Преку ноќ се распадна една од најдобрите кошаркарски екипи во Европа - Канал 5

Преку ноќ се распадна една од најдобрите кошаркарски екипи во Европа

Руската инвазија на Украина значително ќе се одрази на целокупната ситуација во Европа.

Преку ноќ се распадна една од најдобрите кошаркарски екипи во Европа

Веќе почна да се менува спортската мапа на светот, па една од најдобрите кошаркарски тимови во Европа, познатата ЦСКА од Москва, преку ноќ се распадна поради егзодусот на играчите.

ЦСКА во четврток треба да го одигра својот натпревар од Евролигата на неутрален терен, но ситуацијата е се полоша, па под знак прашалник е дали тој натпревар ќе се одигра. Впрочем, прашање е дали некој ќе игра бидејќи играчите по инвазијата масовно ја напуштаат Русија.

Меѓу првите играчи кои си заминаа беше Торнике Шенгелија, кој изјави дека не може да игра за рускиот клуб и се врати во Шпанија со своето семејство, а по него и Литванецот Мариса Григонис, Германецот Јоханес Фојгтман и Американецот Вил Клибурн.

Последен кој го напушти клубот беше Данецот Иф Лундберг, кој на социјалните мрежи изјави дека веќе е во Данска со семејството. Околу 20 европски земји го затворија својот воздушен простор за авионите кои доаѓаат од Русија, што значително го отежнува излегувањето од земјата. Евролигата се уште не го одложила натпреварот помеѓу ЦСКА и Реал, но се верува дека одлуката е само прашање на време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски денеска ги прими младите ракометарки од училишната екипа „АСТРА“ при ООУ „Тихомир Милошевски“, кои остварија извонреден успех на Спортските игри за млади - „Плазма“, освојувајќи го првото

Mладите ракометарки од Ѓорче Петров најдобри во Македонија ќе настапат на меѓународното „Pлазма“ финале во Сплит

Со овој резултат, младите спортистки од Ѓорче Петров се изборија за учество на меѓународното финале во Сплит, каде што ќе ја претставуваат Македонија и ќе се натпреваруваат со свои врсници од земјите од регионот.

На средбата, градоначалникот им честиташе на ракометарките за постигнатиот успех и им посака успешен настап на претстојното меѓународно натпреварување.

-Овие девојки се најдобри во Македонија и се вистинска гордост за Ѓорче Петров. Зад нивниот успех стојат многу труд, дисциплина, спортски дух и посветеност. Убеден сум дека достоинствено ќе ги бранат боите на своето училиште, нашата општина и Македонија и на меѓународното финале во Сплит. Општина Ѓорче Петров ќе продолжи силно да ги поддржува младите, училишниот спорт и создавањето услови за нови генерации шампиони - рече Стојкоски на средбата.

Посебни честитки беа упатени и до наставничката и ментор Мирјана Гошевска, како и до сите наставници, тренери и родители кои со својата поддршка придонесуваат за развојот и успесите на младите спортисти.

Спортските игри за млади „Плазма“ претставуваат една од најголемите аматерски спортски манифестации за деца и млади во регионот, а пласманот на ракометарките од Ѓорче Петров на меѓународното финале е уште една потврда за квалитетот и потенцијалот на младите спортисти од општината.

Општина Ѓорче Петров останува посветена на континуирано вложување во спортската инфраструктура, училишниот спорт и поддршката на младите таленти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонски уметник и хуманист Цветин изработи 35 метарска мироцветна патека

Живко Поповски – Цветин, македонски уметник и хуманист, изработи 35 метарска мироцветна патека по повод три и пол децении македонска независност. 

Македонски уметник и хуманист Цветин изработи 35 метарска мироцветна патека

Оваа цветна патека, според него, претставува Симбол на мирољубивиот македонски народ и сите народности кои живеат во Македонија.

„Во сите овие триесет и пет години, како македонски народ, покажавме и докажавме дека чекориме по цветната патека на мирот. Ние сме мирољубив народ, кој создава дополнителна вредност, се грижи за своето утре, кроток по природа. Нека ни е честито одбележувањето на независноста и да славиме уште многу вакви јубилејни денови. Оваа патека ја посветувам на граѓаните на Македонија со апел да продолжат да се грижат и да работат на остварување на мир во светот“, вели Поповски – Цветин.

Мироцветната патека ќе се промовира на улица „Македонија“, во училишта, здруженија на граѓани, на промоции на книги и други настани, секако проследена со поезија, песна и музика.

Живко Поповски – Цветин е уметник сликар и хуманист и кандидат за Нобеловата награда за мир. Во македонската и пошироката светска јавност е познат и почитуван по неговата хумана акција – мисијата Цвеќето на мирот. Во Македонија и во странство има реализирано повеќе од 300 изложби. Во изминатите години творештво тој подарил повеќе од 70.000 слики, кои се наоѓаат во домовите на претседатели на држави, парламентарци, уметници, поети, музичари, спортисти и на многу институции и поединци кои зрачат со позитивна енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 години

Повеќето луѓе го проверуваат своето здравје еднаш годишно преку рутински лекарски прегледи. Но, ваквите прегледи даваат само моментална слика за состојбата на организмот.

47-годишен професор ја намалил својата биолошка возраст на 32 години

Ново истражување од National University of Singapore (NUS Medicine), во кое професорот Дин Хо бил и самиот учесник, нуди поинаков поглед на здравјето и долговечноста.

Студијата, наречена DELTA, се заснова на идејата дека секој човек има сопствена биолошка основа која постојано се менува во зависност од возраста, стресот, спиењето, исхраната и физичката активност.

За да ги следи промените во организмот во реално време, 47-годишниот професор значително го променил својот животен стил. Неговиот режим вклучувал пост од околу 20 часа дневно, повремени 48-часовни пости, 90 минути кардио или вежби со отпор секое утро, како и медитерански начин на исхрана со зелен лиснат зеленчук, семки, маслиново масло и немасни протеини.

Според податоците објавени во списанието PLOS ONE, систем со вештачка интелигенција, специјално развиен за истражувањето, проценил дека биолошката возраст на професорот е 32 години, односно 15 години помалку од неговата хронолошка возраст.

Истражувачите следеле и други промени. Времето потребно неговиот организам да премине од користење глукоза кон масти како главен извор на енергија се намалило од 24 на 16,5 часа. Пулсот во мирување се намалил од 65 на 46 отчукувања во минута, додека времетраењето на спиењето се зголемило од 5 на 8 часа. Подобрена била и разновидноста и состојбата на цревниот микробиом.

„Здравјето е континуирана приказна, а не само една моментална слика“, вели професорот Дин Хо.

Истражувачите се надеваат дека DELTA ќе помогне луѓето да се оддалечат од универзалните здравствени рутини и наместо тоа да го приспособат својот животен стил според континуирани и персонализирани здравствени податоци.

ФОТО: instagram/thedeanh

Извор: medscriptum

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер