ЗдравјеПрекумерната тежина, цигарите и алкохолот ја зголемуваат опасноста од појава на ракНаучниците нудат нови наоди и докази за здравствените придобивки од избегнувањето цигари, алкохол и опасно прекумерна тежина - како водечки причинители за рак кај возрасните што можат да се спречат.Научниот труд на Американското здружение за истражувања за рак проценува дека 40 отсто од новите случаи на рак, кај лица со 30 години и повеќе, би можеле да се избегнат доколку луѓето се откажат од тие штетни и високоризични пороци. Стручњаците во јавното здравство, врз основа на новите докази, ги охрабруваат луѓето да усвојат здрав начин на живот за да ја намалат и спречат опасноста од рак, објави „Јаху“. Покрај пушење, пасивно пушење, внос на алкохол и прекумерна тежина, во ризиците спаѓаат и премногу црвено или преработено месо, како и исхрана со помалку овошје и зеленчук, или недоволно влакна и калциум, којашто, исто така, ги зголемува шансите за рак. Истражувањата, исто така, ги наведува хепатитис Б, Епштајн-Бар вирусот, ХИВ, ХПВ и херпес-вирусот како фактори за појава на канцер. И научници кои не се вклучени во овој нов научен труд, се согласуваат дека ова е важен потсетник за општото јавно здравје и здраво однесување. Во таа смисла, Американското здружение за истражувања за рак ја истакнува важноста на вакцините против хепатитис Б и ХПВ. Хепатитис Б предизвикува рак на црниот дроб, а ХПВ може да доведе до повеќе видови на рак, на пр. - на грлото на матката, аналниот и гениталните орган или на устата и грлото. Претходно оваа година, Американското здружение предвиде дека случаите на рак во САД оваа година првпат ќе надмине два милиони. Во извештајот, сепак, се вели и дека пониските стапки на пушење, раното откривање и подобрените третмани ја намалиле стапката на смртност од рак за последниве три десетлетија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
СветБритански Ф-35 пресретна руски воен авион. Министерот за одбрана: Знаеме каде е јахтата на ПутинВелика Британија пресретна руски воен авион откако го премести својот носач на авиони во Арктичкиот круг за поддршка на мисиите на НАТО.Британското Министерство за одбрана утрово објави дека руски поморски патролен авион „ Bear F “ постојано се приближувал до борбена група на британски носачи на авиони во Норвешкото Море кон крајот на минатата недела, како дел од маневар што го опиша како „небезбеден и непрофесионален“. Русите фрлаат подводни микрофони веднаш до британскиот носач на авиони Министерството соопшти дека руски авион фрлил голем број уреди што служат како подводни микрофони за пронаоѓање и следење на подморници - во непосредна близина на носачот на авиони „HMS Prince of Wales“. Британските борбени авиони „F-35“, кои полетаа од палубата на гореспоменатиот носач, ги пресретнаа и ги придружуваа руските авиони на 2 јули. „HMS Prince of Wales“ - еден од двата британски носачи на авиони - е исто така првиот европски носач на авиони што спроведува операции на воздушна одбрана на НАТО користејќи авиони „F-35“. Британците ја преземаат командата над елитните сили Овој потег доаѓа во време кога Велика Британија за прв пат ја презема командата над единицата за специјални операции на алијансата. Министерството за одбрана ја опишува единицата како „ударна игла“ на тимовите за брза реакција на НАТО, кои „можат да бидат распоредени насекаде во светот за неколку дена“. Исто така, минатата недела беше објавено дека суперјахтата на Владимир Путин, вредна 100 милиони фунти, пловела покрај брегот на Норвешка на пат кон Русија. „Знаеме каде е неговата јахта, Путин е под зголемен притисок“ Во интервју за Политико, британскиот министер за одбрана Ден Џарвис одби да потврди дали „HMS Prince of Wales“ го следи бродот, но кратко рече: „Знаеме каде е“. „Фактот дека оваа јахта се оддалечува е уште еден борбен показател - да употребам фраза од моето воено минато - дека Путин е под зголемен притисок“, додаде тој. Извор: Б92Тагови: Велика Британија Ф-35 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода двајца скопјани поради сомнение дека вчера предизвикале пожар во СкопјеСе преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.На 05.07.2026 во 17:30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.А.(34) и И.Х.(39), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно затоа што на 05,07,2026 околу 16.00 часот, предизвикале пожар во напуштен објект на бул. „Македонија“ во Скопје, при што еден пожарникар се здобил со повреди, а две противпожарни возила биле оштетени. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот по што ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50Мицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаСДСМ: Платформата на Мицкоски против СДСМОва не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата.Зад затворените врати на хотел „Лимак“, под превезот на таканаречените „Chatham House правила“, група поранешни функционери на СДСМ, заедно со претставници на ЗНАМ и членови на други партии, организираше средба чија единствена цел е обид за слабеење и уривање на СДСМ. Ова не е реформска иницијатива. Ова е координирана операција за создавање на лажна опозиција која ќе ја држи СДСМ во состојба на постојана внатрешна криза, токму во моментот кога партијата се консолидираше по тешкиот пораз, до кој ја доведе токму оваа екипа која денеска се организатори на платформата. Во таа група се наоѓаат луѓе кои директно учествуваа во креирањето на катастрофалните изборни резултати во 2024 година - од шефот на изборниот штаб во Првата изборна единица, до идеолозите на програмата со која СДСМ беше тешко поразен. Кога партијата се најде во најтешка состојба, тие се повлекоа. Сега, кога СДСМ се опорави, истите тие се враќаат - не за да помогнат, туку за да ја нападнат однадвор, во координација со структури блиски до власта. Фактот што средбата се одржува зад затворени врати, без никаква транспарентност, а главниот фокус е внатрешен напад врз раководството на СДСМ, а не критика на политиките на Мицкоски, говори сам за себе. Ова не е борба за подобро СДСМ. Ова е обид за контролирана фрагментација на опозицијата. Учесниците во оваа иницијатива - дел од старата и новата УДБА, луѓе кои ја доведоа партијата до историски најниска поддршка, и кои сега соработуваат со ЗНАМ и други партии - не се реформатори. Тие се политички опортунисти кои, откако не успеаа да ја урнат СДСМ одвнатре, сега се обидуваат да го направат тоа однадвор, во сервис на истата власт против која наводно се борат. СДСМ нема да дозволи нејзината судбина да ја одлучуваат затворени состаноци во хотели, ниту пак луѓе кои ја напуштија партијата кога беше најтешко, а сега се враќаат како „спасители“. Вистинската консолидација на СДСМ се случува на терен, меѓу членството и со раководство кое ја презеде одговорноста во најтешкиот момент. Сè друго е само нова верзија на ЗНАМ - проект за слабеење на опозицијата во корист на националистичката власт. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter