АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
2АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
КултураПремиера на драмата „9“ од Гоце Ристовски во Нови СадДрамата „9“ од македонскиот писател Гоце Ристовски утревечер премиерно ќе биде изведена на сцената на Културниот центар во Нови Сад, со почеток во 20 часот.Улогите ги толкуваат Соња Лештар и Лазар Јованов, режисер е Богдан Јанковиќ, а драматург - Симон Грабовац. Сценограф и костимограф е Невена Вујасиновиќ, светло мајстор - Ладислав Селеши, секретар на проектот - Елза Вулетиќ, а организатор - Наташа Тополац. Преводот од македонски на српски јазик го направи поетесата Искра Пенева. Според драматургот на проектот Симон Грабовац, кој е истакнат српски писател и театарски деец, дуодрамата „9“ е современо напишан текст, без класични поставки, кој нуди многу предизвици за инсценација. - Пред се текстот на Гоце Ристовски на поширок план кореспондира со општо распространетото чувство на исчашеност од светот, чувство на преод од еден облик во друг, од реалното кон виртуалното, потенцира Грабовац. Тој смета дека во текстот „9“ во основа се работи за театар во театар со три важни одредници: кон минатото, сегашноста и иднината. - Актерот и актерката, кои играат брачна двојка или брачна двојка која проба претстава и/или играат некои улоги за да соопштат нешто за себе и светот битно се скучени. Прво, управата ги надгледува, а и ги оставила без никакви средства за „работа“, потоа со ласери ги прогонуваат „вонземјани“, а и реалноста премногу често продира во нивниот колку-толку издвоен простор. И, многу често сме во дилема дали тие навистина играат или се гледаат себеси како играат, истакна Грабовац. Додава дека текстот има спирална структура, а секоја следна спирала може да биде од минатото, иднината или сегашноста. Тој потенцира дека текстот е голем предизвик, како за режисерот, така и за актерите и за сценографот и костомографот. - Големината на текстот е во тоа што не враќа или што не потсетува на нас и ни нуди предизвик да се соочиме со (ваквото) себе и (ваквиот) свет, истакна Симон Грабовац. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и СтрумицаОд денеска, клиентите на АЛТА банка ќе можат да располагаат со поголем износ од своите средства. Неделниот лимит за подигање готовина од банкомат и плаќање со платежни картички се зголемува од 10 на 15 илјади денари. Истовремено, се проширува и мрежата за шалтерска исплата. Од денеска ќе бидат отворени и шалтери и во тетово и во струмица, каде што клиентите кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20 илјади денари во период од две недели, исто како и во експозитурата во Битола. Олеснување, како што најави гувернерот Трајко Славески, ќе има и за идните приливи. Платите, пензиите и социјалните трансфери кои допрва ќе легнуваат на сметките на клиентите, доколку доаѓаат од институции или компании кои имаат сметки во други банки, ќе можат да се повлекуваат во целост..Тагови: Алта банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоПроменливо облачно со повремени локални врнежи од дождВремето денес според УХМР ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб интензитет. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 12 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Од вторник следува период на променливо облачно и потопло време. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Локални врнежи од дожд ќе има кон крајот на седмицата. Ќе дува слаб до умерен, а во петок повремено засилен до силен ветер од јужен правец.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook