истакнати актери: Даниела Иваноска, Зоран Иваноски, Андон Јованоски, Марија Спиркоска Илијески, Наташа Наумоска, Марјан Чакмакоски, Јасмина Мицовска Станкоска, Димитар Црцорски, Катерина Чакмакоска, Виолета Чакарова, Владимир Ѓорѓијоски, Александар Степанулески, Никола Настоски. Дистрибутер на филмот е КТ Филм и медија од Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНасилни студентски протести во Тирана: Горат згради, десетици се повредени (ВИДЕО)Студентските протести во Тирана ескалираа и се претворија во еднодневни насилни судири со полицијата. Демонстрантите со часови палеле згради, упаѓале во државните институции и ограбувале, пишува Политико. Протестите во Албанија траат секој ден од крајот на мај, поттикнати од планираната изградба на туристичко одморалиште на југот на земјата, проект поврзан со Џаред Кушнер. Сепак, студентите во вторникот излегоа на улица поради лошите услови на факултетите и студентските домови, високите трошоци за живот и општото незадоволство од државното раководство, пренесе Индекс. Students in Albania have taken to the streets over education costs, poor university conditions and bleak job prospects, with protests in the capital turning violent as police fire tear gas and water cannons. https://t.co/7MmZSR22lV — World Source News (@Worldsource24) October 14, 2026 Претседателот Бајрам Бегај се обрати до јавноста и порача дека правото на мирен протест е темелот на демократијата што државата мора да го гарантира. „Сепак, насилството не може да биде средство за изразување незадоволство, ниту пак употребата на сила од страна на полицијата може да ги надмине законските граници и принципот на пропорционалност“, рече Бегај и ги повика младите на дијалог. Немири и судири со полицијата Нереди избувнаа изутрината пред Министерството за образование, каде маскирани демонстранти ја гаѓаа зградата со камења, парчиња асфалт, шишиња и пиротехнички средства. Со метални огради што ги извлекле од коловозот ја искршиле железната врата на министерството. По неколку часа интервенирала и полицијата која ја растерала толпата со палки, солзавец и водени топови. Насилството во текот на денот се рашири низ градот. Демонстрантите запалија неколку згради, клупи и дрвја. Тие упаднаа во министерствата за образование, правда и финансии и оштетија канцеларии на приватни фирми и билборди. Потоа се упатиле кон главниот булевар, каде ја опколиле премиерската канцеларија, а подоцна биле забележани и упади во трговските центри и банките. 🚨🚨🚨 Clashes in Albania have hit a critical tipping point. Police have deployed massive violence against students in Tirana. Protesters declare they will no longer tolerate PM Rama’s silence and mockery, which has dragged on for over 4 months while ignoring their demands. 🦩 https://t.co/fRuA6rOnXi — Tirana Report (@Tirana_Report) October 13, 2026 Апсења, повреди и наводи за насилство До вечерта, полицијата уапси најмалку 40 демонстранти, а десетици луѓе беа повредени, меѓу кои демонстранти, полицајци и цивили. Неколку новинари известија дека полицијата физички ги спречила да работат, им го блокирала преминот или им ја одземала опремата. Во пресметка со полицијата вчера вечерта, на млад човек му била скршена ногата и морал да оди на итна операција. Министерката за економија Делина Ибрахимај го осуди насилството и го нарече неприфатливо палењето и уништувањето на институционалните простории. Судирите меѓу маскираните демонстранти и полицијата продолжија и вечерта на главниот градски булевар, каде се наоѓаат парламентот и канцелариите на претседателот и премиерот. Експлозии и сирени одекнаа низ центарот на Тирана. Меѓународни предупредувања Амбасадата на САД во Тирана ги предупреди своите граѓани да бидат внимателни и ги советуваше да избегнуваат протестни зони поради опасност од ширење на немирите. Реагираше и Делегацијата на Европската Унија во Албанија, која соопшти дека е запознаена со обвинувањата за прекумерна полициска сила против демонстрантите и новинарите. Делегацијата очекува полицијата да спроведе темелна истрага за овие наводи и ги повика двете страни веднаш да ја смират тензијата.Тагови: протести Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканНадојдените води ги збришаа автомобилите во морето, загина момче- драматични снимки од Родос (ВИДЕО) 25-годишно момче загина на грчкиот остров Родос кога автомобилот во кој се наоѓал бил однесен од пороен дожд за време на силна бура и одвлечен во морето, на плажата Стегна, во областа Архангелос.Според достапните информации, вкупно четири автомобили завршиле во морето, а младиот човек не успеал навреме да излезе од автомобилот. Неговото тело го пронашла крајбрежната стража, пренесува Прототема. Бурата што го погоди Родос во раните утрински часови предизвика големи проблеми во сообраќајот, а обилните врнежи од дожд ги претворија патиштата во порои. Проблеми се пријавени од Јалисос до градот Родос, како и во областите Афанту, Фалираки и Архангелос, каде што беа заглавени бројни возила. Поради опасноста за граѓаните, властите го повикаа населението преку системот за известување за итни случаи 112 да ги ограничи своите движења и да ги следи упатствата на надлежните служби. Во Архангелос, сообраќајот беше прекинат на патот кон Малонас откако голема карпа падна на патот и оштети заштитна ограда. Мостот што го поврзува главниот пат со селото беше исто така привремено затворен. Гром предизвика пожар во куќа во градот Јалисос, додека удар од гром предизвика и прекин на електричниот систем на регионалната станица на грчката јавна телевизија ЕРТ. Некои линии на јавен превоз и пристаништето Акантија, како и линијата Родос-Фалираки, беа привремено прекинати поради бурата. Училиштата во Родос и Сими се затворени денес, а некои општински згради се исто така затворени. Важни археолошки локалитети и знаменитости, вклучувајќи ги Линдос, Камирос, Акрополот Јалисос-Филеримос, Археолошкиот музеј на Родос и Палатата на Големиот мајстор, исто така беа затворени од 12:30 часот. Седум области под црвена тревога Грчките власти прогласија највисоко ниво на тревога поради опасни временски услови во седум области: Евија, Споради, Атика, Јужен Егеј, Крит, Самос и Икарија, како и Пелопонез. Силни дождови и грмотевици се очекуваат во текот на целиот ден, особено во Евија, Споради, регионот Магнезија, Крит и Додеканезите. Многу силни северни и североисточни ветрови, до девет степени, ќе дуваат во Егејското Море. Пожарникарите интервенираа поради поплавени згради и паднати дрвја, додека во некои области се активирани предупредувања за граѓаните. Реките се излеваат, жителите добија наредба за евакуација Проблеми беа пријавени и на островот Евија, каде што се излеа река во областа Макрикапе. Жителите беа повикани да се евакуираат кон Псахна преку системот 112 поради излевањето на реката. Претходно, беше испратено предупредување и до жителите на Политика, со кое се повикуваат да избегнуваат непотребни патувања и да ги следат упатствата на властите. Излевањето на реката Киреас предизвика сериозни проблеми во патната врска помеѓу северниот дел на Евија и Халкида. Во Атика и Евија, пожарникарите добија вкупно 58 повици од претходниот ден до 6 часот наутро поради обилни врнежи од дожд и силен ветер. Во Атика беа регистрирани 38 повици, а пожарникарите пумпаа вода и отстрануваа паднати дрвја. Во Евија беа примени 20 повици, со бројни интервенции поради дрвја на патиштата. Штети и на Скијатос, едрилица се насука Бурата го погоди и Скијатос, каде што системот 112 беше активиран двапати. Според градоначалникот Теодорис Цумас, поднесено е барање општината да се прогласи за област погодена од природна катастрофа. На островот се регистрирани прекини на електричната енергија, соборени дрвја и два автомобила однесени од водата. Училиштата се затворени, а штетата се проценува на 40 до 50 бизниси и помеѓу 15 и 20 домови. Во близина на островот Перистери, кај Алонисос, едрилица под грчко знаме се насука со две лица на неа. Двете лица беа спасени и однесени во пристаништето Алонисос. Некои фериботи се суспендирани Силните ветрови предизвикаа проблеми и за поморскиот сообраќај. Забраната за пловење од пристаништата Пиреја и Лаврио остана на сила до 15 часот, со налети на ветер кои достигнаа 10 бофорти на некои места. Некои фериботски линии се суспендирани, вклучувајќи ги врските Принос-Кавала, Агија Марина-Неа Стира и Аркица-Едипсос. Ограничувања се воведени и на некои линии во Саронскиот Залив, додека хидрофоилите не работат. На патниците кои планираат патување им се препорачува да ја проверат состојбата на линиите кај локалните пристанишни власти и туристичките агенции пред поаѓање, бидејќи се можни дополнителни доцнења и откажувања.Тагови: автомобили Родос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаМВР со детали: Му одзеле пиштол на полицаец, па се дале во бегство- удриле во банкина на автопатот кон Тетово Кривични пријави против три лица за сторени кривични дела „спречување службено лице во вршење службено дејствие” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори”.Во врска со кривично правниот настан, кој се случил на 07.10.2026 околу 20:25 часот на ул.„Црногорска“ во Скопје каде при заседа на патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, а по претходно добиени оперативни сознанија дека ќе биде извршено кривично дело по член 215, купопродажба на марихуана, веднаш по добиените информации преземени се соодветни мерки и од страна на полициските службеници даден е знак за запирање на патничкото возило „бмв“. Откако полициските службеници се упатиле кон возилото со цел легитимирање и преглед, возачот го стартувал возилото, при што удрил во бандера и во истиот момент преку прозорецот фрлил кеса со марихуана. Во тој момент еден од полициските службеници го извадил својот службен пиштол и од совозачката страна на полуотворениот прозорец издал наредба „стој полиција“, при што од страна на лицето од совозачката страна му бил одземен службениот пиштол, а возачот го стартувал возилото и се дал во бегство. Полициски службеници кои биле поставени во близина, се упатиле по возилото кое со голема брзина се движело по ул.„Ѓорче Петров“ кон автопатот Скопје-Тетово, при тоа оглушувајќи се на звучните и светлосни знаци од полициските службеници, а од страна на еден полициски службеник испукани се и три предупредувачки проектили во воздух. Во еден момент возилото „бмв“ удрило во банкина на автопат и се извртело, по што од возилото излегле возачот П.А.(24) и совозачот Е.П.(21). Лицата се лишени од слобода, пиштолот е одземен, а по извршено пребарување на теренот пронајдена е кеса со марихуана. Во координација со ОЈО Скопје од страна на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до ОЈО, денеска (14.10.2026) поднесена е кривична пријава против Е.П. и П.А. за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење службено дејствие” по член 382 од Кривичниот законик и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик, а против М.Т. за кого постојат сознанија дека е поврзан со случајот поднесена е кривична пријава за кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори” по член 215 од Кривичниот законик. Исто така, за настанот е известен Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР, кој презема мерки и активности во врска со евентуалните неправилности при постапувањето на полициските службеници во овој случај, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook