Премиера на „Федра“ вечерва на фестивалот „Стоби“ во Велес - Канал 5

Премиера на „Федра“ вечерва на фестивалот „Стоби“ во Велес

Во рамките на 14. Фестивал на античка драма „Стоби 2015“, вечерва на сцената на велешкиот Народен театар премиерно ќе биде изведена претставата „Федра“, праизведба на истоимениот текст на Сашо Димоски во режија на Александар Ивановски.

Премиера на „Федра“ вечерва на фестивалот „Стоби“ во Велес

Во претставата која е копродукција на НУЦК Театар „Јордан Х.К.-Џинот“ и Словенско младинско гледалишче од Љубљана, Словенија насловната улога ја игра Меруша Облак, а во улогата на Хиполит Васил Зафирчев. Музиката е на Сашко Костов, кој во живо ќе настапи во претставата на импровизирани музички инструменти.

Како што појаснува за медиумите режисерот Ивановски, претставата се занимава со машко-женските односи од аспект на релација меѓу повозрасна жена и помлад маж.

- Фатализмот како резултат од неможноста за заокружување на љубовната приказна меѓу Хиполит и Федра е средство кое го акцелелира драмското дејство, додека околноста заради која немоќта постои ја прави претставата место со згуснато значење, пуст остров од кого исчезнуваат и последните жители, потенцира Ивановски.

Инаку, ова е седма и последна претстава на ФАД „Стоби 2015“ во конкуренција за наградите на фестивалот кои ќе бидат врачени на свеченото затворање на манифестацијата на 22 септемри. На свеченоста во чест на наградените Велешкиот театар ќе ја изведе „Крал Иби“ од Алфред Жари во режија на Андреј Цветановски.

Синоќа, во рамките на ФАД „Стоби 2015“ беше изведена шестата претстава во конкуренција, претставата „Електра“ по сценски текст, режија, концепт на светлосен дизајн на Андриј Жолдак од Украина, а во изведба на МНТ од Скопје.

Претставата, која траеше над три часа, со еден современ концепт на „Електра“, беше наградена со голем аплауз од велешката публика и враќање на бис на актерите. Во главната улога на Електра мошне успешно настапи младата актерка Дарја Ризова.

По претставата во изјавата за МИА, Ризова оцени дека имало една тишина во која публиката навлегла во самата претстава, на тие кои според неа се сладокусците и им се допаднала и тоа се видело по аплаузот. Дарја која прват настапува на новата велешка театарска сцена оцени дека тој е прекрасен за играње.

- Оваа „Електра“ е современа и затоа и е потребна силна техника што и го овозможи велешката технички најсовремена сцена. Инаку, во Подгорица настапивме во хангар во напуштена фабрика каде што беше многу автентично, рече Ризова.

Актерката Ѕвезда Ангеловска, која исто така игра во претставата во изјава за МИА потенцира дека оваа „Електра“ е доста специфична претстава со специфичен јазик на самиот режисер.

- Ние се вративме од Подгорица каде публиката фантастично ја прими, меѓутоа велешката публика, онаа која ја доживеа и почувствува, мислам дека беше задоволна. Мислам дека по аплаузот и овациите посебно за главниот лик за Електра во изведба на Дарја Ризова имаше пофалби и фидбек, односно повратна емоција и тоа се чувствуваше, оцени Ангеловска.

Ангеловска која настапувала и на некои од претходните изданија на ФАД, а била и во жирито на фестивалот смета дека „Стоби“ станува се повеќе познат и надворе од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

По тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени  - се проверува состојбата на асфалтот.

По верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтот

Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење.

Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци.

Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар.

Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер