Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Ѓуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“
КултураПремиера на „Евгениј Онегин“ - почнуваат 44. Мајски оперски вечери Со премиера на операта „Евгениј Онегин“ според поемата на Александар С. Пушкин, музика на Петар Илич Чајковски и во режија на Дејан Пројковски, вечер во Македонската опера и балет ќе бидат отворени 44. Мајски оперски вечери.„Евгениј Онегин“ ќе биде изведена по пауза од 34 години. Режисерот Пројковски минатата недела на прес-конференција истакна дека таа е голем сон за секој режисер и опера за која, како што рече, се потребни лудост и храброст, како за секое големо дело, и преиспитување на авторската зрелост. - Направивме оперска претстава која како главен лајт-мотив ја има фаталноста. Работејќи на операта во овие месец и половина, се занимаваме со љубовта и страдањето на Онегин, Татјана, Олга и Ленски, обидувајќи се да ги пронајдеме клучните зборови кои ќе не водат: солзи, страв, каење, колнењето на вечната љубов и на крајот сите тие гребаници и бесконечни траги кои остануваат на срцата на сите нив. Направивме, би рекол, една жестока оперска претстава благодарение на сите солисти во претставата, рече Пројковски. Посочи дека песната „Умилкување“ на Петре М. Андреевски е режисерски патоказ и кратко објаснување за тоа што е за него оваа претстава. - Оваа песна на Андреевски зборува точно за фаталноста на љубовта и за подготвеноста да се направи се во име на таа љубов, додаде Пројковски. Насловната улога ќе ја игра младиот баритон Иван Наумовски кој истакна дека се обидел да најде сосема свој Онегин, автентичен и различен од она што го гледал на сцена или филм. Се заблагодари што му е дадена шанса од МОБ на 25 години да го игра овој лик и тоа за отворање значајна манифестација како што се Мајските оперски вечери. Во улогата на Татјана ќе настапи Тамара Калинкина од Украина, ликот на Олга ќе го игра Николина Јаневска, а Ленски ќе го толкува хрватскиот оперски пејач од ХНК во Осиек, Домагој Доротиќ. Диригент на претставата ќе биде Саша Николовски-Ѓумар, а на репризата на 11 мај - Иван Еминовиќ. Кореограф е Олга Панго, сценограф Валентин Светозарев и костимограф Марија Пупучевска. На програмата на годинашниот фестивал се 15 настани, од кои десет за возрасна публика, а пет се во придружната едукативна програма Мали мајски оперски вечери. Покрај двете изведби на „Евгениј Онегин“, ќе има уште четири оперски претстави на годинашниот фестивал: „Риголето“ на 17 мај (со гости од Италија, Мексико, Косово и Бугарија), „Хофманови приказни“ на 24 мај (со гости од Полска, Австрија, Уругвај и Чешка), „Турандот“ на 26 мај (со гости од Италија, Австрија и Украина) и Вердиевата „Аида“ (со гости од Хрватска, Италија, Казахстан и Јапонија) - со која традиционално на 31 мај се затвораат Мајските оперски вечери. Годинава во насловната улога ќе настапи сопранистката Весна Ѓиновска-Илкова. Годинава наместо една, ќе има две балетски претстави: „Лебедово езеро“ на 13 мај и современиот балет „Заспаните убавици“ на 20 мај. На програмата се и два концерта - хорот од Белград „Вива вокс“ (на 14 мај), кој има гостувано на „Охридско лето“, а првпат доаѓа во Скопје, и гала-концерт под диригентство на Мориц Гнан од Германија, со солисти од Хрватска, Русија и САД. Малите мајски оперски вечери, наменети за најмладите, ќе се одржуваат од 15-ти до 29 мај, со пет претстави: премиера на операта за деца „Црвенкапа“, детските балети „Доктор Офболи“ и „Петар Пан“ и концертите на детскиот хор „Отрада“ од Русија и на детскиот хор на МОБ „Фалсето“ кој по неодамнешното формирање првпат јавно ќе настапи на овој фестивал./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизЃуро ѝ го честита 30-тиот роденден на својата ќерка со емотивна објава: „Ти благодариме што си наша“Актерот Бранко Ѓуриќ Ѓуро ѝ го честиташе 30-тиот роденден на својата ќерка Зала преку емотивна објава на Инстаграм, споделувајќи серија фотографии на кои се заедно.На фотографиите е прикажана Зала, од раното детство па сè до денес, придружени со трогателна порака од Ѓуро. View this post on Instagram A post shared by branko djuric (@branko_djuric_djuro) „Среќен роденден, моја мала принцезо! Остани среќна и здрава. Ти благодарам за сите убави, луди, среќни и незаборавни моменти на твоето патување од 0 до 30 години. Ти благодарам што си наша“, напиша тој. Зала тргна по стапките на своите родители и работи како актерка. Таа се појави во филмовите „Šesti autobus“ и „Deda ide na jug“, а глумеше и заедно со својот татко во претставата „We Will, We Will Rakija“. Претставата беше поставена според нејзиното сценарио, додека Ѓуро ја режираше. Претходно оваа година, Зала објави дека станала мајка, иако не откри детали за приновата. Ѓуро има и ќерка, Ела, со сопругата Тања, како и син, Филип, од првиот брак.