Премиера на ,,Диво месо" во Прага - Канал 5

Премиера на ,,Диво месо" во Прага

Претставата „Диво месо“ на македонскиот драматург Горан Стефановски вечерва ќе биде изведена на сцената на чешкиот театар „Комедие“ во Прага.

Премиера на ,,Диво месо" во Прага
Премиерната изведба на чешкиот артистички ансамбл, воден од режисерот Јан Новотни ќе биде во присуство на авторот Стефановски.

- „Диво месо“ е семејна драма, во која еден млад амбициозен маж сонува и се вљубува во еден убав дел од Европа и секако дека тој идеализам му донесува многу болка. Централна тема е куќата, домот чие уништување носи распаѓање на целото семејство, рече Стефановски на прес-конференцијата во чешкиот главен град.

Поздравувајќи ги присутните најпрво на мајчин, македонски јазик и заблагодарувајќи се за поставувањето на неговото дело на чешката сцена, Стефановски ја потенцираше блискоста на словенските јазици и поврзаноста на Чешка и Македонија преку историската традиција, која датира уште од Светите Кирил и Методиј.

Претставувајќи ја драмата, прв пат поставена во Македонија во 1979 година, Стефановски ја потенцираше нејзината ,,безвременост", пренесе дописникот на МИА од Прага.

Иако дејствието се случува во 40-тите години на 20. век, за време на Втората светска војна кога домот на главните ликови, семејството Андреевиќ бил загрозен од страна на настапувачкиот нацизам, приказната секогаш е актуелна со оглед на тоа дека секоја генерација се среќава со некои нови опасности, ритуали, обичаи, кои доведуваат до распад на традиционалните вредности и традиционалните семејства, додаде Стефановски.

- Драмата ,,Диво месо" почнав да ја читам во раните утрински часови и ја прочитав во еден здив. Делото ме инспирираше, ми даваше сигнали и самото ми се реализираше во главата. Ми беше жал што нема продолжение, рече режисерот и актер Јан Новотни, кој ја адаптираше македонската драма за чешката сцена

Новотни, кој драмските студии ги завршил во 1979 година и кој освен театарски има и над 35 филмски улоги, објаснува дека буквалниот превод на поимот ,,диво месо", значи ,,влакно во грлото, околу чиј корен се создава ,,нечовечко ткиво" кое води до задушување.

- Симболички, се работи за тоа, со што се храни тој ,,тумор". Тоа е злото што е во нас и околу нас. Тоа е очајот и беспомошноста, додава Новотни, споредувајќи го делото со ,,Бела болест" на Карел Чапек, еден од најпознатите чешки писатели и драматурзи. На актерот Јан Задражил, кој ја има улогата на Стево, средниот син на инвалидот и поранешен ѕидар Димитрија Андреевиќ, улогата му помага да навлезе во суштината на раѓањето на насилството во човекот, но истовремено и да најде начин како да се одбрани од него.

- Бидејќи потекнувам од големо семејство и ние сме тројца браќа, а имаме и сестра, јас во играта пронајдов лични елементи. Ми се потврди она што го чувствувам, дека најважна е љубовта и поврзаноста меѓу членовите на една фамилија. Дека треба да се држиме секогаш заедно иако имаме различни интереси и дека одржувањето на домот треба да ни биде основна цел, рече Задражил пред премиерата.

Реализацијата на чешката инсценација на ,,Диво месо" е овозможена со помош на Амбасадата на Република Македонија во Чешка, а ,,Комедие" е култен театар со богата историја, сместен во палата од 1930. година.

Од многубројните драмски текстови на Стефановски, кои остварија бројни светски преводи и публикации, на чешки јазик е преведен и текстот ,,Евримен"(,,Жив чоек") и драмата ,,Тетовирани души" на словачки јазик. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Една од најпознатите манекенки, Бела Хадид (30), повторно го привлече вниманието со своите објави на социјалните мрежи.

Бела Хадид позира топлес во сауна (ФОТО)

Овој пат, таа сподели фотографии од луксузен велнес-центар, при што особено се издвојува една на која се гледа како вежба во сауна, без горниот дел од облеката.

На Инстаграм, манекенката даде увид во својата рутина за вежбање и релаксација. На една од фотографиите, таа е свртена со грб кон камерата, облечена само во црни шорцеви, додека изведува вежба со тег. Нејзината руса коса е собрана нагоре, подалеку од лицето.

Вежбање, сауна и масажа

Бела престојуваше во велнес-центар управуван од спортскиот бренд „Alo“, со кој таа соработува. За време на посетата, таа испроба неколку видови тренинзи, вклучувајќи пилатес на реформер, вежби со тегови и кардио вежби.

На други фотографии, таа ги покажа спортските комбинации што ги носеше за време на тренингот, вклучувајќи розов комплет составен од спортски градник и шорцеви.

По физичката активност, денот продолжи во порелаксиран ритам. Манекенката позираше во бордо бикини без прерамки додека беше во сауна, а подоцна направи „селфи“ пред огледало, завиткана во голем бел пешкир. Својот велнес-ден го заокружи со масажа.

Неодамна го прослави својот 30-ти роденден

Овие нови фотографии доаѓаат само неколку дена откако Бела го прослави својот 30-ти роденден на 9 октомври. По тој повод, таа исто така привлече внимание со објава на Инстаграм на која позираше во црвено бикини, изработено специјално за неа. На горниот дел од костимот за капење стоеше бројот 30, додека долниот дел беше украсен со нејзиното име. Изгледот го надополни со розево-бел фустан и каубојски чизми.

Покрај фотографиите од роденденот, таа наведе дека наполнила 30 години, а нејзините следбеници – како и бројни пријатели од светот на славните – ѝ упатија честитки во коментарите.

Ново поглавје во животот

Во последните месеци, Бела повторно се најде во центарот на вниманието, делумно поради нејзиниот приватен живот. По разделбата со професионалниот јавач Адан Бануелос – со кого беше во врска од 2024 година – медиумите почнаа да ја поврзуваат со Нејтан Лејси од Колорадо. Таа јавно не ја потврди оваа нова врска.

Покрај приватниот живот, таа привлекува внимание и со своите професионални ангажмани. Минатата година, таа ја замени својата препознатлива кафеава коса со платинесто-руса нијанса, а се испроба и во актерството, појавувајќи се во хорор-серијата „The Beauty“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изборниот процес во општина Брвеница заврши во најдобар ред, без нарушување на јавниот ред и мир и без ниту еден инцидент.

МВР: Вонредните локални избори во Општина Брвеница завршија без проблеми

МВР во текот на целиот ден презеде мерки и активности во рамки на своите надлежности со цел непречено и безбедно спроведување на изборниот процес, како и гарантирање на безбедноста на граѓаните и одржување на поволна безбедносна состојба.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Католички свештеник почина во црква во Еквадор откако врз него падна крст закачен на ѕидот, за време на миса која се пренесуваше во живо преку интернет, објави денеска порталот „InfoVaticana“.

Крст падна врз свештеник за време на миса и го усмрти (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Надбискупијата во Гвајакил истиот ден објави соопштение, во кое се наведува дека отец Санчез Молинари – кој служел како парохиски свештеник во црквата „Богородица од Постојана Помош“ – „заминал во домот на Отецот за да ужива во Неговото присуство и слава“.

Од Надбискупијата упатија молитви за покој на неговата душа и изразија солидарност и сочувство до заедницата, неговото семејство и пријателите.

Во соопштението на Надбискупијата не беа наведени околностите под кои свештеникот починал.

Според мексиканскиот весник „El Heraldo de Mexico“, свештеникот служел секојдневна миса – која се пренесувала во живо преку неговиот профил на социјалните мрежи – кога, околу 27-мата минута од преносот, крст закачен на ѕидот зад него се откачил и паднал врз него. Од истиот медиум на социјалните мрежи наведоа дека на снимката се слушаат извиците на верниците кои присуствувале на мисата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ВИДЕОТО Е СО ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер