3Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
КултураПремиера на „9“ од Гоце Ристовски во Културниот центар во Нови СадВо Културниот центар во Нови Сад вечер премиерно ќе биде изведена драмата „9“ од македонскиот писател Гоце Ристовски, а во режија на Богдан Јанковиќ.Во претставата улогите ги толкуваат Соња Лештар и Лазар Јованов, а драматург е Симон Грабовац. Сценограф и костимограф е Невена Вујасиновиќ, светло мајстор - Ладислав Селеши, секретар на проектот - Елза Вулетиќ, а организатор - Наташа Тополац. Преводот од македонски на српски јазик го направи поетесата Искра Пенева. Според драматургот на проектот и истакнат српски писател и театарски деец, Симон Грабовац, дуодрамата „9“ е современо напишан текст, без класични поставки, кој нуди многу предизвици за инсценација. - Пред се текстот на Гоце Ристовски на поширок план кореспондира со општо распространетото чувство на исчашеност од светот, чувство на преод од еден облик во друг, од реалното кон виртуалното, потенцира Грабовац. Тој смета дека во текстот „9“ во основа се работи за театар во театар со три важни одредници: кон минатото, сегашноста и иднината. - Актерот и актерката, кои играат брачна двојка или брачна двојка која проба претстава и/или играат некои улоги за да соопштат нешто за себе и светот битно се скучени. Прво, управата ги надгледува, а и ги оставила без никакви средства за „работа“, потоа со ласери ги прогонуваат „вонземјани“, а и реалноста премногу често продира во нивниот колку-толку издвоен простор. И, многу често сме во дилема дали тие навистина играат или се гледаат себеси како играат, истакна Грабовац. Додаде дека текстот има спирална структура, а секоја следна спирала може да биде од минатото, иднината или сегашноста. Тој потенцира дека текстот е голем предизвик, како за режисерот, така и за актерите и за сценографот и костомографот. - Големината на текстот е во тоа што не враќа или што не потсетува на нас и ни нуди предизвик да се соочиме со (ваквото) себе и (ваквиот) свет, истакна Симон Грабовац. /МИА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноГости изеле околу 50.000 мравки- ресторанот во Сеул е казнет поради служење забранет десертЈужнокорејски суд казни еден од најпознатите ресторани во Сеул за служење десерт украсен со мравки, бидејќи локалните закони за безбедност на храната не дозволуваат консумирање на инсектите.Менаџерот на ресторанот „Евет“, награден со две Мишелин ѕвездички, беше казнет со 5.400 фунти, додека извршниот директор на ресторанот беше казнет со 8.000 фунти, објави „Гардијан“. Судијата од Сеул, Ли Се-чанг, рече дека прекршокот не е тривијален бидејќи нивоата на тешки метали кај мравките биле над законската граница. Тој рече дека го зел предвид фактот дека обвинетите се изјасниле за виновни за кривичното дело и немале претходни пресуди. Michelin-starred Seoul restaurant fined for using ants as garnish https://t.co/bcLTKkkOjc — BBC News (World) (@BBCWorld) September 16, 2026 Само 10 видови инсекти се одобрени како состојки за храна во Јужна Кореја, вклучувајќи скакулци, црви и свилени буби. Министерството започна истрага откако забележа споменувања на јадења со мравки во објавите и на социјалните мрежи. Обвинителството соопшти дека ресторанот увезувал сушени мравки од САД и Тајланд по пошта од април 2021 година. Се проценува дека десертот им бил послужен на 12.274 гости, користејќи 49.096 мравки, генерирајќи вкупен приход од околу 65.000 фунти.Тагови: мравки ресторан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29
Црна хроникаУапсен е бегалец од затворот Идризово- бил осуден на 12 години и 8 месеци затвор Лишен од слобода бегалец од затвор во Гостивар.Денеска (17.09.2026) во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода Е.А. (42) од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Е.А. бил осуден на казна затвор во траење од 12 години и осум месеци за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ согласно член 215 и „кражба“ согласно член 236 од Кривичниот законик. По лишувањето од слобода, лицето е предадено во Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“ за издржување на изречената казна затвор, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ: Седница на Централното претседателство за одлуката на Специјализираните совети на КосовоДенес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, односно на Централното претседателство на ДУИ.Денес, претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, одржа седница на Претседателството на Генералниот совет, односно на Централното претседателство на ДУИ, на која се дискутираше за актуелните политички случувања во земјата, како и за зајакнување на структурните и организациските капацитети во рамките на Демократската унија за интеграција. Посебен фокус во дискусијата беше ставен и на одлуката на Специјализираните совети на Косово во Хаг од 16 септември 2026 година. Централното претседателство оцени дека: Во овие моменти, кога вниманието на Албанците е насочено кон Хаг и кон одлуката во однос на припадниците на ОВК, важно е да се потсетиме како започна овој процес, врз какви тврдења беше заснован и што остана од нив по сите овие години. Процесот што доведе до формирањето на Специјализираните совети доби поттик од извештајот на Дик Марти и од тешките тврдења за трговија со човечки органи. Но, по сите овие години истраги и судски процес, ниту едно од тие тврдења, поради кои беше формиран овој суд, не беше докажано, а во недостиг на факти беше конструиран процес против Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Кадри Весели и Реџеп Сељими. Војната на ОВК беше војна за ослободување и слобода на Косово. Историјата на оваа војна и жртвата на еден народ за слобода не можат да бидат судени преку конструиран судски процес. Протестите организирани по објавувањето на пресудата претставуваат легитимна форма на граѓанско изразување во едно демократско општество. Не постои демократска држава во светот, ниту демократски устав, што го забранува правото на протест. Граѓаните имаат право своите ставови и незадоволство да ги изразуваат преку мирни и ненасилни протести. Да не дозволиме историјата на ослободителната војна на Косово да биде искривена, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29Мицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21
Мицкоски пред Атлантскиот совет: Треба да се применува пристап заснован на заслуги, но не е така во нашиот случај 17:29