Тагови: Бранко Ѓуриќ Ѓуро Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Технологија„Тамагочи“ за 21-от век: Закерберг го претстави новиот уредИзвршниот директор на „Meta“, Марк Закерберг, неодамна го претстави „Meta Charm“ – мал рачен уред дизајниран да ја интегрира вештачката интелигенција во секојдневниот живот.Според пишувањата на „Der Spiegel“, уредот е со големина приближно колку „Тамагочи“ и поседува мал екран на допир, микрофон, две камери и можност за поврзување преку 5G мрежа. За разлика од мобилниот телефон, „Meta Charm“ нема да поддржува гласовни или видеоповици; наместо тоа, тој е првенствено наменет да овозможи пристап до софтверот за вештачка интелигенција на „Meta“. Закерберг не ја објави цената на уредот ниту земјите во кои тој ќе биде достапен, но наведе дека се очекува да се најде во продажба до Божиќ. Уредот работи со помош на „Meta AI“ – асистентот со вештачка интелигенција на компанијата, кој беше пуштен во употреба во САД пред неколку недели. „Meta AI“ е наменет да им помогне на корисниците во извршувањето на секојдневните задачи, како што се пазарењето и банкарските услуги. Со воведувањето на „Meta Charm“, „Meta“ има за цел да ја намали зависноста на корисниците од паметните телефони и од оперативните системи на „Apple“ и „Google“. „OpenAI“, компанијата што стои зад „ChatGPT“, развива сличен уред со помош на поранешниот главен дизајнер на „Apple“, Џони Ајв. Аналитичарот од индустријата, Ави Грингарт, истакна дека „Meta“ успеала да го „протне“ својот производ пред конкурентите како „OpenAI“, напоменувајќи дека иако е малку веројатно паметниот телефон наскоро да биде целосно заменет, новите уреди би можеле да го надополнат. Во исто време, тој предупреди дека „Meta“ се соочува со предизвик во однос на довербата на корисниците кога станува збор за заштитата на приватноста. Извор: Б92Тагови: Тамагочи Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудење за обвинетиот сериски убиец - вештачењето покажува дека Бојковски е целосно пресметлив18:27Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург08:43Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07Мицкоски во Њујорк се сретна со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш12:59
Сиљановска-Давкова на 22. Европски самит во Салцбург: Проширувањето е тест за стратешкиот капацитет на Европската Унија14:09
Филипче нема намера да се повлече: Членовите на Платформата „12:05“ ги нарече „шемаџии“ и „пучисти“15:07
СветНапад пред прагот на НАТО: Руско беспилотно летало удри близу границата, се огласија сиренитеРуско борбено беспилотно летало погоди област во близина на граничниот премин Јагодин-Дорохуск – на украинската страна од границата со Полска – што предизвика реакција од полската војска.Според полските власти, леталото погодило цел на оддалеченост од приближно два километри од граничниот премин. Како одговор на нападот, Полска подигна воени авиони и ги стави своите сили во состојба на готовност. Потполковникот Јацек Горишевски, портпарол на Оперативната команда на полските вооружени сили, потврди дека руско беспилотно летало се урнало во близина на Јагодин. „Беспилотен систем на Руската Федерација повторно се урна недалеку од преминот Дорохуск – уште еднаш во близина на Јагодин“, изјави Горишевски за ТВН24. Државната гранична служба на Украина соопшти дека леталото погодило област на неколку стотици метри од границата, додека самиот граничен премин Јагодин останал неоштетен. Ukraine's Border Guard Service says the Yahodyn checkpoint on the Polish border was not hit, after a Russian Geran-5 jet-powered drone reportedly came down nearby. pic.twitter.com/uoX7A4CF9i — Open Source Intel (@Osint613) September 28, 2026 Истовремено, полската војска подигна авиони како одговор на руските напади врз западна Украина. Според достапните информации, нема потврда дека некое руско летало го нарушило полскиот воздушен простор. Поради безбедносната ситуација, работата на два гранични премини – Дорохуск и Зосин – беше привремено прекината, а областа беше ставена под засилен надзор. Состојбата на готовност беше укината откако се утврди дека не постои непосредна закана за полската територија. Посебно внимание привлекоа извештаите дека било употребено беспилотно летало на млазен погон од типот „Геран-5“. Полските воени претставници изјавија дека достапните информации укажуваат токму на тој тип на летало. Овој граничен коридор и претходно бил цел на руски напади. Претходно овој месец, беспилотно летало погоди бензинска пумпа во Јагодин, на околу 800 метри од полскиот граничен премин, додека во друг инцидент беше погодена локомотива во близина на границата. Овој најнов инцидент дополнително го сврте вниманието кон областа што се наоѓа веднаш до една од најважните копнени врски меѓу Украина и Полска.Тагови: НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter