Преку ноќ еден тинејџер „порасна“ за 13 сантиметри

Еден тинејџер порасна преку ноќ за неверојатни 12, 7 сантиметри, благодарејќи и на операцијата со која му бил исправен рбетот.


14 годишниот Харви Лег пател од сколиоза , односно крив рбетен столб , искривувањето на рбетот било толку сериозно што можело да ги згмечи виталните органи на овој тинејџер.

По лекарските прегледи во Детската болница во Шефилд ,лекарите утврдиле дека е потребна операција на рбетот кај 14 годишниот Лег.

По хируршкиот зафат младото момче 2порасна “ за 12,7 сантиметри буквално преку ноќ, а искривувањето на рбетот е намелено од 90 на само 20 степени.
По успешната операција во Шефилд неговата мајка Клер Вокер изјави :
„ Многу ми е убаво кога го гледам вака висок. Кога ги видов снимките од рендген пред и по операцијата , не можев на поверувам. Лекарите направија одлична работа.
При операцијата во рбетниот столб на Харви била вградена титаниумска шина.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер