Преку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела Вода - Канал 5

Преку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела Вода

Станува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода.

Преку едукативна боенка најмладите ќе учат за знаменитостите на Општина Кисела Вода

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска во детската градинка „8 Март“ во населбата Расадник присуствуваше на промоцијата на новата едукативна детска боенка посветена на најубавите и најзначајните катчиња во општината.

Станува збор за креативен проект преку кој најмладите жители ќе можат да ги запознаат најважните градби и знаменитости во Кисела Вода. На страниците на оваа боенка се илустрирани голем број препознатливи локалитети, меѓу кои излетничкото место Три Круши, Домот на културата, Паркот на шахот, рекреативниот центар Пеленица и многу други значајни места за општината.

Боенката е изработена по иницијатива на градоначалничката од страна на Одделението за предучилишно воспитание при Општина Кисела Вода, а ќе им биде поделена на сите дечиња од големите групи во сите детски градинки на територијата на општината.

-Целта на оваа иницијатива е од најрана возраст да им ги доближиме на децата убавините, знаменитостите и културата на нашата Кисела Вода. Преку боењето на овие локалитети тие не само што ја развиваат својата креативност и моторика, туку и учат да го сакаат своето родно место. Голема благодарност до Одделението за предучилишно воспитание кое ја преточи оваа идеја во прекрасно дело. Нашата грижа и вложување во најмладите остануваат наш врвен приоритет- изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

 Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.

Митева: На 16 август уште еден голем настан во Струмица за 35 години независност

Пионерите на транс музиката, диџеите Пол Ван Дајк и Пол Окенфолд, ќе настапат во Струмица на 16 август во Градскиот парк, како дел од манифестацијата „35 години независност на Македонија“ која започнува на празникот 2 август-Илинден во Битола, а завршува на денот на независноста, 8 септември во Скопје.

Настанот ќе биде од отворен карактер и со слободен влез, соопшти портпаролката на владата Марија Митева.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри – уверува минситерот за дигитализација Стефан Андоновски.

Андоновски: Нема да се уништува животната средина за да се градат дата-центри

Според него, се размислува дата-центрите да бидат лоцирани во технолошко-индустриските развојни зони, на места каде што веќе има постоечки фабрики

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Системот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пик

Системот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во привременото суспендирање на собирањето биометриски податоци на оптоварените гранични премини во пикот на летниот период, велат од Европската комисија. 

Системот за влез и излез од Шенген зоната ќе продолжи со флексибилност во текот на летниот пик

Сепак, засега нема дефинитивен одговор дали оваа флексибилност ќе продолжи и после септември.

-Сегашните правила веќе вклучуваат некои вградени флексибилности и резервни процедури, за решавање на исклучителни ситуации. Значи, ова вклучува можност во некои случаи привремено да се суспендира регистрацијата на биометриски податоци во случај на, повторно, исклучителни околности во текот на летото. Значи, сега сме во близок и конструктивен контакт со тие земји-членки, оние кои можеби исто така се осврнале на некои загрижености, за да видиме каде се предизвиците на одредени гранични премини,- -Гијом Мерсие, портпарол на Европската комисија .

Во меѓувреме, во екот на летните одмори, официјалната статистичка канцеларија на Европската Унија – Евростат објави извештај за 2025та година со процентот на граѓани во ЕУ земјите кои не можат да си дозволат да отпатуваат на еднонеделен годишен одмор надвор од дома.

На врвот на листата се Романија со дури 61,4% на жители а по неа следат жителите на популарната туристичка дестинација - Грција со 46,6 %, додека третото место го делат граѓаните на соседна Бугарија но и Унгарија со 39,1% од нивните жители. Најмал процент на граѓани кои не можат да си дозволат годишен одмор се бележи во Луксембург со 10,6 проценти.

Последните статистики на Евростат на оваа тема за Македонија се од 2024та кога 48% од македонски граѓани биле во неможност да си дозволат еднонеделен годишен одмор. Сепак, во последните 10 години овој процент бележи континуиран пад, односно во 2016та тој изнесувал 65,3% од жителите на државава.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер