Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за штетата на историскиот воен брод - Канал 5

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за штетата на историскиот воен брод

Обвинителството во Солун наредило да се спроведе прелиминарна истрага за евентуална кривична одговорност во врска со штетите што ги претрпе историскиот воен брод „Велос“ при невремето во саботата.

Прелиминарна истрага на Обвинителството во Солун за штетата на историскиот воен брод

Обвинителството во Солун наредило да се спроведе прелиминарна истрага за евентуална кривична одговорност во врска со штетите што ги претрпе историскиот воен брод „Велос“ при невремето во саботата, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.

Разурнувачот „Велос“, беше неколку години закотвен во Солун и работеше како музеј, а во саботата беше оштетен од невремето и пренесен на безбедна локација на солунското пристаниште, каде што ќе се оцени состојбата и големината на штетата.

Според АНА-МПА, Обвинителството наредило истрага за да се утврди дали имало прекршување на Законот за заштита на антиквитети и културно наследство, односно несоодветно одржување на споменик, оштетување, оштетување на споменик од историско значење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Официјално: АБА-лигата е одложена!

Регионалната кошаркарска АБА-лига сега и официјално ќе биде одложена поради несогласувања со судиите.

Официјално: АБА-лигата е одложена!

Кошаркарите на Цибона не отпатуваа за Подгорица на натпреварот од првото коло против Будуќност, а причината се – судиите!

Клубот од Загреб доби информација дека натпреварот е одложен и дека нема потреба да патуваат во Црна Гора, поради несогласувања со судиите околу исплатата на хонорарите за натпреварите.

Се чинеше дека АБА-лигата нашла решение откако распиша повик за ангажирање судии од целиот свет, но сега тие судии почнаа да се повлекуваат, па оваа иницијатива се соочува со сериозни проблеми. Сè уште не се знае што ќе се случи со останатите натпревари, ниту кога АБА-лигата ќе најде решение, но едно е сигурно – доколку наскоро не се најде излез, регионалното натпреварување ќе се соочи со огромен проблем околу календарот и вклопувањето на преостанатите натпревари во веќе пренатрупаниот распоред на сите екипи, поради обврските во другите европски и домашни натпреварувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

На Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерница

На 22.09.2026 година, на влез на Граничниот премин „Свети Наум“, полициски службеници го лишиле од слобода С.Ч.(44) од Охрид, со живеалиште во Битола.

На Граничниот премин „Свети Наум“уапсено лице барано по потерница

Лицето се барало по централна потерница распишана по наредба на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. С.Ч. е лице под истрага и е опфатено со кривична постапка за дела “злосторничко здружување” по член 394, “даночни затајување” член 279 и “перење пари и други приноси од казниво дело” член 273 од Кривичниот законик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ распиша Конкурс за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година.

Министерство за култура: Објавен е Конкурсот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ во 2026 година

Со државната награда „Св. Климент Охридски“ се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност.

Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани.

Државната награда може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство за долгогодишни остварувања кои се од јавен интерес за Република Македонија.

Конкурсот ќе трае од 25.9.2026 до 15.10.2026 година.

Конкурсот и пријавата се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам:

Државни награди - Државни награди - Конкурси - Министерство за култура и туризам - Република Северна Македонија

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер