Преку нова методологија за финансирање во образованието ќе се подобрува наставата - Канал 5

Преку нова методологија за финансирање во образованието ќе се подобрува наставата

Од 1-ви јануари следната година Министерството за Образование и Наука, заедно со УНИЦЕФ, Светска Банка, Швајцарската амбасада, ЗЕЛС и здружението ЗМАИ ќе воведе нова формула за финансирање на основните и средните училишта 

Преку нова методологија за финансирање во образованието ќе се подобрува наставата

Од 1-ви јануари следната година Министерството за Образование и Наука, заедно со УНИЦЕФ, Светска Банка, Швајцарската амбасада, ЗЕЛС и здружението ЗМАИ ќе воведе нова формула за финансирање на основните и средните училишта согласно нивните потреби – најави министерката за образование, Весна Јаневска. Јаневска оцени дека 90 проценти од средствата на училиштата се користат за плати и режиски трошоци, и затоа се потребни промени во методологијата за финансирањето.

-Во моментов 90% од средствата се користат за исплата на плати и режиски трошоци на училиштата, што е значително над просекот во ЕУ каде изнесува 70% . Блок дотациите растат, но најчесто само за да се покрие растот на платите, но не и за развој на училиштата и за подобрување на квалитетот на наставата.Очекувам во наредниот период силно влијание врз квалитетот на воспитно-образовниот процес со воведување на новата формула,- - Весна Јаневска.

Новата формула за финансирање на училиштата ќе биде составена од две компоненти – основна и променлива. Основната ќе го покрива стандардизираниот трошок по ученик на годишно ниво кој во основните училишта изнесува речиси 113 илјади денари, а во средните училишта таа сума изнесува 103 илјади денари. Променливата компонента, пак, ја сочинуваат трошоците за ученици со посебни образовни потреби, превоз и следење настава на турски, босански или српски јазик.

-Доколку на некоја општина според новата формула и биде пресметан понизок износ од тој што досега го добивала за основно образование, поради помал број на ученици, што се случува во моментот, тоа намалување не смее да надминува повеќе од 5% од вкупната блок дотација. Тоа ќе им даде на општините време и стимул да започнат или да ги забрзаат активностите за оптимизација на училишната мрежа која на долг рок ќе им донесе квалитетна реалокација, т.е. ќе располагаат со повеќе средства за модернизирање на наставата,- - Весна Јаневска.

Јаневска вели дека со усвојувањето на новите формули за финансирање на образованието се исполнуваат и обврските од Планот за раст на Западен Балкан, а со тоа за Македонија се отвараат нови фондови и поголема поддршка на земјава од страна на Европската Унија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Илјадници луѓе денес излегоа на улиците во 32 градови низ Португалија, барајќи итна акција од владата за решавање на влошената криза со домувањето во земјата.

Илјадници луѓе излегоа на улиците во Португалија: „Нема да ни ги украдете домовите“

Протестите беа организирани од платформата „Каса пара вивер“ (Дом за живеење) под слоганот „Тие нема да ни го украдат правото на дом“. Митинзите се одржаа во Лисабон, Порто, Фаро, Портимао, Коимбра, Брага и други градови.

Барање за контрола на киријата и поголема заштита на станарите

Демонстрантите бараат построга контрола на киријата, поголема заштита на станарите од иселувања и поголеми инвестиции во изградба на достапни јавни станови. Тие исто така бараат повлекување на предложените измени во законот за станови за изнајмување.

Рита Силва, портпаролка на платформата „Каса пара вивер“, изјави за новинската агенција Луса дека протестите низ целата земја покажуваат дека кризата со домувањето не ги погодува само големите градови, туку цела Португалија.

Платформата, која обединува околу 100 здруженија за домување и локални организации, исто така бара построги правила за договорите за изнајмување, празните имоти, краткорочните туристички изнајмувања и сузбивање на шпекулациите со имоти.

Владата предлага измени во законот за изнајмување

Протестите се случија откако парламентот во принцип го одобри предлогот на владата за измена на законот за изнајмување. Предложените измени би овозможиле поголема флексибилност во договорите за изнајмување и би ги забрзале процедурите за иселување.

Активистите за правата на домување предупредуваат дека промените би можеле дополнително да ја ослабат заштитата на закупците во време на зголемување на кириите и намалување на достапноста на станови.

Активистите го повикуваат премиерот на разговори

На националните протести им претходеше состанок меѓу португалскиот претседател Антонио Хозе Сегура и активистите за правата на домување во петокот.

Претставниците на платформата „Каса пара вивер“ го поздравија состанокот и го повикаа премиерот Луис Монтенегро лично да се вклучи во разговори со нивното движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Вечерва во Кочани родителите на жртвите во дискотеката „Пулс“ го одржаа 51-от Марш за ангелите.

51. Марш на ангелите во Кочани: Маршираме за сите невини жртви  во трагедиите што ја завија Македонија во црно

Во дел од своите обраќања порачаа дека денеска освен за 63-те ангели кои загинаа во дискотеката, маршираат и за сите невини жртви што ја завиле Македонија во црно, како трагедиите во модуларната болница, Ласкарци, автобусот на Беса Транс. Им оддадоа почит и на жените и девојките чии животи како што посочија, насилно биле прекинати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисија

Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф.

Зеленски: Путин сака да окупира украински град под маската на хуманитарна мисија

Предлогот на рускиот претседател Владимир Путин за воспоставување привремена „хуманитарна мисија“ во Костјантинивка во источна Украина е всушност план руските сили да влезат во градот и да го окупираат, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски, додавајќи дека таков потег ќе ѝ овозможи на Москва понатамошно напредување кон Краматорск, објави „The Kiev Independent“.

„Примитивен потег за окупирање на градот“

„Ова е сосема примитивен потег бидејќи не може да го заземе овој град на кој било друг начин“, им рече Зеленски на новинарите. Според него, прекинот на огнот ќе им овозможи на руските трупи да се прераспоредат на поповолни позиции во самата Костјантинивка и нејзината околина.

Зеленски вели дека предлогот му го пренеле американските преговарачи. „Им го објаснив мојот став за Костјантинивка на американските преговарачи. Таму живеат само украински граѓани, а борбите се водат во самиот град“, рече тој. „Ми го донесоа овој предлог, а потоа рекоа: „Да, разбираме“, додаде Зеленски.

Предупредување за наплив кон Краматорск

Костјановка се наоѓа во регионот Донецк, каде што се водат жестоки борби, и претставува голема пречка за руските напори да го заземат остатокот од регионот. Затоа контролата врз градот е воен и дипломатски приоритет за Москва.

Зеленски нагласи дека Украина направила сè што е можно за да ги евакуира цивилите од областа. „Ако ја предадеме Костјантинивка, нивните следни чекори ќе бидат нашите други градови во Донбас“, рече тој.

Според Зеленски, украинската страна им дала на Американците список од седум или осум блокирани населби каде што сè уште се присутни цивили, вклучително и деца, како што е селото во близина на Олешки. Тој нагласи дека Русија не предложила хуманитарна операција за ниту едно од овие места. „Зошто? Затоа што по Костјантинивка доаѓаат Краматорск и Славјанск“, заклучи тој.

Ситуацијата на терен

Путин го даде својот предлог на 12 ноември во Москва, за време на состанокот со американските специјални пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф, додека борбите продолжуваат во Костјантинивка. Украина ги отфрли руските тврдења дека Москва го контролира градот. Главниот штаб на украинската армија објави дека нејзините сили сè уште дејствуваат против руските пешадиски групи кои се обидуваат да влезат во градот.

Советникот на украинскиот претседател, Дмитро Литвин, ги доведе во прашање мотивите на Москва. Тој потсети на претходната руска понуда за хуманитарна операција во Олешки, во Херсонската област, која, како што тврди, служела за ротација на трупите и доведување дополнителен персонал во областа под маската на привремен прекин на огнот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер