Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“ - Канал 5

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

Во Скопје вечер во 20 часот, во „Холидеј Ин“ ќе се одржи премиерата на документарниот филм „Вратете ни го чаламот“ посветен на најголемите успеси на македонски кошаркарски клуб „Работнички“. 

Премиера на документарниот филм за кошаркарскиот клуб „Работнички“

За ова информира градоначалникот на Општина Центар од СДСМ, Горан Герасимовски. Тој посочува дека документарниот филм зборува за историјата, за успесите, но и за сите оние кои никогаш не се откажаа од „Работнички“, без разлика на времињата, резултатите или предизвиците.

-Легендата продолжува да живее! Се враќаме на гордоста, на спомените, на победничкиот дух што „Работнички“ го носи со себе уште од првиот ден. Горд сум што дадов поддршка за реализација на овој филм, кој во продукција на „Слобода филм“. Го враќаме чаламот на Работнички, со нова сала и многу победи, вели Герасимовски.

YouTube video

Документарниот филм е во продукција на „Слобода филм“, а финансиски поддржан од Општина Центар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Маж кој се закануваше дека ќе детонира бомба во загрепската населба Утрина се предаде на полицијата, пишува Јутарњи лист.

Драма во близина на Загреб: Маж се заканувал дека ќе активира бомба

Загрепската населба Утрина беше под полициска опсада поради маж кој се закани дека ќе детонира експлозивна направа, потврди полицијата.

Опсадната состојба траеше речиси еден час.

Маж го извадил осигурувачот од бомбата во близина на основно училиште и наводно се заканил дека ќе се разнесе.

Драмата заврши откако мажот се предал на полицијата.

„Во шок сме. Млад човек шеташе во паркот, а околу него имаше полицајци. Ги задеваше одејќи од зграда до зграда во паркот. Беше загрижувачко. За среќа, никој не беше повреден“, рече жител на блиската зграда.

„Специјалните сили го опколија со штитови во рацете“, додаде друг жител.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Утре претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. 

Утре попладне ќе има услови за појава на пороен дожд

Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени ги погоди Филипините денес, соопшти Европско-медитеранскиот центар за предупредување од земјотреси и цунами (EMSC).

Силен земјотрес ги погоди Филипините

Епицентарот на земјотресот бил на море, на длабочина од 35 километри.

Нема веднаш извештаи за повредени или штети.

Не е издадено предупредување за цунами.

Покрај честите земјотреси во областа неодамна, Филипините се справуваат и со обилни дождови предизвикани од силна бура, во која загинаа 15 лица во лизгање на земјиштето на југот од земјата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер